• Latest

Му требаат ли дописници на македонското новинарство?

January 24, 2017
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното доближување до Путин

October 7, 2025
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Во тек се преговори за прекин на огнот во Газа, додека Израел одбележува годишнина од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври

October 7, 2025

„Една песна, една Европа“: Кога музиката ги брише границите меѓу ЕУ и Западен Балкан

October 7, 2025
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Му требаат ли дописници на македонското новинарство?

January 24, 2017 15:37
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Менде Петковски“ е единствената награда во Македонија, којашто 12 години на некој начин го валоризираше трудот на новинарите од внатрешноста. Фактот што „Дневник“, во месец кога вообичаено се доделува, не го распишал ни конкурсот за оваа награда, ја разбранува јавноста и ги отвори дилемите: „Дневник“ ќе ја прекине наградата или, сепак, ќе најде сили за поддршка на македонските дописници?

Пишува: Моника Талеска

Семејството на починатиот, истакнат новинар-дописник од Битола, Менде Петковски во чија чест „Дневник“ ја востанови оваа награда, се огласи со реакции, дури и со иницијатива да ја преземе наградата. Дописниците бурно реагираат и предлагаат, ЗНМ да ја доделува наградата. Од „Дневник“ се без дециден одговор што натаму, дури и не размислувале на оваа тема, поради тековните проблеми, со кои долго време се соочува овој дневен весник, како дел од компанијата Медиа Принт Македонија. И ова е за оправдување, ако се има предвид фактот, дека дописниците, не само на „Дневник“, туку на МПМ, од август не добиле ни денар хонорар. Поточно јулскиот хонорар го добија во декември, со 5 месечно задоцнување, откако ССМ реагираше со опомена пред тужба. Од десетина, верни на дописничката работа, што ќе рече повеќе храбри да продолжат да работат и без хонорар, останаа само двајца.
Платите на вработените се исплаќаат со задоцнување, работното место на многу новинари во дневните весници на компанијата „МПМ“ виси на конец. Впрочем, вработените во „Утрински весник“ го кренаа гласот и бараа правда за сите.
И не е само наградата „Менде Петковски“, и не е само „Дневник“ и издавачката компанија „МПМ“. Телевизија „Телма“ драстично го редуцираше списокот на свои соработници од внатрешноста. Телевизија „24 Вести“, исто така функционира со мал број дописници. А, барем до неодамна, месечните хонорари беа на ниво на хонорар еден прилог во пристоен медиум. Ова особено поради фактот што сега новинарите треба да бидат „момци за сѐ!“. За да се зачува или „заработи“ местото – дописник во Македонија, за најголем број медиуми, треба да се биде баш „сезнајко“: новинар, снимател, монтажер, возач… Паралелно, треба дописникот да се „прости“ пред време од семејството, да расчисти со својата приватност, зашто работно време – нема, нема одмори, нема празници, нема ден и ноќ… Новинар-дописник значи „питач“ по информации, со ранецот на рамо!
И што е уште побитно, тоа го прават со самоинвестиција, без субвенции од државата. Сами купуваат камери, вложуваат во лаптопи, возила – пристојни за да не изгинат по патиштата, сами си ги плаќаат трошоците за амортизација на опремата, возилото, а „гратис“ им доаѓа студот во зима, пеколните горештини во лето, непроспиените ноќи, стресот на домашните при читање на „оффот“, при монтажа на прилозите, откажувањето на низа средби со своите пријатели, кои за да им останат пријатели, мора да имаат безрезервна доверба, зашто, дописниците и не знаат кога воопшто ќе имаат слободно време за нив…!!!
Згора, да не говориме дека професионалните дописници, кои за жал, малку ги има, одамна се во костец со средината во којашто живеат. На прес-конференциите само тие се „црни овци“, кои и натаму имаат дигнитет да се изборат, макар и само со прашање, за вистината! Зашто, во средина каде што „сите се познаваат меѓу себе“, тешко е да се задржат пријателските релации со претставниците на институциите и со поединци, кога се трага по вистината и се следи истражувачкото новинарство!
Висината на хонорарот што го добиваат дописниците е приказна, сама по себе. Хонорарите се симболични и ако новинарот не одлучи „ да биде нечиј сервис“, за да опстане, принуден е да работи за повеќе медиуми, за да состави минимална плата со која себе си ќе си обезбеди егзистенцијата!
И после сѐ, во време кога македонското новинарство му го препушти тронот на квазиновинарството, на партиските полтрони кои простете, но не се ни толку писмени за да состават просечен состав по македонски јазик во средно училиште, кога партиските портали го поплавија интернетот, новинарите-дописници, кои прифатија сѐ, ама баш сѐ, само да го зачуваат дигнитетот во професијата, им остана еднаш во годината можноста да се соберат, дружат и да ја имаат можноста да аплицираат за дописничката награда „Менде Петковски“, која што „Дневник“ одлучи – од 2005 -та, годината на неговото упокојување – да ја доделува од родниот град на истакнатиот дописник, Петковски.
Оправдани се реакциите на дописниците, затоа што тие се „последните Мохиканци“ на македонското новинарство. Остаа мартири на перото, правдата и вистината, хроничари на времето во локални рамки, виртуози во репортерската работа, луѓе кои имаат сенс и кои продуцираат прекрасни приказни, кои низ годините се наоѓаа на насловните страници на странските медиуми.
И сега, „Дневник“ нема идеја како натаму со наградата! Но, третманот на дописничката награда, всушност, само го отсликува статусот на дописникот во македонското новинарство. Како никогаш порано, денес дописниците се турнати на маргините! И тоа е разбирливо ако таму ги ситуираат политичарите, бизнисмените, центрите на моќ кои од лукративни интереси бараат да се „отарасат“ од трагачите по вистината. И тогаш не боли, толку!
Но, зарем последниот камен за да ги „дотолчат“, ќе го фрлат колегите?

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БитолаДневникдописничка наградаЗНММенде Петковскиновинари
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ