• Latest

Случај Мирчевски, Канал 5: Груба инструментализација на телевизијата, притисок врз судот, едностраност, говор на омраза и лажни наративи

June 4, 2024
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Случај Мирчевски, Канал 5: Груба инструментализација на телевизијата, притисок врз судот, едностраност, говор на омраза и лажни наративи

June 4, 2024 12:34
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Манипулативен прилог на Канал 5 во обид да се врши притисок врз судот, веднаш по завршување на судското рочиште по тужбата на Канал 5 и управителот Иван Мирчевски против Џабир Дерала и ЦИВИЛ на 17 мај 2024 година. По завршување на судското рочиште на кое сведочеа Исмет Рамадани и новинарот Алаксандар Видиновски, пред судот изјави дадоа адвокатот на Канал 5 во постапката, Даниел Ѓеорѓиевски, директорот Мирчевски и новинарот Видиновски. Но затоа ТВ камерата не пропушти да го зумира тужениот, без притоа да му побара изјава.

Во судница тужат, а надвор од неа и му пресудуваат на Џабир Дерала!

Како тоа? Нормално, во знак на „професионалното новинарство и слободата на изразување“ новинарот на Канал 5 не побара изјава од Дерала, Рамадани и адвокатката Сандра Гавриловска, туку само фатија неколку видео инсерти како излегуваат од судот. И… Си дадоа изјава самите на себе.

Се работи за чиста злоупотреба и инструментализација на целата телевизија за да се манипулира јавноста и да се изврши притисок врз судот, со еднострано, тенденциозно и манипулативно известување.  

Да потстетиме. Канал 5 и директорот Иван Мирчески, го тужат главниот уредник на медиумската платформа на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, за навреда, клевета и говор на омраза поради колумната со наслов „ИНЦИДЕНТ ВО „САМО ВИСТИНА“ НА КАНАЛ 5: Само уште една неславна епизода во дејствувањето на антидемократските инсталации. Колумната е е напишана по повод крајно непрофесионалниот, противзаконски и неетичен вербален напад од Мирчевски кон реномираниот интелектуалец и експерт Исмет Рамадани, при што грубо го избрка од студиото и ја прекина емисијата „Само вистина“.

„Александар Николовски те молам да ја прекинеш емисијата поради тоа што ова не личи на ништо“, нареди Мирчевски (9:10 – 9:16), меѓутоа остана дилемата дали со лапсусот што го направи мислеше на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ или на новинарот во студиото?

Дерала е тужен од Мирчевски бидејќи во текстот меѓудругото пишува:

„Незнаење, простотилак, грубијанство и насилништво се главните карактеристики на актот на директорот на ТВ Канал 5 кој изврши дрзок и непримерен упад во емисијата „Само вистина“ и буквално (!) го избрка гостинот од студиото – угледниот интелектуалец и експерт, Исмет Рамадани. Неговиот дивјачки и навредлив настап беше преполн со омраза и презир, а со флоскулите за меѓуетничките односи успеа само да ги открие своите длабоко националистички позиции.

Тоа е истата телевизија чиј газда му рече на шефот на вмровската пропагандна машинерија, Мартин Протуѓер, дека има намера да ја исклучи струјата во телевизијата, само за да не се емитува емисија што не е по мерката на режимот. Со тоа, газдата на Канал 5, да потсетиме, отиде подалеку дури и од шефот на агитпропот Протуѓер кој сугерираше „поблага“ диверзија – да се пушти емисијата, но со лош тон и со пречки.

Протагонистот на дивјачкиот напад на Рамадани е тој што во 2018 година, во име на телевизијата, се извини во име на телевизијата, правдајќи се дека било режим и дека му биле одземени ингеренциите (!?) за професионално и одговорно известување“, пишува Дерала.

Мирчевски (веднаш по колумната на Дерала објавена на 2 ноември 2023 година) на својот LinkedIn профил напиша: Ова ми е шести текст денес и веќе немем „сила“. Дури и Убавата Захариева не ме мотивирала како ботовите на власта. Еве уште еден текст за еден лик… се одѕива на име Дерала… Џабир Дерала… и ќе попие тужба од нас, заедно со неговиот ментор М.З.“.

Колку ли поттикнување говор на омраза и клевета има во оваа реченица: „Дури и Убавата Захариева не ме мотивирала како ботовите на власта“?

Бројни се примерите во кои Мирчевски го напаѓа Џабир Дерала со чисти лаги и клевети, но и закани и поттикнување говор на омраза.

Мирчевски изгледа како да е опседнат со Дерала. 

На пример:

„Џабир Дерала, дали си свесен дека поддржуваш замолчување на професионалното новинарство кое според Устав е загарантирано? Се гледаме на суд…“

Дека таквиот начин на комуникација во јавноста со кој Мирчевски кој го инструментализира Фејсбук профилот на телевизијата во која е директор, поттикнува говор на омраза, кажува и следниот пример:

„Дамир (мисли на Џабир, но за писменоста не коментираме) ќе им се фатите на и на новинарот и на директорот копилиња ни едни шиптарски“, коментира извесен профил „Тања Костовска“.

„Мислам дека треба Џабир да го викнете во Само вистина“, пишува  профилот „Васко Курајчи Јосифовски“, по што некој (може лесно да се погоди кој) во името на Канал 5 (!) му реплицира:

„Јас ги барам и него и ЗНМ и другите „лижавчиња„ да се појават со мене каде сакаат… ама бегаат. Еве Канал 77 ме викаат, ама сето кукавици. Ку ку, ку ку… и оној Арсим Зеколи. Сите до еден… ама ништо од „лижавчињата“.

Во моментов е недостапна оваа Фејсбук објава на Канал 5 во која имаше стотици коментари со говор на омраза по етничка основа.

Прилогот на Канал 5 за тужбата против Џабир Дерала и ЦИВИЛ, на социјалните мрежи предизвика говор на омраза, лаги и клевети.

Извесен профил мОрбан на Х го објави прилогот на Канал 5 додавајќи коментар: „Повеќекратно осудуваниот креатор на лажни вести и сдсмовска перјаница Џабир Мемеди, кој во јавноста лажно се претставува како Дерала – борец за вистина и човекови права, се соочува со мирисот на ходниците за правда. На удар е и пералната на пари и печуркара на портали наречена Цивил“.

По оваа објава следат низа коментари со говор на омраза и закани.

Ова е само еден мал дел од кампањата што ја води директорот на ТВ Канал 5, Иван Мирчевски против Џабир Дерала, со лаги, клевети, говор на омраза и закани, злоупотребувајќи ја притоа и целата телевизија и дел од вработените, а најмногу од сè – ја манипулира јавноста и врши притисок врз судот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ