• Latest

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

June 13, 2024
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

June 13, 2024 18:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преспанскиот договор е многу повеќе од само договор за името. Тоа е договор за стратешко партнерство. Столбот на грчките обврски од Преспанскиот договор е поддршка за НАТО и европската интеграција. Владата која што доаѓа нема никаква обврска, никаква одговорност по однос на Преспанскиот договор. Тие не го изгласале, не го поддржувале, меѓутоа имаат обврска да го почитуваат. Тоа е државнички однос, порача денеска министерот за надворешни работи и актуелниот претседавач на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Бујар Османи.

Османи, денеска одговорајќи на новинарски прашања во врска со Преспанскиот договор, по заедничката прес-конференција со идниот претседавач на Процесот, во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи, потврди дека имал состанок со заменик министерката за надворешни работи на Грција на билатерално ниво, а утринава имал и телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис.

-Со Герапетритис разговаравме за посветеноста на двете држави не само за имплементација на договорите, туку и поддршката што официјална Атина ја дава на евроатлантската интеграција, односно европската интеграција на Северна Македонија. Имавме добар, конструктивен разговор во кој што разменивме ставови дека е многу важна регионалната соработка, добрососедските односи, продолжување на секторската соработка и ставот дека сепак Преспанскиот договор е многу повеќе од само договор за името. Тоа, се разбира е стожерот, но е договор за стратешко партнерство. Денес Грција го контролира нашето небо како дел од аранжманот преку НАТО заедно со Италија, рече Османи.

Тој додаде дека разговарале и за останатите обврски кои двете држави ги имаат по однос на Преспанскиот договор и изразиле надеж дека и понатаму ќе продолжи продлабочувањето на стратешкото партнерство, преку подобра регионална доверба.

Османи изрази надеж дека владата која што доаѓа исто така ќе ги почитува обврските од меѓународните договори на реципрочна основа.

Според Османи, не е коректна констатацијата дека Грција нема исполнето ништо од Преспанскиот договор. Како што подвлече, столбот на грчките обврски од Преспанскиот договор е поддршка за НАТО и европската интеграција. Тој е на ставот дека Северна Македонија денеска е членка на НАТО, заради тоа што Грција ја исполни својата обврска од Преспанскиот договор.

Тоа, посочи, е суштината на грчката обврска, додека протоколите се прашања кои се останати во нивниот Парламент, како што е останат нашиот Закон за МАНУ, Закон за МРТ и други прашања поврзани со имплементација на името.

-Ние разговараме за тие аспекти. Тие да ги поминат своите закони, ние да ги поминеме нашите закони, но суштината двете страни ја имаат исполнето, Грција – евроаталтската интеграција, Северна Македонија – прашањето на уставните измени и имплементација на името. За мене како претставник на Влада ми е важно дека двете страни суштинските аспекти од Преспанскиот договор ги имаат исполнето, и се надевам дека и останатите обврски ќе ги почитуваат и тие не смеат да бидат пречка за имплементација на договорот за стратешко партнерство, рече Османи.

Тој порача оти се надева дека во добра атмосфера ќе се имплементираат и последните обврски кои се останати во двата Парламента.

Османи посочи дека во собранијата на двете држави, двете влади ќе работат за потикнување на консензус за усвојување на тие закони. Меѓутоа, овие останати прашања не смеат да ни бидат на прва линија во односите на Грција.

-Ние сме членка на НАТО заради грчката поддршка и ЕУ. Тоа ако се загрози, тогаш ќе биде сериозно кршење на обврската на Грција на Преспанскиот договор и би имало сериозна реакција, рече Османи.

Прашан дали постои можна најава за идно вето од страна на Грција, Османи одговори дека не постои таква можност и дека двете страни изразија надеж оти ќе се почитуваат обврските.

На новинарско прашање што би се случило доколку идниот премиер продолжи да не го користи уставното име, Османи рече дека според најавите, не очекува да има прекршување на договорот.

-Не би сакал да прејудицирам, ќе чекаме недела дена, ќе видиме. Според најавите, не очекувам дека ќе има прекршување. Се разбира, не е објаснување дека говорно ќе се спомене друго име, а пишано другото име. Нема такво објаснување во меѓународното право, но очекувам дека е тоа само транзиција за да се подготви јавноста. Ние охрабруваме да се почитува Преспанскот договор. Тие немаат никаква обврска, никаква одговорност по однос на Преспанскиот договор, не го изгласале, не го поддржувале, меѓутоа имаат обврска да го почитуваат. Тоа е државнички однос, додаде Османи.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бујар ОсманиГрцијапреспански договор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ