• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Србија кај Лајчак инсистира на формирање на Заедницата; Отворањето на мостот на Ибар поддржано и од Албанците и од Србите; Мнозинството го смени деловникот на албанското Собрание за да ја казни опозицијата

June 20, 2024

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Србија кај Лајчак инсистира на формирање на Заедницата; Отворањето на мостот на Ибар поддржано и од Албанците и од Србите; Мнозинството го смени деловникот на албанското Собрание за да ја казни опозицијата

June 20, 2024 09:59
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претставникот на Европската унија за преговорите Косово-Србија, Мирослав Лајчак, во средата во Белград се сретна со српските лидери, на која Србија инсистира на формирање на Заедницата во Косово, јавуваат косовските медиуми.

Одлуката отворањето на мостот над Ибар во април 2023 година,  сè уште не е спроведена, а  граѓаните Албанци  и мнозинството српски граѓани го поддржуваат отворањето, пишуваат медиумите во Косово.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТК- Состаноци на Лајчак, Србија инсистира на формирање на Заедницата

Претставникот на Европската унија за преговорите Косово-Србија, Мирослав Лајчак, во средата во Белград се сретна со српските лидери.

По средбата со српскиот претседател, емисарот Лајчак на социјалните мрежи напиша дека имал отворена дискусија со Александар Вучиќ за актуелната ситуација во дијалогот.

„Се договоривме за следните чекори за наредниот период“, напиша тој, пренесе РТК.

РТВ 21: Албанските граѓани и мнозинството српски граѓани го поддржуваат отворањето на мостот на Ибар

Отворањето на мостот на Ибар со денови стана централна тема на Косово, иако европските претставници велат дека тоа треба да се врати како прашање во дијалогот меѓу Косово и Србија. Граѓаните Албанци од Јужна и Северна Митровица, отворањето на мостот го сметаат за неопходно. И српските граѓани го поддржуваат отворањето на мостот, иако мал дел од нив продолжуваат да се противат.

Познавачите на политичките и безбедносните прашања во Митровица оценуваат дека отворањето на мостот треба да се направи во координација со меѓународниот фактор.

Прашањето за мостот над Ибар доби зголемено внимание по одлуката на Собранието на општина Северна Митровица да го отвори во април 2023 година, одлука која сè уште не е спроведена. Меѓународниот фактор бара секоја одлука за мостот да биде донесена во рамките на дијалогот Косово-Србија.

Главниот мост на реката Ибар од 1999 година ја дели Митровица на јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел, населен со српско мнозинство, пренесува РТВ 21.

Косоварја: Каталонската партија во Шпанија во вторник ќе го  испрати  до парламентот барањето за признавање на Косово

Пратеничката група на каталонската партија „Јунтс“ планира следната недела на пленарната седница на шпанскиот Конгрес да гласа за незаконски предлог со кој бара од шпанската влада да се побара да го признае Косово како суверена држава.

Иницијативата, за која ќе се расправа следниот вторник, тврди дека Косово е „правна и демократска држава со околу 1,7 милиони жители“, која е призната како независна држава од над 100 земји, вклучително и 22 членки на ЕУ, пренесува Косоварја.

АЛБАНИЈА

Албеу: Мнозинството го смени деловникот на Собранието за да ја казни опозицијата, Уставниот суд  укинува дел од важните членови

Уставниот суд денеска делумно го прифати барањето за новиот пропис на Собранието што го изгласа мнозинството.

Уставниот суд го разгледа предметот со цел укинување на одредбите од Правилникот на Собранието на Албанија, изменет со одлука бр. 126/2023 на Собранието на Албанија.

Со тоа судот ја укина точката со која пратениците се исклучуваат на 30 дена кога применуваат насилство врз други пратеници и таа останува во сила 10 дена, пренесува Албеу.

КОЛУМНА

Панорама: „Колку повеќе закони, толку покорумпирана е државата“

Цела мрежа закони, бескрајни иницијативи, изјави на политичари од двете страни, но зошто на крајот Албанците се корумпирани?

Ненаситноста не познава граници, додека празниот и луксузен живот на слој без реални придонеси го тресе албанското општество, надополнето на недостигот на јавна транспарентност, недостигот на верба во религијата и пред се злоупотребата на концептите на демократија, додека „најупорните “ од конформизам, потчинување на авторитет и обид да се идентификуваат со група во овие општествени  бранувања. Недостигот на казни ги прави корумпираните и нивните незауздани животи во декадентен луксуз, во „модели“ за денешното општество, пишува авторот Бен Андони во колумната „Колку повеќе закони, толку покорумпирана е државата“, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ