• Latest

СДСМ, внатрепартиски избори: Деспотовски ја претстави програмата „Нов почеток, нов СДСМ“ во Гостивар и Тетово

June 22, 2024

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ, внатрепартиски избори: Деспотовски ја претстави програмата „Нов почеток, нов СДСМ“ во Гостивар и Тетово

June 22, 2024 14:46
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Враќање на внатрепартиската демократија со директен избор на општински раководства и ефикасна интерна комуникација на општинските организации и централата, како и прекин на влијанијата на централата во Скопје особено во поставување кадровски решенија, бараа членовите во Тетово и Гостивар на средбите со кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. Ова се и постулатите на програмата Нов почеток, нов СДСМ на Деспотовски со која се предвидува ериозна реформа на партијата со цел да се врати интегритетот и местото во општеството кое и припаѓа.

„Секаде каде што одиме во овие две недели се гледа голема енергија. Желба и потреба за промени. Бранот е покренат и нема да запре. Овие избори се шанса да ги промениме работите од внатре. Враќањето на моќта кај луѓето, зајакнувањето на општинските организации во процесите на одлучување се основа на нашиот нов пристап. Одлуките треба да ја одразуваат волјата на нашите членови, а не интересите на неколкумина“, рече Деспотовски.

Тој нагласи дека на средбите со членовите низ државата се гледа сериозен бран на незадоволство.

„Гневот и незадоволството од состојбите во партијата се сериозни и изразени. Тоа се манифестира и преку активно учество во процесот, но имате и начин на манифестирање преку бојкот на се што се случува внатре. Луѓето едноставно велат се додека тие луѓе се во таа зграда, јас не влегувам и не учествувам во ништо. Затоа начинот на којшто беше поставен Димитар Ковачевски во 2021 не смее да ни се повтори. На сите им е јасно дека процесот беше се, само не демократски отворен. Малтене го зема за рака и го седна. Против тоа ќе се борам и се борам“, истакна Деспотовски и додаде дека „сметката од таквата „кадровска политика“ ја плативме сега на изборите, и не, немаме луксуз такво нешто да ни се повтори.“

На средбите беа поднесени повеќе предлози во однос на комуникација со општинските организации и централата за да се надмине сегашната состојба и тие ќе бидат вклучени во завршната верзија на програмата Нов почеток, Нов СДСМ. Меѓу другото ќе се воведе пракса еднаш месечно средбите на партиското раководство да се организираат во различен град каде ќе биде поканета и општинската организација.

„Ја зајакнуваме отвореноста на СДСМ. Мора да ги научиме лекциите од минатото кога функционерите се отуѓуваа од луѓето што ги бираат. Нема „криење“ од јавноста, од пријателите и соседите. Јавната или партиска функција не смее да не менува“, нагласи Деспотовски.

Tags: внатрепартиски избориДеспотовскилидерПрограмаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ