• Latest

По 16 години власт ДУИ оди во опозиција – Што сега?

June 24, 2024

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

По 16 години власт ДУИ оди во опозиција – Што сега?

June 24, 2024 13:46
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По 16 години непрекинатa власт, Демократската унија за интеграција (ДУИ) за прв пат оди во опозиција. Овој нов развој на настаните во домашната политика отвора многу прашања за иднината на партијата и нејзиното влијание врз политичката сцена во земјата.

ДУИ, предводена од Али Ахмети, била клучна сила во владите во земјата од нејзиното формирање во 2002 година, по потпишувањето на Охридскиот договор,  во овие години беше коалициски партнер на речиси сите главни македонски партии.

Причините за одење во опозиција

Оваа партија, која со право ја доби титулата „кинг мејкер“ на владите во државата, поради поддршката и политичките маневри од 2008 година е дел од  различни влади, онаа на Никола Груевски, Зоран Заев и на Димитар Ковачевски.

Но, од 2020 година токму Зоран Заев прв ја започна кампањата за ДУИ во опозиција, која пропадна поради недоволниот број на пратеници што ги доби на изборите во 2020 година и неопходноста да коалицира со ДУИ. А веќе две години, кон оваа кампања се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ, која во своите јавни настапи постојано го обвинуваше СДСМ дека е втор партнер во Владата, или дека  државата се „дуизира“.

По последните парламентарни избори, ДУИ, која го формираше и таканаречениот „Европски фронт“, не успеа да го обезбеди посакуваниот број пратеници или повеќе од 20 пратеници како што посакуваа за да ја спречи партијата ВМРО-ДПМНЕ да земе друга партија во власт. Ова дојде како резултат на зголемената поддршка за албанската коалиција ВЛЕН како и ветувањата за длабоки реформи од нивна страна, кои привлекоа дел од електоратот разочаран од статус квото, како и губењето на коалициските капацитети на ДУИ.

Последиците за ДУИ

Одењето во опозиција е голем предизвик за ДУИ. По 16 години на власт, партијата мора да научи да функционира во нов политички амбиент. За некои ова е можност за освежување на внатрешните структури и редефинирање на приоритетите на партијата. Од една страна, Али Ахмети, лидерот на ДУИ, може да се соочи со внатрешни притисоци да направи промени и да се осврне на критиките акумулирани низ годините, а од друга страна, ќе биде тешко да се одржи обединета коалицијата Европскиот фронт од 9 политички партии и неколку етнички заедници, што дополнително може да предизвикува политички земјотрес во самата партија.

Влијанието врз политичкиот живот во земјата

Владата за прв пат по многу години нема да има претставници на ДУИ во своите редови, што може да донесе нова динамика во меѓуетничките односи и во одлучувањето на владата, особено кога оваа партија тврди дека победила на изборите кај условно кажано албанскиот табор, и има целосен легитимитет да ги застапува Албанците. Овој наратив во 2006 година, кога иако победија на изборите, не беа дел од власта, им даде силни причини да дојдат фуриозно на власт во 2008 година како голема политичка сила.

Според познавачите на политичките околности партиите на власт, особено ВЛЕН, преку добро владеење и стручен кадар, мора да покажат дека се способни да го срушат овој наратив и да покажат знаци на единство во нивната коалиција за да можат да ја добијат народна поддршка, особено на локалните избори  кои се очекува да бидат следната година.

Што ни носи иднината?

Со ДУИ во опозиција, Северна Македонија влегува во нова фаза од својот политички развој. За ДУИ ова е момент на рефлектирање и престројување. За земјата, тоа е можност да види дали владата без ДУИ може да ги испорача промените и подобрувањата што ги бараат гласачите. Времето ќе покаже дали овој нов период ќе донесе постојана стабилност или ќе го отвори патот за нови политички и општествени предизвици.

Назми Абдурахмани

 

 

Tags: Али АхметиДУИСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ