• Latest

Шкариќ: Претседателот на државата не смее по втор пат да го прекрши Уставот!

January 30, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шкариќ: Претседателот на државата не смее по втор пат да го прекрши Уставот!

January 30, 2017 13:51
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Претседателот на државата, првиот пат го прекрши Уставот со тоа што го дал мандатот на член на партија, којашто нема парламентарно мнозинство. Ако го даде мандатот на втор член од истата партија, тогаш тој по втор пат ќе го прекрши Уставот и заслужува импичмент“, дециден е професорот д-р Светомир Шкариќ, експерт по Уставно право, којшто беше гостин на трибината што ЦИВИЛ-Центар за слобода ја организираше минатата недела, отворајќи ги актуелните прашања во однос на темата: „Македонија во правно и политичко лимбо“.

Според професорот д-р Шкариќ, претседателот на државата има модераторска улога, тој треба да го даде својот придонес во процесот на формирање влада, со тоа што ќе разговара, ќе ги повикува во кабинетот легислативните партии и така ќе го формира своето мислење. Дури потоа, мандатот ќе го даде на член на партија или партии кои имаат парламентарно мнозинство.

Коментирајќи ја актуелната ситуација (тогаш само како хипотеза), што ќе се случува доколку првиот мандатар (Никола Груевски) не успее да формира влада, д-р Шкариќ се повика на член 90 од Уставот на Република Македонија.

„Во Уставот, во член 90 стои дека претседателот е должен да го даде мандатот на член на партија, кандидат на партија или партии, на коалиција на партии, кои може да обезбедат парламентарно мнозинство од 61 пратенички мандат.  И, во моментот кога се дава мандатот тоа мнозинство треба да биде обезбедено, а не во процес од 20 дена. Па потоа, да се даде на втор и трет мандатар. Тоа што е направено во 1992 година е кршење на Уставот. Ако нема параламентарно мнозинство, претседателот тогаш ја известува јавноста, Собранието, нацијата…, дека треба да се решава проблемот и да се донесуваат одлуки во зависност од надлежностите. Тоа е доказ дека постојниот пратенички состав од легислативните партии и коалиции не е способен да формира влада, значи, нема ни легитимитет да управува. Тоа е доказ дека не може да владее, затоа треба да се бара решение да се оди на нови избори“, категоричен е професорот Шкариќ.

Што се однесува до веројатноста за евентуална оставка на претседателот Ѓорге Иванов, како би го спречил доделувањето на мандатот на следниот мандатар (Зоран Заев, лидер на СДСМ, партија која има 49 мандати)  професор д-р Шкариќ имаше толкување:

„Доколку претседателот не сака да го даде мандатот натаму, или поднесе оставка, тогаш тоа мнозинство има легитимитет да се состане во Собранието, со обезбеден 61 глас од своите редови, да го избере претседателот на Собранието и веднаш да формира влада“, дециден е д-р Шкариќ.

М. Талеска

Tags: IvanovГруевскиЗаевимпичментмандатУставШкариќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ