• Latest

Регионалниот центар на ЗНМ бара да се расветли нападот врз новинарот Милошески

January 30, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Регионалниот центар на ЗНМ бара да се расветли нападот врз новинарот Милошески

January 30, 2017 14:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Регионалната канцеларија на Здружението на новинари на Македонија за Прилеп и Битола, ги повикува надлежните институции што поскоро да го расветлат случајот (од пред четири дена), кога непознати сторители ја полиле со бензин и ја запалиле гражата на новинарот Зоран Милошески од Прилеп, сопственик на порталот „Публикум“ , дописник на неделникот „Фокус“ и соработник на порталот „Слободна Македонија“.

„Расветлувањето на нападот ќе ја реши дилемата дали нападот е поврзан со работата на Милошески како новинар или се работи за изолиран инцидент. Полицијата и Обвинителството при расветлување на настанот мора да ги имаат предвид и укажувањата на новинарот дека и претходно бил изложен на закани и притисоци од локални моќници. Брзото решавање на нападите и острото санкционирање на насилниците ќе придонесе да се намали бранот на насилство врз новинарите“, реагираат од канцеларијата на ЗНМ

Еснафската организација потсетува дека државните институции имаат обврска да обезбедат нормални услови за работа на новинарите.

Инаку, непознат сторител, половина час пред полноќ на 25-ти јануари 2017, истурил запалива течност пред гаражата на новинарот Милошески. За среќа, соседот веднаш го забележал распламтениот оган, случајот го пријавил во полиција, и сам го изгаснал огнот. Милошески, како што изјави,  се соочува со притисоци и закани во работата поради критичкиот пристап во своите текстови.

М. Талеска

Tags: ЗНММилошескиобвинителствополицијаПрилепПритисокРегионална канцеларија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ