• Latest

ЗНАМ ќе излезе од Влада ако се истакнува албанското знеме, од ВЛЕН и Европски фронт му порачаа на Димитриевски да излезе од предизборната кампања

July 2, 2024
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ЗНАМ ќе излезе од Влада ако се истакнува албанското знеме, од ВЛЕН и Европски фронт му порачаа на Димитриевски да излезе од предизборната кампања

July 2, 2024 20:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата предводена од Христијан Мицкоски почнаа несогласувањата помеѓу владините партнери ЗНАМ и коалицијата Вреди.

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, на поткастот на Канал 5, се закани дека ќе излезат од Владата ако албанското знаме остане како декор во владините кабинети на министрите Албанци од Вреди,

„Ова е само ДУИ-наратив што продолжува во континуитет. Ако продолжи таквиот однос, непочитување, таквото однесување, нема да бидеме дел од Владата. Нормално дека ќе излеземе. Нема да дозволувам како лидер на нова политичка партија да ни се случуваат вакви нешта со кои се покажува елементарно непочитување на државата и на македонскиот народ“, рече Димитриевски.

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами кој е дел од коалицијата Вреди, истакна дека не е Димитриевски тој кој одредува кога и како ќе се користи националното знаме.

„Посакуваме коалицискиот партнер, во случајов претседателот на ЗНАМ, да излезе од предизборната реторика и да разбере дека сега сме дел од власта и мора да работиме за доброто на граѓаните. Ние како граѓани Албанци на оваа држава ги почитуваме и поддржуваме граѓаните на македонската заедница во заштитата на нивниот идентитет, а истото го очекуваме и од македонските граѓани да ги поддржат Албанците во заштитата на нивниот идентитет, националното знаме е важен сегмент од ова“, рече Касами при промоција на реконструкцијата на локалниот пат што води кон тетовското село Стримница.

На изјавата на Димитриевски реагираше и Кренар Лога, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, кој е дел од колацицијата Европски фронт, кој истакна дека никој не може да им забрани на Албанците да го користат нивното национално знаме.

„Димитриевски може да дозволи или да забрани знамиња во неговиот приватен дом. Владата е дом на сите граѓани на Северна Македонија, а следствено и на 1/3 од вкупното население, во овој случај Албанците. Сите заедници може да го користат своето знаме, а кои се дел од преамбулата на оваа држава, како турското, бошњачкото, влашкото, ромското, египетското итн. Државното знаме на Северна Македонија е почитувано од сите и затоа сите треба да ги почитуваат соодветните симболи. Таканаречениот српски етноцентризам се појавува како црн облак над нашата земја, и е лош знак, затоа запрете ги експериментите врз државата која секој ден сè повеќе се обидувате да ја поделите и разедините. Засукајте ги ракавите и работете за иднината на оваа земја, доста со постизборна кампања“, вели Лога, кој е дел од Европскиот фронт.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ