• Latest

Југохромци го блокираа патот Скопје – Тетово!

January 31, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Југохромци го блокираа патот Скопје – Тетово!

January 31, 2017 17:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 400, од вкупно 700 вработени во комбинатот „Југохром“ од Јегуновце, денеска го блокираа патот Скопје – Тетово кај патната рампа Желино, во знак на протест поради неизвесноста за својата работна иднина. Тие со двочасовна блокада на патот го манифестираа револтот од одлуката на Државниот инспекторат за  животна средина, со која е продолжена забраната за работа на компанијата и во наредните три месеци.

„Бараме повлекување на забраната, затоа што стравуваме дека и по одлука на Инспекторатот, ќе можеме да си го зачуваме работното место во фабриката. Од ноември наваму, откако е затворена компанијата, ни се исплаќа 70 отсто плата, но тоа не може до недоглед. Ќе бараме повторно средба со премиерот Емил Димитриев. Сите 700 вработени се грижат за егзистенцијата на своите семејства. Ако ние останеме без работа, практично, нема опстанок и за нас и за нашите најблиски“, вели Бајрам Амити, претседател на Синдикатот на „Југохром“, со надеж дека сепак, ќе се реши нивниот статус, дека фирмата ќе продолжи со работа, а паралелно ќе тече и постапката за изградба на филтри против аерозагадување.

Синдикатот на „Југохром“ утре ќе се сретне со директорот на компанијата Васко Скендеровски за изнаоѓање заедничко решение.

М. Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Југохром“Бајрам АмитиблокадаДржавен инспекторат за животна срединаекологијазагадувањеПротестсиндикат
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result