• Latest

Постизборен извештај на ЦИВИЛ: Двесте шокантни страници!

February 1, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Постизборен извештај на ЦИВИЛ: Двесте шокантни страници!

February 1, 2017 12:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Н.Е. д-р Кристине Д. Алтхаузер, aмбасадорка на Сојузна Република Германија ќе одржи воведен говор на промоцијата на публикацијата „Избори 2016: Финален извештај од долгорочното набљудување на политичкиот процес и предвремените парламентарни избори во Република Македонија“, во издание на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Промоцијата ќе се одржи утре, четврток, 2 февруари, во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион), со почеток во 12:30 часот.

На поканата на ЦИВИЛ веќе се одѕваа сите авторки и автори во публикацијата, голем број експерти кои беа гости на настаните на ЦИВИЛ во изминатиот период, медиуми, претставници на меѓународната заедница и политичките партии. Поканата е отворена, влезот е слободен – како и секогаш. По презентацијата, предвиден е и пригоден коктел.

Во овој шокантен извештај, на 200 страници, се откриваат детали од мониторингот на изборниот процес и на политичките состојби во Република Македонија во текот на целата 2016 година. Во подготовката на овој извештај учествуваше целиот проектен тим на ЦИВИЛ и тимот на експерти, составен од д-р Сашо Орданоски, Александар Новакоски, Сандра Гавриловска, Драган Зелиќ (ГОНГ, Хрватска), Хедер Роберсон Гастон (САД).

Џабир Дерала, Синиша Станковиќ, Петрит Сарачини, Моника Талеска, Горан Наумовски, Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Маја Ивановска, Ермин Климента и низа други членови на проектниот тим на ЦИВИЛ низ своите извештаи, анализи и осврти ја претставуваат реалноста на Македонија, фактите какви што се, без шминки и заобиколувања.

Како документ, оваа публикација, исто така, ќе послужи како важна препорака и извор на информации за граѓанското општество, за политичките партии и за меѓународната заедница, во рамките на напорите за создавање на услови за слободни избори и во иднина.

Овој настан е заокружување на проектот НАПРЕД!, поддржан со германски средства при Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, спроведен во периодот од 1-ви јануари 2016 до 31-ви јануари 2017 година. Проектот НАПРЕД! обезбеди долгорочен мониторинг на политичкиот процес и на предвремените парламентари избори во Република Македонија

Tags: Александар Новакоскидолгорочен мониторингДраган ЗелиќКристине АлтхаузерНапред!проектен тимСандра ГавриловскаСашо Орданоскитим на експертифинален извештајХедер Роберсон Гастон
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ