Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 878 ден од целосната руска воена агресија на Х напиша дека треба да се отстранат ограничувањата за Украина да може да ги уништи сите носачи на воздушни бомби кои продолжуваат да паѓаат на детски болници, игралишта, станбени згради, енергетски објекти…
878.Детски болници и игралишта, станбени згради, енергетски објекти продолжуваат да бидат мети на ракетите на рф, која исто така користи 3.500 воздушни бомби месечно. Украина мора да ги уништи сите носачи на воздушни бомби. Ограничувањата треба да се отстранат. #RussiaIsATerroristState, напиша Дир.
878.Детски болници и игралишта, станбени згради, енергетски објекти продолжуваат да бидат мети на ракетите на рф, која исто така користи 3.500 воздушни бомби месечно.
🇺🇦мора да ги уништи сите носачи на воздушни бомби.
Ограничувањата треба да се отстранат.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/BBYbLjOM8p— Larysa Dir (@dir_larysa) July 20, 2024
Драган Мишев