• Latest
Илустрација подготвена со AI gencraft

Јовановиќ: Мицкоски треба да го покаже договорот за заем од Унгарија и да каже дали во приказната е некако вмешан поранешниот премиер и сегашен осуденик Груевски

July 22, 2024

Проф. Роман Шеремета со добро прашање: Кому не му е потребна сала за балови за да се чувствува безбедно?

April 29, 2026
Џабир Дерала и д-р Георги Станков во подкастот „Коридор 8“ - во живо, 28 април 2026 (скриншот)

Џабир Дерала во „Коридор 8“: Кремљ токму тоа го сака – Северна Македонија никогаш да не влезе во Европската Унија

April 29, 2026

Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

April 28, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

April 28, 2026

Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

April 28, 2026

Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

April 28, 2026

Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

April 28, 2026

Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

April 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џабир Дерала и д-р Георги Станков во подкастот „Коридор 8“ - во живо, 28 април 2026 (скриншот)

    Џабир Дерала во „Коридор 8“: Кремљ токму тоа го сака – Северна Македонија никогаш да не влезе во Европската Унија

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Јовановиќ: Мицкоски треба да го покаже договорот за заем од Унгарија и да каже дали во приказната е некако вмешан поранешниот премиер и сегашен осуденик Груевски

July 22, 2024 16:36
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Илустрација подготвена со AI gencraft

Илустрација подготвена со AI gencraft

Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА ТАНЕСКА

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА и Градска.мк

Во четврток ребалансот на Буџетот ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет, а треба да биде усвоен најдоцна до првата недела од август. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата на Комисијата е закажана во 11 часот.

Ребалансот беше усвоен на владина седница во вторникот, а во средата на прес-конференција во Владата го образложи министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска, главна карактеристика е зголемениот дефицит, повеќе пари за пензионерите и општините, се крати од здравство и студентите.

Растот на БДП е ревидиран од првично планираниот 3,4 проценти на 2,1 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 3,5 проценти. Во втората половина на годината се очекува забавување на растот на инфлацијата, односно стабилизирање на цените на храната и енергенсите, како и поумерен притисок од базичната инфлација.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 318 милијарди 150 милиони денари и бележат зголемување за 8 милијарди и 22 милиони денари, додека расходите се проектирани на ниво од 362 милијарди 816 милиони денари, односно на расходна страна има зголемување од 19 милијарди 178 милиони денари. Повеќе пари за пензионерите и општините, се крати од здравство и студентите.

Освен зголемениот дефицит во Буџетот, државата од месецов ќе биде позадолжена за дополнителни педесетина милиони евра кои ќе бидат обезбедени преку издавање на државна обврзница,  која Министерството за финансии ја издало на 11 јули, а рокот за доспевање е 11 јули 2039 година и 15 години.

Токму на оваа тема, околу буџетот и проекциите на македонската економија предводена од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, разговараме со професорот од Виенскиот институт, Бранимир Јовановиќ.

-Мојот впечаток е дека Владата не знае што прави во моментов, и не знае што да прави во наредниот период. Ако ја погледнете и изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и програмата за работа на Владата, тие се копии на програмите од времето на Никола Груевски, со тоа што оттогаш се поминати 18 години и многу работи се сменети.

Повторно оперираат со термини како регулаторна гилотина (нели веќе ја спроведоа?), намалување даноци (можат ли да се намалат даноците уште повеќе?), флексибилизација на пазарот на труд (друг термин за кратење работнички права), отстапување работници од јавниот сектор на приватниот (ако некој сака да замине во приватна фирма, зарем може државата да го спречи во тоа?). А нема ништо за справување со сиромаштијата, за подобрување на животниот стандард, за надминување на структурните проблеми во економијата, за нов економски модел. Барем претходната Влада на СДСМ знаеше што сака да прави во економската сфера – зголемување на платите, зголемување на социјалната помош, некаква редистрибуција од богатите кон сиромашните.

Владата пред таа, предводена од ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше некаков план (колку и да беа погрешни тие работи) – кратење даноци, кратење работнички права, ниски плати, привлекување странски инвестиции, мала улога на државата во економијата. Новава влада како да не знае што сака да прави, и тоа е она што најмногу ме загрижува во целата ситуација. Затоа што кога некој не знае што сака да прави, тој обично прави глупости, а цехот за глупостите во политиката секогаш го плаќаат граѓаните, вели Јовановиќ.

Загрижувачки е Јавниот долг, вакво зголемување имаше само за време на пандемијата

Според Јовановиќ, Буџетот секогаш е расипнички и мегаломански кога сте во опозиција, а развоен и добро скроен кога сте на власт. Тоа е така затоа што кога сте во опозиција, буџетот служи за да ја напаѓате власта по секоја цена, а кога сте на власт, тој служи за да се фалите како правите сè за да ја средите државата.

-Но и покрај тоа, мислам дека овој ребаланс е доста загрижувачки. Јавниот долг се проектира да надмине 68% од БДП на крајот на годината, што е зголемување од 10 процентни поени од нивото од првиот квартал (58% од БДП). Толкаво зголемување имало само еднаш во државата – за време на пандемијата, со тоа што тогаш знаевме за што се задолжуваме, а сега не знаеме ништо. Друг многу загрижувачки индикатор е што средствата од државниот буџет кои се плаќаат како камати на јавниот долг се предвидуваат да достигнат скоро 300 милиони евра оваа година, што е повеќе отколку што државата издвојува за справување со сиромаштијата., вели тој.

Јовановиќ потсетува на  ребалансот на Буџетот кој бил направен во  2017 година со тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски, при претходната смена на власта, кога беа скрати буџетските расходи за 50 милиони евра, односно 2% од тогашниот буџет, а исто така и дефицитот.

-Сметавме дека и тоа не е доволно, ама сепак сакавме да испратиме важна порака – дека ќе ги кратиме непродуктивните трошоци и ќе се однесуваме одговорно кон јавните финансии. Новава влада уште со првиот ребаланс ги зголемува и расходите, и дефицитот и долгот, па можеме да замислиме што ќе се случи со наредниот буџет, кој ќе биде под нивна целосна контрола, додава тој.

Јовановиќ појаснува дека и не е зачуден бидејќи нивната програма е целосно нереална и е заснована на повисоки расходи, а помали даноци, што неминовно води до раст на долгот. Освен тоа, додава тој,  тие се познати по растот на јавниот долг – за време на претходниот мандат, го дуплираа долгот од околу 25% од БДП кога дојдоа на власт, на околу 50% кога си заминаа.

-Се плашам дека историјата ни се повторува, овој пат како трагедија, заклучува Јовановиќ.

Нови министерства, нови трошоци

На прашањето дали формирањето нови министерства носи нови трошоци во Буџетот, како и линеарното зголемување на пензиите?, Јовановиќ појаснува дека ова несомнено носи сериозни импликации на Буџетот.

-Отворањето нови министерства носи нови трошоци за раководните лица во тие министерства, за сите нови вработени (кои уште не знаеме колку ќе бидат, но сигурно ќе ги има), за реорганизација и селење, за нови простории и инвентар, и многу други работи, вели тој.

Како што додава исто така и зголемувањето на пензиите од  2.500 денари (иако беа ветувани 5.000)  носи трошок од  околу 14 милиони евра месечно.

-Но овие трошоци сепак не се доволни да го објаснат огромниот раст на расходите со овој ребаланс. Растот на пензиите вкупно чини околу 40 милиони евра, а буџетот е зголемен за 300 милиони евра. И тоа е проблемот со овој буџет, што владата се расфрла со народните пари. Расходите растат енормно, а никој не знае за што. Да станува збор за градење некоја нова болница, средување училишта, некоја хидроцентрала, некој театар, помагање на сиромашните… нема да има никаков проблем. Ама ништо од ова нема во овој ребаланс, а буџетот сепак е зголемен за 300 милиони евра, вели Јовановиќ.

Дали Владата размислува што прави со заемот од Унгарија?

Иако Мицкоски уште во предизборието најавуваше кредитната линија од Унгарија, како финансиски спас, прво се преполови, од една милијарда евра стана 500 милиони евра, но и тие некако доцнат па Владата се задолжи во форма на државни обврзници со над 48 милиони евра. Околу овој заем Јовановиќ вели дека има многу прашања, кои треба да ги одговори Мицкоски.

-Заемот од Унгарија отвори многу прашања, на кои сè уште чекаме одговор од премиерот Мицкоски. Каде може да се види целиот договор за заемот, со сите услови и клаузули? Ако заемот е толку поволен, зошто Унгарија би ни го дала, кога и самата не е позната како земја која плива во пари? Зошто земаме заем баш од Унгарија, а не, на пример, од Германија? Дали во приказната фигурира некако најпознатиот Македонец во Унгарија, поранешниот премиер и сегашен осуденик Груевски?

Дали Владата размислила околу последиците од ваквото зближување со Унгарија во моментов, што мислат останатите ЕУ членки околу тоа, и како тоа може да влијае на нашите евроинтеграции? Дали Владата воопшто знае што прави, затоа што два месеца најавуваше задолжување од една милијарда и на крај испаднаа 500 милиони? Дали Владата знае зошто воопшто го зема овој заем, затоа што за помагање на фирмите, веќе постојат поповолни кредитни линии во државата, а за инфраструктурни проекти во општините не постојат ни проекти?, прашува Јовановиќ.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА и Градска.мк
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Џабир Дерала во „Коридор 8“: Кремљ токму тоа го сака – Северна Македонија никогаш да не влезе во Европската Унија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • До пазарот и назад

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ