• Latest

Јовановиќ за ЦИВИЛ: Владата не знае што прави сега, и не знае што да прави во наредниот период

July 23, 2024

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Јовановиќ за ЦИВИЛ: Владата не знае што прави сега, и не знае што да прави во наредниот период

July 23, 2024 20:00
in ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Мојот впечаток е дека Владата не знае што прави во моментов, и не знае што да прави во наредниот период. Ако ја погледнете и изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и програмата за работа на Владата, тие се копии на програмите од времето на Никола Груевски, со тоа што оттогаш се поминати 18 години и многу работи се сменети, вели професорот од Виенскиот институт, Бранимир Јовановиќ, во интервју за ЦИВИЛ.

Јовановиќ, во интервјуто ги опфати аспектите, односно економските предизвици кои ни претстојат во наредниот период, особено со најавените мерки и политики од новата влада, односно премиерот Мицкоски.

Повторно оперираат со термини како регулаторна гилотина (нели веќе ја спроведоа?), намалување даноци (можат ли да се намалат даноците уште повеќе?), флексибилизација на пазарот на труд (друг термин за кратење работнички права), отстапување работници од јавниот сектор на приватниот (ако некој сака да замине во приватна фирма, зарем може државата да го спречи во тоа?), посочува Јовановиќ.

Тој направи споредба  со справувањето со економските предизвици, помеѓу минатата влада и сегашнава.

„А нема ништо за справување со сиромаштијата, за подобрување на животниот стандард, за надминување на структурните проблеми во економијата, за нов економски модел. Барем претходната Влада на СДСМ знаеше што сака да прави во економската сфера – зголемување на платите, зголемување на социјалната помош, некаква редистрибуција од богатите кон сиромашните.

Владата пред таа, предводена од ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше некаков план (колку и да беа погрешни тие работи) – кратење даноци, кратење работнички права, ниски плати, привлекување странски инвестиции, мала улога на државата во економијата. Новава влада како да не знае што сака да прави, и тоа е она што најмногу ме загрижува во целата ситуација. Затоа што кога некој не знае што сака да прави, тој обично прави глупости, а цехот за глупостите во политиката секогаш го плаќаат граѓаните, вели Јовановиќ.

Загрижувачки е Јавниот долг, вакво зголемување имаше само за време на пандемијата

Според Јовановиќ, Буџетот секогаш е расипнички и мегаломански кога сте во опозиција, а развоен и добро скроен кога сте на власт. Тоа е така затоа што кога сте во опозиција, буџетот служи за да ја напаѓате власта по секоја цена, а кога сте на власт, тој служи за да се фалите како правите сè за да ја средите државата.

Што се однесува до најавениот ребаланс на буџетот, Јовановиќ е песимистичен и го нарече загрижувачки.

-Но и покрај тоа, мислам дека овој ребаланс е доста загрижувачки. Јавниот долг се проектира да надмине 68% од БДП на крајот на годината, што е зголемување од 10 процентни поени од нивото од првиот квартал (58% од БДП). Толкаво зголемување имало само еднаш во државата – за време на пандемијата, со тоа што тогаш знаевме за што се задолжуваме, а сега не знаеме ништо. Друг многу загрижувачки индикатор е што средствата од државниот буџет кои се плаќаат како камати на јавниот долг се предвидуваат да достигнат скоро 300 милиони евра оваа година, што е повеќе отколку што државата издвојува за справување со сиромаштијата., вели тој.

Јовановиќ потсетува на  ребалансот на Буџетот кој бил направен во  2017 година со тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски, при претходната смена на власта, кога беа скрати буџетските расходи за 50 милиони евра, односно 2% од тогашниот буџет, а исто така и дефицитот.

-Сметавме дека и тоа не е доволно, ама сепак сакавме да испратиме важна порака – дека ќе ги кратиме непродуктивните трошоци и ќе се однесуваме одговорно кон јавните финансии. Новава влада уште со првиот ребаланс ги зголемува и расходите, и дефицитот и долгот, па можеме да замислиме што ќе се случи со наредниот буџет, кој ќе биде под нивна целосна контрола, додава тој.

Јовановиќ појаснува дека и не е зачуден бидејќи нивната програма е целосно нереална и е заснована на повисоки расходи, а помали даноци, што неминовно води до раст на долгот. Освен тоа, додава тој,  тие се познати по растот на јавниот долг – за време на претходниот мандат, го дуплираа долгот од околу 25% од БДП кога дојдоа на власт, на околу 50% кога си заминаа.

-Се плашам дека историјата ни се повторува, овој пат како трагедија, заклучува Јовановиќ.

Д. Т.


Интервјуто е дел од анализата на Соња Танеска, која можете да ја проследите на  линкот во продолжение.

Јовановиќ: Мицкоски треба да го покаже договорот за заем од Унгарија и да каже дали во приказната е некако вмешан поранешниот премиер и сегашен осуденик Груевски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бранимир Јовановиќбуџетвладаекономијаинтервјуребаланс
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ