• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

СДСМ го обвинува МВР за организирано бегството на Рамадани, Мицкоски го повика ЈО да ги провери тврдењата, во препукувањето се вклучи и ДУИ

August 23, 2024
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари реагира на националистичките скандирања во Куманово: Овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, мора да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source> screenshot AP

Израелските сили убија најмалку 27 лица пред пункт за храна

August 4, 2025
Фото: ЦУК/Фејсбук

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

August 4, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ го обвинува МВР за организирано бегството на Рамадани, Мицкоски го повика ЈО да ги провери тврдењата, во препукувањето се вклучи и ДУИ

August 23, 2024 15:55
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ денеска, на прес конференција повторно како директни учесници во организирањето на бегството на поранешниот војник на ОВК ги посочуваат началникот на северната граница со Косово, Наим Рамука и уште едно лице вработено во Општина Чаир

На денешната прес-конференција, пратеникот Митко Трајчулески нагласи дека Мицкоски и Тошковски вчера одмолчеа на прашањата кои ги постави СДСМ за бегството на Блерим Рамадани.

Според Трајчулевски, Тошковски и МВР се скрија во глувчешка дупка бидејќи добро знаат дека информациите кои ги поседува СДСМ се точни и не може да ја скријат вистината за бегството на Рамадани.

Затоа, како што најавивме, денес ги објавуваме сите информации кои ги добивме од свиркачи по што бараме ОЈО да започне итна истрага. Истовремено, потребна е неотповиклива оставка од Тошковски и сите лица за кои имаме информации дека се вклучени во организација на бегството на Рамадани.

Како што објави Тарчулевски на вчерашната прес конференција, според информациите до кои дојде СДСМ, на 10.8. кога Блерим Рамадани требало да биде во куќен притвор, тој всушност веќе бил на Косово.

Согласно информациите со кои располагаат, за неговиот транспорт до Косово бил задолжен ни помалку ни повеќе, туку Началникот на северната граница со Косово, Наим Рамука. Човек кој е неодамна поставен на оваа позиција од Тошковски, кој со возило Рено, го земал Блерим Рамадани од живеалиштето каде бил во куќен притвор. Од таму се упатиле кон границата со Косово кај Блаце и во 18 часот и 40 минути, по лентата за товарен сообраќај, ја поминале границата без никаква контрола.

Наим Рамука, за потсетување, е истиот началник на Тошковски кој ги пропушти Гаши и сватовите да поминат без контрола на истата граница.

Потоа, вечерта на 10.8, на ист начин, без контрола Рамука и Рамадани ја поминуваат назад границата кон Македонија и Рамадани се враќа во живеалиштето каде требало да биде во куќен притвор.

Понатаму, четири дена подоцна, на 14.08, односно на денот кога Рамадани официјално ја напушта државата, преку границата го носи друго лице.

За транспорт, според Трајчулевски, овој пат со возило марка Фолксваген Пасат и скопски регистарски таблички, е задолжено лице вработено во општина Чаир како раководител. Неговиот идентитет нема да го откриеме и ќе почекаме тоа да го направи ОЈО.

Ова лице и Блерим Рамадани на границата со Блаце биле пропуштени од раководителот на смена без контрола, кој пак добил директна наредба да ги пропушти од погодете кој, Наим Рамука.

Раководителот од општина Чаир го носи и остава на Косово Блерим Рамадани и за многу кратко време се враќа назад и повторно ја поминува границата без никаков документ. Според информациите, тој немал ниту лична карта ниту пасош со себе, но по наредба бил пропуштен да помине назад.

Од СДСМ, за овој, како што велат, скандал од светски размери, прашуваат:

– Што правел Тошковски и полицијата додека со часови Рамадани бил надвор од државата? Како е тука виновен било кој друг освен МВР што криминалец баран со меѓународна потерница, се шета преку границата кога сака и како сака.

– Има ли поголем доказ дека ова е акција на МВР со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ за да се пушти Рамадани на слобода?

– Ќе молчи ли повторно Тошковски за неговата вмешаност во овој скандал? Ќе продолжи ли да го брани Наим Рамука кој очигледно ја има приватизирано границата за свои политички потреби со амин токму на Тошковски?

– Ќе има ли конечно одговорност или Мицкоски и Тошковски ќе продолжат да ја префрлаат вината на други?

СДСМ бара од ОЈО веднаш да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир и да истражи кој се учествувал во пуштањето на Рамадани и да се покренат постапки против сите.

Доколку ова не го направи ОЈО, ќе сметаме дека го штити МВР и Тошковски од одговорност, но и сите останати инволвирани во овој случај, вели Трајчулевски.

Понатаму, бараат Тошковски итно да поднесе оставка, а пред тоа да го направи, да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово почнувајќи од Наим Рамука кој се однесува како шериф на границата.

Секако, според пратеникот на СДСМ, Рамука ова не би го правел без амин од Тошковски, и затоа двајцата мора да заминат. Од СДСМ му порачуваат да не се обидуваат преку жртвени јагниња од пониските ешалони да ја покриваат својата одговорност.

Исто така, СДСМ бара итна и неoдложна одлука за декласификација на камерите и снимките од границата за јавноста да ги види и се увери во нашите информации.

Тие сметаат дека доколку ова не се направи, ќе биде јасно дека Тошковски сака да ја сокрие вистината. ОЈО и истражните органи, многу лесно може да ги проверат овие наводи преку камерите, но и граничниот систем за контрола на патници.

ПО обвинувањата од страна на СДСМ дека началникот на северната граница Наим Рамука и еден вработен од Општина Чаир се директните виновници за бегството на поранешниот војник на ОНА, Блерим Рамадани, премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика Јавното обвинителство да ги провери тврдењата на СДСМ дека бегството на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани на Косово е реализирано со помош на луѓе од државни институции, а тврдењата на СДСМ, според Мицкоски, се ноторна лага.

Добро е што конечно излегоа со тврдење. Го охрабрувам Јавното обвинителство уште денес да влезе, го повикувам јавниот обвинител кој е избран од СДС и ДУИ веднаш да влезе и да констатира фактичка состојба, а јас ви тврдам дека тоа што го изнесе пратеникот на СДСМ е ноторна лага, изјави Мицкоски по посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Доколку се утврди дека тврдењата на опозициската партија се точни, премиерот вели оти ќе следува одговорност, но доколку се докаже дека се неточни, тој го охрабрува раководството на Министерството за внатрешни работи да поднесе тужба за клевета и нарушување на углед.

Мораме на ваков начин да се заштитиме од ваквите лаги и конструкции. Чудно е што се конструираат вакви монструозни работи и практично тоа нас ни дава одговор со какви луѓе сме имале работа овие седум години кога тие сега од опозиција ова го конструираат. Практично, тие така и владееле, така функционирале, истакна Мицкоски.

Кон партиските препукувања околу бегството на Блерим Рамадани на релација СДСМ -ВМРО-ДПМНЕ, денес се приклучи и ДУИ.

Во реакцијата на ДУИ се посочува дека, џентлменот и претприемачот градител Изет Меџити, како што го нарекуваат поранешниот сопартиец, и д-р % Арбен Таравари, побрзаа  со пофални објави на нивните Фејсбук профили да ја преземат заслугата за „ослободувањето“ на поранешниот војник на ОВК. МВР и Обвинителството мора да ги викнат на распит и да одговараат за нивната улога во „ослободувањето“ на Рамазан!,

„Дали најконкретно Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши и Ќоку се согласуваат со ВМРО ДПМНЕ дека за бегството е одговорен судијата Пајазит Пајазити? Или пак, како сиот свет, сметаат дека е одговорно МВР? Како Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши, Ќоку ја коментираат одлуката на Врховниот суд со која се загрозуваат сите војници на Ослободителната војска на Косово да бидат екстрадирани во Србија? Недостигот на изборен легитимитет кој произлегува од волјата на народот те прави миленик на ВМРО, но те остава немоќен и не те прави ништо повеќе од слуга, слуга, без точка на достоинство“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Блерим РамаданиМВР. бегство од притворНаим РамукаПанче ТошковскиСДСМХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

    (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ