• Latest
Фото: МИА/архива

АНАЛИЗА: Инфлација во Македонија – дел од основните призводи и суровини поскапуваат, има ризици за ценовен притисок

August 27, 2024

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АНАЛИЗА: Инфлација во Македонија – дел од основните призводи и суровини поскапуваат, има ризици за ценовен притисок

August 27, 2024 11:07
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА/архива

Фото: МИА/архива

Share on FacebookShare on Twitter

Јулски пораст на цените на шеќерот, месото, маслото на светските берзи. Ценовно намалување кај млекото, млечните производи и житариците. Домашните финансиски институции очекуваат контролирана и намалена инфлација во 2024 година, но, сепак, засенета од ризици, пишува Порталб.мк.

Во маркетите и на зелените пазари се забележува ценовен раст кај производи што содржат шеќер, какао, потоа кај дел од млечните производи и безалкохолните пијалаци.

Цени на шеќер, месо, млеко, масло, житарици

Незначително, но, сепак, во јули забележано е мало намалување на Индексот на цените на храната што го мери ФАО – Светската организација за храна. Податоците на ФАО, кои се важни бидејќи даваат слика за цените на основните прехранбени производи и суровини за производство, претставуваат база и сигнал за ценовните движења и кај нас.

Новите податоци од ФАО покажуваат дека во јули раст на цените има кај месото, шеќерот и растителното масло (масло за готвење), додека намалување на цените има кај житариците и млечните производи.

Најголем пад има на цените на житариците. Во јули во споредба со јуни намалувањето изнесува 3,8 отсто, додека во однос на јули 2023 година, падот е 12 отсто. Намалувањето на цените главно е резултат на зголемена сезонска достапност на пченицата и зголеменото производство и големите залихи во земјите – најголеми производители и извозници, како Бразил и Аргентина. Цените на млекото и млечните производи во јули главно се непроменети во однос на јуни, но, во однос на јули 2023 година ФАО бележи значаен ценовен пораст за 7,2 проценти.

Цените на растителното масло (една од главните суровини во прехранбената индустрија) се во континуиран пораст. На месечно ниво, во јули во споредба со јуни,   индексот на цени на растителното масло е зголемен за 2,4 отсто, а ценовен пораст има и во однос на јули минатата година.

„Кај цените на растителното масло има второ, последователно, зголемување на највисоко ниво во последните една и пол година. Континуираното зголемување е одраз на зголемената глобална котација на маслата од палма, соја, сончоглед и семе од репка“, наведуваат од ФАО.

Цените на шеќерот, уште една важна суровина за производство, втор месец се со растечки тренд, но сепак значајно пониски – за 17,9 проценти во однос на јули 2023 година. Во однос на јуни, ценовниот индекс се зголемил за 0,7 отсто.

И цените на месото растат. Во јули во споредба со јуни индексот на цени на месото е зголемен за 1,2 проценти, додека во однос на јули лани ценовниот раст е за 0,8 отсто.

Инфлацијата сепак „ровари“ дома

Килограм домати од 69 денари па нагоре, килограм пиперки над 100 денари, килограм праски скоро 80 денари – летото заминува, но цените на овошјето и на зеленчукот (во сезонски зголемена понуда) во маркетите и зелените пазари останаа „жешки“. Забележително е дека поскапуваат производите кои содржат шеќер, како што се чоколадите и другите видови на благи кондиторски производи, а корекции има на цените кај дел од месото и месните производи.

Иако домашните институции како Министерството за финансии и Народната банка прогнозираат умерена инфлација што ќе гравитира околу 3 отсто, во секојдневието цените на основните прехранбени производи го тенчат стандардот.

Според статистиката во јули во споредба со јуни, трошоците на живот се зголемиле за 0,8 отсто, но, во споредба со јули лани – за 3 проценти. Најголем годишен ценовен раст има кај трошоците на живот за кафе, чај, какао за 8,7 отсто, потоа за безалкохолни пијалаци за 6,7 отсто, за шеќер, мед зголемувањето е за 5,6 проценти, додека трошоците за месото се зголемиле за 2 отсто. Млекото, сирењето, јајцата бележат раст од 2,8 проценти, а маслото 1,5 отсто.

Сите овие производи се дел од основната потрошувачка кошница која, според Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), во јули достигна 981 евро, односно 60.325 денари. Од оваа сума, само за храна и пијалаци се трошат 22.000 денари, што претставува 36,3 отсто од вкупната сума потребна да се истурка месецот. Според проценките на Народна банка, ценовниот притисок ќе олабавува, но сè уште има ризици.

„Ревизиите во однос на увозните цени се претежно надолни, но неизвесноста и нагорните ризици поврзани со идната динамика на цените на примарните производи на берзите поради геополитичките тензии и климатските промени сѐ уште постојат“, наведуваат од Народната банка.

Според новите проекции во ребалансираниот Буџет, годинава треба да заврши со стапка на инфлација од 3,5 проценти.

Tags: инфлацијаценовен притисок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ