ЗОРАН ИВАНОВ
Тоа вадењето, оправдувањата со билатерални спорови и бла, бла, е само шминка демек идентитетска, некаково правдање, фрлање прав само колку да не зачекориме на ЕУ патот и во таа насока премиерот како да се амбицирал да ја дисциплинира Вавилонката, да ја превоспитува и ако е воопшто тоа тогаш трудот џабе зашто таа и сега и историски, посебно спрема слабите и немоќните, ќе си остане карактерно истата па оттука, оваа негова ЕУ линија дефинитивно е македонска утка, од незнаење или со намера, патем, сето однесување со уставните и со почетокот на ЕУ преговорите наликува на второво затоа што, ако само малку се под разбистрат умовите поддржувачи на ваквата актуелност, тогаш јасно ќе се согледа дека нам не ни требаат никакви гаранции од никого, ниту сме веш машина, ниту електрична кујнска алатка туку народ со име и јазик, со традиција и култура и посебно е срамно да се бараат гаранции за идентитетот, зашто, кажано и во оваа една реченица, доколку навистина се остваруваат претпоставките на Мицкоски и неговите и доколку Бугарија постојано нешто мрмка и блокира во текот на нашите преговори, посебно за теми кои не се ЕУ теми како историја, учебници, јазик, идентитет и ако на таквите сега претпоставени бугарски хирови ЕУ би била само нем набљудувач, тогаш нам на располагање ни стојат две моќни алатки, односно ќе можеме во секој момент преговорите да ги замрзнеме и да ги прекинеме и затоа, теоријата на претпоставки дека Бугарија ќе нè уценувала на ЕУ патот, дека ќе нè блокирала и дека токму затоа преговорите ги ескивираме, воопшто не држи вода па, оттука, излегува како, сепак, да не е баш сè до гаранциите туку како и до нешто друго ќе да е.