„Мислам дека оваа година повеќе од кога било Берлинскиот процес покажа дека е корисен и носи вистински резултати во регионот. Зборуваме за деблокирањето на ЦЕФТА, зборуваме за усвојување на следната голема зделка на CERM за регионот“, изјави Војчех Ковалски, советник на директорот за Западен Балкан во Европската Комисија, на панелот „Евроинтеграции и Берлински процес“ на Форумот на граѓанското општество во Берлин.
„Берлинскиот процес не е креиран за проширување, мислам дека никогаш не бил наменет за проширување, туку е наменет за соработка со регионот и не може да биде за проширување затоа што проширувањето е работа на ЕУ што значи не само деветте земји членки плус Обединетото Кралство, туку за сите земји-членки, оваа одлука е донесена од сите земји-членки“, изјави Ковалски.
Сепак, според него, Берлинскиот Процес е тесно поврзан со проширувањето и дефинитивно може да го поддржи проширувањето.
„Клучната област како можеме да го направиме Берлинскиот процес и процесот на проширување по рационализиран како клучна област што треба да се разгледа, е регионалната соработка и заеднички регионален пазар. Проширувањето се заснова на три критериуми, политичкиот и административен критериум се само два од нив, третиот критериум е економскиот критериум и конвергенција. Во моментов сè уште имаме работа со регион каде што повеќето земји имаат БДП под 50% од просекот на ЕУ“, истакна Ковалски
Ковалски смета дека заедничкиот регионален пазар е еден од начините како еден регион може да напредува во економските критериуми и економскиот раст.
„Бидејќи создавањето на поголем пазар носи ветување за привлекување дополнителни надворешни инвестиции и исто така активирање на инвестициската мобилност во регионот“, истакна Ковалски.
А. М.