• Latest

Трошановски: Општеството има потреба да се задоволи правдата!

February 13, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трошановски: Општеството има потреба да се задоволи правдата!

February 13, 2017 13:19
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 9-ти февруари годинава, изминаа две години откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција ги емитуваше првите извадоци од снимените разговори, обзнанувајќи го досега најголемиот политички и криминален скандал на овие простори, аферата „Прислушување“. На оваа тема, ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија Социетас цивилис од Скопје.

Под притисок на домашната и меѓународната јавност, по долготрајни преговори, лидерите на четирите тогаш, најрелевантни партии на политичката сцена: владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата СДСМ, како репрезенти на македонскиот блок и ДУИ и ДПА од албанскиот блок, се формираше Специјалното јавно обвинителство. Ова Обвинителство требаше да ги расветли кривичните дела кои произлегуваат од аферата „Прислушување“. Но, и по две години и отворените 11 истражни постапки: „Титаник“, „Таргет“, „Тортура“, „ТНТ“, „Транспортер“, „Тврдина“, „Трезор“, „Топлик“, „Тендери“, „Тенк“ и „Тарифа“, ниту еден предмет не е финиширан. Лавиринтите на македонското судство не ги одбегна ниту СЈО.

ЦИВИЛ Медиа: Речиси две години по формирање на СЈО, освен отворените истражни постапки, до денес ниту еден кривичен предмет не е финиширан. Кој е Вашиот коментар?

​ТРОШАНОВСКИ: СЈО се соочува со опструкции во дел од својата работа, но да не заборавиме дека финиширањето на судските предмети, допрва треба да се случи. Самите обвиненија беа покренати не толку одамна, а за случаи со ваква тежина, потребно е време и со оглед на нивната суштинска важност за стабилноста и иднината на државата, потребна е темелна судска истрага, која штоможе и да потрае.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се главните сопирачки, што поскоро да се дојде до вистината, бидејќи граѓан(к)ите очекуваат судска разврска за случаите?

​ТРОШАНОВСКИ: Очигледна е несоработката на дел од државните и судски институции со СЈО.​ Таа некогаш ја има, некогаш е бавна, некогаш се одолговлекува или пак е оспорена. Имаше ситуации кога и самото Јавно обвинителство не постапуваше според Апелациониот суд, што не треба да се случува. Политичката волја, реформа во судскиот систем, но и законски предуслови (како на пр. промена на законот за дојавувачи (свиркачи), законот за заштита на сведоци согласно препораките на венецијанската комисија.

ЦИВИЛ Медиа: Македонското Собрание не ги изгласа законските регулативи предложени од СЈО, за продолжување на работата на ова Обвинителство и за заштита на сведоци?

ТРОШАНОВСКИ: Да се надеваме дека новата влада ќе го направи тоа. Тоа е нужен предуслов за да се забразаат процесите на СЈО.​

ЦИВИЛ Медиа: СЈО кое што е дел од политичката агенда на Договорот од Пржино, сега е една од црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ?

​ТРОШАНОВСКИ: Формално гледано, Пржинскиот договор истече, а со тоа и обврската на ВМРО-ДПМНЕ кон СЈО. Секоја партија има право на свои преговарачки позиции во коалицирање и своја политичка калкулација за преземање на одредени чекори.​

ЦИВИЛ Медиа: Според сето ова, сметате ли дека ќе се расветлат случаите кои се дел од аферата „Прислушување“, или ќе останат само како обид на опозицијата за откривање на наводни криминали на владата на Никола Груевски?

ТРОШАНОВСКИ: ​Сигурен сум дека процесите, нема брзо да завршат, но се надевам дека ќе имаат разрешница. Таа му е потребна на нашето општество за да се задоволи потребата за правда, да се случи катарза на фрустрацијата на дел од нашето општество и да се започне од чиста позиција во враќање на легитимитетот на институциите, којшто е на најниско можно ниво во нашата историја.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕМарко ТрошановскиНикола Груевскинова владаправдаСЈОсудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ