• Latest
Повеќенеделни антируски окупациски протести во Тбилиси во летото 2019 година, кои следеа по посетата на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во главниот град на Грузија. Фото: Еана Корбезашвил

Проруската владејачка партија „Грузиски сон“ победи на парламентарните избори, опозицијата не ги признава лажните резултати од украдените избори

October 27, 2024
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Проруската владејачка партија „Грузиски сон“ победи на парламентарните избори, опозицијата не ги признава лажните резултати од украдените избори

October 27, 2024 11:32
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Повеќенеделни антируски окупациски протести во Тбилиси во летото 2019 година, кои следеа по посетата на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во главниот град на Грузија. Фото: Еана Корбезашвил

Повеќенеделни антируски окупациски протести во Тбилиси во летото 2019 година, кои следеа по посетата на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во главниот град на Грузија. Фото: Еана Корбезашвил

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на грузиската Централна изборна комисија, Гиорги Каландаршвили, соопшти денеска дека владејачката партија во таа земја, проруската  „Грузиски сон“ освоила 54,08 отсто од гласачите на парламентарните избори, наспроти 37,58 отсто за проевропската коалиција, врз основа на преброените 99 отсто од избирачките единици.

Според него, обработени се податоци од 3.100 избирачки места од вкупно 3.111, пренесува МИА.

„Останатите неколку избирачки места се наоѓаат во странство, а информациите ќе се ажурираат за податоците да бидат подостапни“, рече Каландаришвили.

Во текот на ноќта опозицијата одби да го признае поразот. Таа смета дека ваквите резултати ќе ја оддалечат земјата од влезот во Европската унија (ЕУ) и ќе ја доближат до Русија.

„Не ги признаваме лажните резултати од украдените избори“, изјави синоќа за новинарите Тина Бакучева, шеф на Обединетото национално движење, една од четирите партии во опозициската коалиција.

Опозицијата обвинува дека „Грузиски сон“, кој е на власт од 2012 година, е авторитарна и проруска партија и дека ја оддалечува земјата од ЕУ и НАТО, во кои „има аспирации да се приклучи“.

Извршниот секретар на „Грузиски сон“, Мамука Мдинарадзе синоќа изјави дека резултатите што ги објави Централната изборна комисија покажале дека партијата обезбедила „цврсто мнозинство“ во новиот парламент.

Владата пред изборите изјави дека сака да обезбеди три четвртини од местата во парламентот, кои се неопходни за измена на Уставот, а со тоа, како што планира, да ги забрани прозападните опозициски партии, пренесуваат агенциите.

Брисел предупреди дека шансите на Грузија за приклучување кон ЕУ ќе зависат од овие избори. Грузија во својот Устав напиша дека сака да влезе во ЕУ.

Првиот странски политичар кој реагираше синоќа, унгарскиот премиер Виктор Орбан, единствениот лидер на ЕУ кој останува близок до Москва, ја поздрави „убедливата“ победа на владејачката партија.

Претседателот на соседен Азербејџан, Илхам Алиев, му честиташе на поранешниот премиер Ираклија Кобахидзе за победата на неговата партија.

Изборите, кои беа надгледувани од меѓународни набљудувачи, беа обележани со неколку инциденти, емитувани на интернет, како тепачка на избирачко место во Тбилиси или тепачки во опозициското Обединето национално движење. 

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ