• Latest

24 ЧАСА: Нема унгарски пари за Струмица, Теарце, Сарај и Град Скопје; Ахмети со писмо до Мицкоски за „политички контроверзните“ измени во Законот за јазиците; ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија

October 28, 2024
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Нема унгарски пари за Струмица, Теарце, Сарај и Град Скопје; Ахмети со писмо до Мицкоски за „политички контроверзните“ измени во Законот за јазиците; ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија

October 28, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата не потпиша договори за парите од унгарскиот кредит само со општините Струмица, Сарај, Теарце и Град Скопје

Градоначалниците на општините ги потпишаа проектните договори кои ги добија од јавниот повик на Владата за поддршка на локалната власт. Од вкупната вредност од 100 милиони евра од првата фаза, општините заработија околу 67 милиони евра за 274 проекти. Четирите општини, Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце на кои не им беше прифатен ниту еден проект останува да аплицираат повторно до 15 ноември, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ахмети со писмо до Мицкоски: Измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството

„Последните одлуки на Уставниот суд, кои изгледа дека се извршување на програмата на вашата партија за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците, предизвикаа загриженост кај сите граѓани кои се посветени на градењето на подобро одржливи меѓуетнички односи во Северна Македонија. Охридскиот договор, кој донесе подобро меѓуетничко разбирање, не е само политичко прашање, туку е темел на нашата мултиетничка демократија, стабилност и демократски напредок. Секоја обид за негово доведување во прашање, особено во актуелниот контекст, е чекор кој може да ја влоши состојбата во земјата и регионот“, стои во писмото на Али Ахмети, лидерот на ДУИ до премиерот Христијан Мицкоски.

РЕГИОН

На истокот ништо ново: ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија, неизвесно формирањето на владина коалиција

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две години, покажуваат првичните прелиминарни резултати од гласањето. Вкупно 327 бугарски државјани во Северна Македонија гласаа на вчерашните предвремени избори.

СВЕТ

Харис објавува план како ќе им се помогне на Порториканците во Америка, на митингот на Трамп, Порто Рико се нарекува „пловечки остров од ѓубре“

Додека Харис објавува план како ќе им се помогне на Порториканците во Америка, на митингот на Трамп, во Медисон Сквер Гарден, Порто Рико се нарекува „пловечки остров од ѓубре“, меѓу другите расистички и навредливи изјави.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Со фотомонтажа се шири лажна вест дека е уапсена претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен

Дезинформација е дека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен беше уапсена во Европскиот парламент како што се споделува на социјалните мрежи. Профилот на Х мрежата што ја шири оваа лажна вест според објавите е поддржувач на претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за процедурата на доделување пари за проекти на општините?

СЛОБОДНА ЗОНА

„И покрај западните санкции кои имаа цел да ја намалат руската способност за водење војна, финансиската стратегија на Путин, водена од логиката на војната, се покажува изненадувачки отпорна – иако е изложена на висок ризик од колапс. Во оваа анализа се истражуваат механизмите на економската издржливост на Путинова Русија и последиците од пропустите и нерешителноста на Западот“, пишува Џабир Дерала во анализата „Руската воена економија и западната небрежност: Мирот и слободата меѓу профитот и крвавата војна“.

Подготви: Б. Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ