• Latest

Руската воена економија и западната небрежност: Мирот и слободата меѓу профитот и крвавата агресија

October 28, 2024

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЕКОНОМИЈА

Руската воена економија и западната небрежност: Мирот и слободата меѓу профитот и крвавата агресија

И покрај западните санкции кои имаа цел да ја намалат руската способност за водење војна, финансиската стратегија на Путин, водена од логиката на војната, се покажува изненадувачки отпорна - иако е изложена на висок ризик од колапс. Во оваа анализа се истражуваат механизмите на економската издржливост на Путинова Русија и последиците од пропустите и нерешителноста на Западот.

October 28, 2024 12:29
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Сведоци сме на парадоксот меѓу непопустливата отпорност на руската воена економија и несериозниот пристап на Западот во борбата за стабилен и праведен свет.

Дали профитот и интересите ја засенија потребата за мир? Како економските интереси, политиката и игрите на моќта влијаат врз животите на милиони? Како овие сили влијаат врз текот на војната и како глобалното општество може да избере подобра иднина?

Мора да се соочиме со фактите. Економското преструктуирање на Русија создаде адаптивен модел во нејзината воена економија – промена што може да ги издржи обидите на Западот да ја спречат руската воена машинерија, доколку не се спротивстави со посериозни и подоследни санкции и други мерки. Во изминатиот период, повеќе пати критички се осврнав кон нерешителноста на Западот, но тоа најчесто се однесуваше политичкото колебање. Но колебливоста и неефикасноста, како и неединството, не се единствени фактори што му овозможуваат на Путин да продолжи со својот крвав поход против Украина и да води хибридна војна против демократијата во останатиот дел од светот. Мора да ги отвориме очите и пред скандалозниот факт дека корпоративното лобирање и економските и правните дупки во демократските земји на Западот фрлаат нова светлина на состојбите, односно го доведуваат во прашање интегритетот и кредибилитетот на Западот.

Ако ја анализираме руската воена економија, мора да погледнеме зад пропагандните паравани и да ја согледаме фрагилноста на стратегијата на Путин. Тој цело време се движи по остриот раб меѓу краткорочната отпорност и долгорочната одржливост. Не му оди добро ни на едната, ни на другата страна, освен кога му помагаат неговите сојузници, „неутралците“ и, за жал, самиот Запад. Мора да се разбере дека трошоците на руската воена економија се девастирачки за Русија, наспроти тоа што некои, едноставно, сакаат да го видат само тоа што е видливо на површината, односно да ѝ веруваат на пропагандата и – високите профити.

Наместо да ја разниша и да предизвика крах, како што беше нашироко распротрането уверувањето во Европа и светот по воведувањето санкции против Кремљ, руската економија е раздвижена, а бележи дури и пораст.

Деновиве, Вашингтон Пост објави анализа во која се тврди дека руската економија е толку раздвижена по преструктуирањето во воена економија, што се соочува со опасност од „прегревање“. Што значи тоа? Аналитичарите го наоѓаат одговорот во фактот за огромните воени трошоци, вклучително и високите исплати за војниците, што доведоа до економски раст. Истовремено, се бележи огромен скок на платите, како и инфлација. Од друга страна, компаниите се принудени да им „парираат“ на воените плати за да привлечат работници.

По речиси три години жестока војна против Украина и отворање на хибридни фронтови против Западот, Русија покажува знаци на издржливост што се во спротивност со предвидувањата на политичките елити на Западот пред две години. Се открива дека Русија, со ова „економско темпо“ може да си дозволи да ја финансира војната против Украина уште две, па и повеќе години. Една од главните причини што му помагаат на Кремљ да опстане во војната, се огромните приходи од нафтата од една страна и неуспехот на санкциите што ги воведе Западот. На апример, не успеа обидот за удар врз руската економија преку ограничување на цената на нафтата (price cap). Таа мерка дојде доцна, а и не го дава очекуваниот резултат.

Во споменатата анализа се констатира дека руската економија, сепак, се „прегрева“, односно не може да ги издржи амбициозните воени побарувања од економијата во целост, делумно и поради потребата на Путин континуирано да заменува 20.000 војници кои се убиени или ранети на месечна основа, како што во јуни објави Институтот за проучување на војната. Ова предизвикува раздвижување на платите. За да го „хранат“ фронтот каде што масовно се гине, на руските генерали им требаат војници, па затоа властите нудат големи пари за одење на фронт. Така, руските регионални гувернери плаќаат нечуени бонуси за војниците, а Белгород неодамна го собори рекордот со бонус од 31.200 долари.

Резултатот од воената економија на Путин е речиси целосна вработеност во Русија и вртоглаво зголемени плати. Но и покрај тоа, работната сила ни оддалеку не е неограничена, а економските капацитети се искористуваат до максимум. Ова може да предизвика стагфлација – нагло скокање на цените и пад на производството, што може да биде проследено со длабока рецесија. На ова предупреди и гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, која прави максимални напори да обезбеди доволно финасии за продолжување на крвавата војна против Украина.

Од друга страна, ако се погледнат економските приоритети на Путин зацртани во буџетската стратегија, може да се извлече заклучок дека рускиот диктатор е повеќе од самоуверен во неговите проекции. Неговата буџетска стратегија предвидува воените и безбедносните трошоци да достигнат 142 милијарди долари во 2025 година. Тоа значи вртоглави 40% од вкупните буџетски трошоци, односно повеќе од 8% од бруто домашниот производ. Тој предвидува високи проценти за „инвестирање“ во војната и во 2026 и 2027 година. Нема потреба од дополнителни коментари – Путин е решен да ја продолжи, а сосема веројатно и да ја прошири војната. Но што велат извештаите и економските аналитичари со кои разговарав деновиве – дали проекциите на Путин се согласуваат со реалноста?

На пример, веќе одамна нема доволно мажи да возат автобуси. На руските фарми, жените што молзат крави имаат плати слични на оние на професионалците во информатичката индустрија. Хотелите и рестораните се мачат да најдат келнери, чистачи и готвачи. Нема доволно работници во фабриките.

Во полу шега, може да се каже дека западните санкции против руските олигарси функционираат, но на поинаков начин од планираниот. Платите во војската вртоглаво пораснаа. Ова ги принудува сопствениците на бизниси во другите сектори да се натпреваруваат со економијата дизајнирана за војна и да ги платат своите работници повеќе. Значи, да профитираат помалку. Разликата оди во бескрајната челуст на насилството во агресорската војна на Путин против Украина и демократијата.

Економските аналитичари тврдат дека реалната инфлација во Русија е многу повисока отколку што укажува официјалната статистика. Стокхолмскиот институт за транзициска економија (SITE), кој е дел од Стокхолмската школа за економија, го објави извештајот „Руската економија во маглата на војната“, каде што го доведува во прашање кредибилитетот на официјалните податоци за инфлацијата во Русија.

„Клучните економски показатели како инфлацијата и растот на реалниот БДП треба да се третираат со значителна претпазливост, а официјалните бројки за овие варијабли не треба да се цитираат без изрично предупредување дека се дел од наративот на руската пропаганда“, се наведува во извештајот.

Скандалозно е откритието на Робин Брукс од Институтот Брукингс за тоа дека „набргу по инвазијата, Германија и неколку други големи европски нации, вклучувајќи ги Италија, Шпанија, Чешка, Полска и Австрија, почнаа да испраќаат огромни количини стоки преку Турција и соседите на Русија, вклучувајќи ги Казахстан, Киргистан, Грузија и Ерменија, јасно наменети за Русија“.

Брукс тврди дека Западот, исто така, може да ги намали руските приходи од нафтата со воведување санкции за повеќе руски танкери, вклучително и против нејзината флота во сенка што се користи за транспорт на 45 отсто од руската нафта.

Кремљ, Пекинг и другите автократски и диктаторски режими ова го толкуваат како слабост и несериозност на Западот. Поточно, во овие три години, ако не и многу порано, произлегува дека Западот, почнувајќи од компаниите, завршувајќи со дел од политичките елити, имаат еден единствен приоритет – брза заработка и високи профити. Деократските вредности, долгорочната стабилност, мирот и слободата ним не им значат многу, поточно, не им значат ништо.

Во тој дух, иако со поодмерен тон, говори и Ерван Фуере, експерт за европски и безбедносни политики и поранешен врвен дипломат, во интервју за ЦивилМедиа.

„Загрижувачки е што се појави мала неодлучност кај некои западни сојузници во врска со продолжувањето на поддршката за Украина. Верувам дека е потребна многу посилна поддршка, не само воена, туку и финансиска, за Украина да може да ја одбие руската агресија“, изјави Фуере во ексклузивното интервју за ЦивилМедиа.

За тоа дека санкциите не функционираат, беше очигледно уште во првата година од руската агресија против Украина. За тоа сведочат анализите на почетокот на 2023 година, девет месеи по почетокот на целосната руска инвазија.

„За време на војната, руската економија имаше огромни придобивки. Треба да биде доволно само ако споменеме дека профитите на Газпром вртоглаво порасна во 2022 година. Зошто? Меѓу многуте други причини – ЕУ предолго калкулираше со ограничувањето на цената на гасот (price cap). Па, гледајќи ги овие бројки, можеме да заклучиме дека, всушност, на Русија ѝ оди исклучително добро; особено имајќи предвид дека води агресорска војна“, пишува во анализата под наслов „Нашите санкции функционираат – велат од ЕУ. Навистина?“ објавена на ЦивилМедиа на 9 јануари 2023 година.

Увозот и извозот на Русија се намалени за 20,8% и 12,3%, соодветно, беа податоци што своевремено ги радуваа ЕУ стратезите на почетокот на 2023 година, како што пишува во анализата. ЕУ прогнозираше дека руската економија ќе доживее крах и ќе биде принудена да ја прекине својата воена агресија против Украина, особено поради санкциите. Тоа не се случи.

Сепак, ефектот од тешките загуби на пешадијата, предизвикани од украинските бранители, функционира подобро од санкциите. Агресијата на Русија чини многу, вклучително и војници кои во голем број се убиени или ранети на фронтовите. Постојат ограничувања во снабдувањето со работна сила што силно ја погодуваат руската економија, независно од официјалните извештаи на Централната банка на Русија. Овие загуби предизвикуваат „макроекономски дисбаланси и потенцијал за раст на среден рок,“ се наведува во извештајот на шведскиот институт СИТЕ.

„Бидејќи економијата работи на својот потенцијал, масивниот фискален стимулус од воената економија главно ќе резултира со инфлација на платите и уште повисоки каматни стапки од ЦБР. Таквите дисбаланси значително го поткопуваат краткорочниот економски подем од фискалниот стимулус и доведуваат до негативни последици за долгорочниот реален економски раст. Квалитетот на човечкиот капитал исто така е погоден, бидејќи младите – оние кои најмногу се чувствуваат загрозени од регрутација – се најмобилната група на меѓународниот пазар на труд“, стои во извештајот на СИТЕ.

Така, историската одговорност за ставање крај на бруталната агресија на Русија и заканата за глобалниот мир, повторно лежи врз плеќите на украинските војници и цивили – истите оние цивили кои, неселективно, се цел на рускиот терор. Тие што се придржуваат до полумерки и претпазливи компромиси можеби би требало повторно да размислат кого и што всушност бранат. Цената на апстинирањето од решителна акција веќе е јасна, но за оние што сè уште се во дилема, можеби вреди да го преиспитаат својот следен потег – за демократијата и слободата во Европа и пошироко да не им се излизгаат од рацете.

Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани. Извор: ЦивилМедиа

Russia’s war economy and Western negligence: Peace and freedom between profit and bloody war

Tags: воена економијаЗападруска агресијасанкцииУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ