• Latest

24 ЧАСА: Шекеринска стана втор човек на НАТО; 1000 денови руска агресија, 1000 денови Украински Хероизам

November 19, 2024
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Шекеринска стана втор човек на НАТО; 1000 денови руска агресија, 1000 денови Украински Хероизам

November 19, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Генералниот секретар на НАТО ја назначи Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска од Северна Македонија за следен заменик генерален секретар, соопштија од прес службата на Алијансата.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, објави Руте.

Шекеринска истакна дека и претставува привилегија да и служи на НАТО Алијансата.

Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција подоцна оваа година.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Агелер: Честитки до Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО

„Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х.

СВЕТ

Илјада дена руска агресија врз Украина: Во ракетниот напад врз Одеса бројот на повредени надмина 50, потврдени десет мртви; во областа Доњецк тројца загинати и 7 ранети 

Во време кога целосната неиспровоцирана руска воена агресија врз Украина трае веќе илјада дена, со несмалена жестина продолжуваат руските ракетни и артилериски напади врз цивилни цели низ Украина.

Бројот на повредени во последниот рускиот ракетен напад на Одеса на 18 ноември надмина педесет, додека истовремео се потврдени 10 загинати.

„Повеќе од 50 луѓе се повредени како резултат на ракетниот напад врз градот Одеса, за жал, има жртви“, објави Одделот за здравство на регионалната воена управа на Одеса на Фејсбук, според Укринформ.

РЕГИОН

САД: БиХ далеку од ЕУ поради корупција и етнонационализам

Политичката состојба во Босна и Херцеговина е длабоко загрижувачка, а земјата ќе мора да чека со децении за членство во Европската Унија доколку политичарите продолжат со сегашното однесување, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ – Центар за Слобода: 1000 денови руска агресија, 1000 денови Украински Хероизам

Но покрај сите овие ужаси, светот е сведок на 1000 денови невиден хероизам на украинската нација. Секој ден е впишан во светската историја како ден на истрајност, пожртвуваност и непоколеблив дух во борбата за слобода.

Светот памети и тоа дека војната за Украина не почна во 2022 година, туку во 2014 година, кога руските паравоени формации спроведоа нелегална окупација на Крим и делови од Донбас – криза што светот се обиде да ја „заборави“, до моментот на целосната воена агресија.

ЦИВИЛ уште еднаш најостро го осудува руското грозоморно злосторство на агресија, систематските воени злосторства против цивилите и воените заробеници, и нападите врз животната средина и цивилната инфраструктура.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Европа треба да преземе одговорност за себе и за својата иднина, за иднината на демократијата и слободата на Стариот континент. Воедно, европските демократии имаат обврска кон своите граѓанки и граѓани да ги одбранат од хибридните операции на влијание и субверзии што ги спроведува Путинова Русија и прокси актерите во служба на злото. Тоа е ескалација! Воените агресии и хибридната војна под команда на Путин се ескалација, а не одбраната на слободата и демократијата.

Европските лидери мораат да сфатат дека треба да заборават на стравот од „ескалација“, туку да ја интензивираат воената поддршка на Украина и да ги симнат сите непотребни ограничувања за употреба на оружјето“, пишува Џабир Дерала во анализата „Нова фаза во војната за ослободување на Украина: Ескалација или задоцнет одговор на руското брутално злосторство на агресија?“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ