• Latest
Army Tactical Missile System (ATACMS)

Нова фаза во војната за ослободување на Украина: Ескалација или задоцнет одговор на руското брутално злосторство на агресија?

November 19, 2024

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Нова фаза во војната за ослободување на Украина: Ескалација или задоцнет одговор на руското брутално злосторство на агресија?

November 19, 2024 14:30
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Army Tactical Missile System (ATACMS)

Army Tactical Missile System (ATACMS)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

На 17 ноември, американскиот претседател Џо Бајден конечно им даде овластување на украинските одбранбени сили за употреба на оружјето со долг дострел на руска територија. Ова овластување, како и најголем дел од воената помош за Украина доаѓа со задоцнување. Овие колебања имаат долга историја, подолга и од руската агресија против Украина.

Колебливоста и последиците од Букурешкиот самит на НАТО

Да се потсетиме. На самитот во Букурешт во април 2008 година, на кој присуствуваше и рускиот диктатор Путин кој во тоа време беше во идилични односи со Западот, НАТО објави дека и Украина и Грузија се добредојдени да се приклучат кон алијансата. Но објавата не беше проследена Акциски план за членство (Membership Action Plan – MAP) како што се залагаше тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш.

Во декларацијата на тој самит на Алијансата изостана тој план, поради разијдувањето меѓу САД и моќните европски сојузници. Додека САД беа на ставот двете земји да добијат цврсти гаранции и да влезат во Акцискиот план, Франција и Германија стравуваа дека тоа ќе ја антагонизира Русија и се спротивставија на американскиот предлог.

Истата судбина ја доживеа и Македонија која тогаш беше блокирана од Грција, поради спорот со името што беше решен десет години подоцна. Македонскиот неуспех водеше кон зацврстување на авторитарниот режим на тогашната влада на Груевски, но Украина и Грузија се соочија со далеку потрагични последици. Веќе истата година, кога на пролетниот Самитот на НАТО во Букурешт беше пропуштена шансата за спас на Украина и Грузија, мрачната сенка на воинствениот диктаторски режим во Кремљ се надвисна над двете земји.

Руската армија, со поддршка од проруските парамилитарни формации во Јужна Осетија и Абхазија ја нападна Грузија веќе во октомври 2008 година, само половина година по „семејните“ фотки на западните политичари со Путин на самитот во Букурешт. Тие области во Грузија до денес се „независни“ од централната грузиска управа, односно се под руска окупација, додека авторитарниот режим на владејачката коалиција Грузиски сон во Тбилиси одржува цврста проруска линија од освојувањето на власта во 2012 до денес, вклучувајќи ги и изборите во октомври 2024, кои беа крајно неповолно оценети од меѓународните набљудувачи. Две години по неуспехот на Букурешкиот НАТО самит, во 2010 година, на власт во Украина доаѓа Виктор Јанукович, тврд авторитарен лидер со целосно проруска ориентација.

Агресијата почна во 2014 година

Авторитарниот проруски режим на Јанукович беше урнат со Револуцијата на гордоста, позната и како Мајданска револуција во февруари 2014. Руската агресија почна неполни два месеци подоцна, во април 2014 година. Тогаш, Кремљ тргнува во воен поход на Украина, со „грузиското сценарио“, преку активирање на „малите зелени човечиња“ на стратешкиот полуостров Крим и со своите прокси „народни милиции“ во делови од Донецк и Луганск, кои истата година беа прогласени за „народни републики“ во целосна спротивност со Повелбата на ОН.

Осум години подоцна, на 21 февруари 2022 година, Кремљ ги прогласува „народните републики“ Донецк и Луханск за „суверени држави“. Три дена подоцна, на 24 февруари, повеќе од 60-километарска колона од руски тенкови ја премина белоруско-украинската граница упатувајќи се кон Кијив. Тоа беше само еден дел од воената сила што броеше 170-190 илјади руски војници кои ја нападнаа Украина по должина на целата копнена и поморска граница, поддржани од стотици бомбардери и со жесток артилериски и ракетен оган.

Од 2014 до 2022 година, меѓународната заедница не направи ништо или речиси ништо за Украина. Не помогна ниту да ја одбрани, ниту да ја врати слободата и сувереноста на делот од територијата што Кремлин прво ги прогласи за „народни републики“, па „суверени држави“, а на 30 септември 2022 година ги анектира – во целосна спротивност на меѓународното право.

Почеток на целосната инвазија и првите барања од кои се оглуши меѓународната заедница

Од првиот ден на инвазијата со целосни размери, Украина и нејзиниот храбар лидер, претседателот Володимир Зеленски, бараат итна воена помош. Првото – највпечатливо и потресно – барање беше да се заштити украинското небо, да се прогласи за зона забранета за летови. Тоа барање беше пронесено и на проукраинските протести ширум светот, па и во земјите на Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Но тоа не се случи. Едноставно, тоа барање не беше ни разгледано.

За тоа време, руските бомбардери спроведуваа „тепих“ бомбардирање врз Кијив и другите украински градови и села, без селекција, срамнувајќи со земја цели станбени квартови, училишта, градинки, породилишта и болници. Денес, три години по почетокот на целосната воена агресија, цели градови и села се срамнети со земја, поточно, не постојат.

Зеленски: Не ми треба превоз, ми треба оружје!

На почетокот на инвазијата, за среќа, тогашниот бугарски премиер, Кирил Петков, испрати конкретна и итна воена помош за Кијив во чии предградија веќе навлегоа руските трупи. Дел од аналитичарите тврдат дека тоа беше помош пресудна за одбрана на главниот град на Украина. Велика Британија и САД беа релативно брзи во овозможување на воената помош за Украина, особено откако претседателот Зеленски, на понудата од американскиот претседател Бајден да се евакуира, одговори со зборовите – „Не ми треба превоз, ми треба оружје!“

Специјалната воена операција на Путин, кој пикаше луѓе в затвор ако го споменат зборот војна, требаше да трае три дена. Трае три години. За тоа време, секој час од денот и ноќта, со својот хероизам, украинската нација испишува нови страници во историјата на човештвото. И за сето време, Зеленски бара интензивна воена помош и овластување да го употреби соодветно на меѓународното право – вклучително и на територијата на земјата агресор.

Добро се сеќаваме на тие денови на почетокот на оваа ужасна војна на агресија на европско тло, најголема од Втората светска војна наваму. Украинската армија се состоеше од мал број слабо вооружени и недоволно обучени војници и доброволци. Светскиот печат ја нарече ragtag (парталава) армија. На самиот почеток, меѓународната заедница почна да собира хуманитарна помош, не воена. И пишуваше „координирани“ твитови. И воведе санкции што само делумно ја постигнаа целта.

Лаптопи и шлемови против втората светска супер сила

Украина беше соочена со тоа што светот веруваше дека е втора светска супер сила. На почетокот, Германија понуди лаптопи, шлемови и панцири, а на украинските бранителки и бранители им недостасуваа дури и пушки и куршуми, за друго и да не говориме. Долго се колебаше германскиот канцелар Олаф Шолц да даде зелено светло за Леопардите.

Колебањето на меѓународната заедница, ситничарењето околу динамиките и начините на испорака на оружјето и муницијата, со бескрајно и целосно непотребно дипломатско калкулантство, му даде доволно време на рускиот агресор да направи практично непробојни бариери долж целата линија на фронтот. Потоа, токму Украина трпеше критики за неуспешната офанзива за ослободување на окупираните територии летото 2023 година. Неуспехот на таа офанзива сигурно се должи на слабости и на украинското воено водство, но бездруго и на доцнењето на воената помош.

И задоцнета, воената помош е драгоцена

Како и да е, воената помош, макар и задоцнета, беше повеќе од драгоцена. Тоа го спаси Кијив, а потоа врати големи делови од окупираната територија во 2022 година. Но недостигаше овластување тоа оружје да се употреби и на руска територија. Причините се едноставна. Како жртва на воена агресија, Украина, според меѓународното право, има право да се брани и на територијата на земјата агресор. Понатаму, во ера на оружје со домет од илјадници километри, кога агресорот може непрекинато да напаѓа со авиони, ракети и дронови што ги лансира од своја територија, ова барање на Зеленски е повеќе од логично.

Но Западот се плашеше и сè уште се плаши од „ескалација на конфликтот“! Нема доволно зборови да се опишат последиците од малодушноста и колебливоста на демократскиот Запад што ги претрпе и сè уште ги трпи Украина, но и целиот слободен свет. Од првиот ден од инвазијата, Русија не е сама во агресијата.

Кој одредува што е ескалација?

Практично, на 24 февруари 2022 година, Украина е нападната од Русија и Белорусија, без оглед на тоа што Белорусија не дала свои војници, туку овозможува огромна воена сила од нејзина територија да напаѓа и окупира друга земја. Иран отворено ја помага руската воена машинерија со технологија и конкретна воена помош, најпозната по испораката на огромен број дронови од типот „Шахед“.

Ист е случајот со Северна Кореја, со тоа што диктаторот од Пјонгјанг отиде многу подалеку – испрати најмалку 11.000 војници, а се предвидува дека дури 100.000 војници од Северна Кореја може да бидат ставени на располагање на рускиот агресор. Ништо од тоа не е ескалација!? Како тоа!?

Затоа што Лавров и Песков непрекинато повторуваат дека Русија се брани и дека е ескалација ако Украина се поддржува на било каков начин, а секако и тоа дека „кутрата“ Русија ќе биде приморана да се брани и со својот нуклеарен арсенал. Стравот од „ескалација“ беше причината што и на НАТО самитот во Вилнус, 2023, кога освен за нијанса поконкретни ставови, сепак, не беше донесена одлука Украина да се стави на „МАП-ата“ на НАТО.

Конечно, Бајден го повлече вистинскиот потег; проруските медиуми веднаш го кренаа гласот

Конечно…

На 998-от ден од руската инвазија со целосни размери, Украина конечно доби овластување за користење на американското оружје на територија на земјата агресор. Американскиот претседател Џо Бајден го повлече вистинскиот потег.

Ескалација? Да, тоа за Кремљ значи ескалација. Тоа претставува ескалација и според проруските медиуми низ Европа, особено во земјите на Западен Балкан, веројатно најмногу во Србија, Република Српска и Северна Македонија. Тие веднаш го кренаа гласот против оваа одлука на американскиот претседател во заминување.

Веднаш по одлуката, без задршка, почна да баботи штанц машината. Во медиумите со проруска ориентација – или оние „неутралните“ – највидливи се изјавите на руската страна која „жестоко се противи“ на оваа одлука на САД. Воедно, „великите“ аналитичари и колумнисти побрзаа да кажат дека Бајден, пред заминување од функцијата, му остава „тешко наследство“ на Трамп, па и полошо – дека ќе предизвика Трета светска војна. Ако се погледнат насловите во регионот, ќе се забележи дека сите личат како јајце на јајце. Без исклучок, сите се „многу загрижени“ како реагира „руската страна“ и ја контекстуализираат веста во насока што ѝ одговара на руската воена пропаганда. Наводно, наместо да се подготвува за мир, САД предизвикуваат ескалација, па наголемо се пренесуваат изјавите од Москва за тоа дека „Бајден сака да умре“ и што не.

Задоцнета одлука: Подобро доцна, отколку никогаш

Задоцнета одлука? Да. Освен набројаните, може да се наведат уште низа аргументи во таа насока. Но! Подобро доцна отколку никогаш.

Сепак, задоцнувањето на зеленото светло за употреба на западното оружје на територијата на агресорот во многу нешта ќе значи ограничен успех за украинската борба за слобода.

Особено ако знаеме дека ракетните системи ATACMS ни оддалеку не се со долг дострел, туку само се во состојба да продрат во руска територија – максималниот домет на овој ракетен систем е 300 километри. Во меѓувреме, додека чекаше овластувања од претпазливата асамблеја од западните сојузници, минатото лето Украина тргна во офанзива на руска територија и освои значајни делови од областа Курск.

Но и тоа, како ни задоцнетото овластување за употреба на американското оружје, нема да биде решавачки фактор во елиминирањето на руските воени постројки од кои секојдневно се лансираат нападите против цивилни цели и инфраструктура насекаде низ Украина. Колебањето и стравот од „ескалација“ му дадоа време на рускиот агресор да повлече барем еден дел од своите воени постројки подлабоко во својата територија, подалеку од дометот на ATACMS. Сепак, значајно е овластувањето. Сепак, дел од воените капацитети на рускиот агресор сега се под ризик да бидат онеспособени или уништени. Ова е дотолку позначајно што со продорот на украинската армија во Курск, Москва се наоѓа на оддалеченост од околу 450 километри.

Значи, општо земено, одлуката на САД и нејзиниот лидер Џо Бајден е значајна и ќе придонесе кон успех на украинската борба за слобода.

Патот до мирот

Што треба да се случи следно?

Европа треба да преземе одговорност за себе и за својата иднина, за иднината на демократијата и слободата на Стариот континент. Воедно, европските демократии имаат обврска кон своите граѓанки и граѓани да ги одбранат од хибридните операции на влијание и субверзии што ги спроведува Путинова Русија и прокси актерите во служба на злото. Тоа е ескалација! Воените агресии и хибридната војна под команда на Путин се ескалација, а не одбраната на слободата и демократијата.

Европските лидери мораат да сфатат дека треба да заборават на стравот од „ескалација“, туку да ја интензивираат воената поддршка на Украина и да ги симнат сите непотребни ограничувања за употреба на оружјето.

Европа мора да го поддржи украинскиот План за Победа и да инсистира на праведен мир, според Формулата за мир, и никако да не дозволи замрзнување на конфликтот или „мир по секоја цена“. Понатамошното колебање на Западот ќе му даде време на Путин да ја врати силата и да тргне во нов империјалистички поход за менување на лицето на светот. Тоа (ќе) значи крај за демократијата и слободата, и нови бескрајни војни во Европа.

Европа мора да го направи вистинскиот избор. Вчера!

Текстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

Tags: ATACMSЗападпроруски медиумируска агресијаУкраинаЏо Бајден
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ