• Latest

Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Здружението на Југоисточна Европа, Германија: Авторитаризмот е закана која треба многу сериозно да ја сфатиме

December 12, 2024
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Здружението на Југоисточна Европа, Германија: Авторитаризмот е закана која треба многу сериозно да ја сфатиме

December 12, 2024 14:37
in ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На третиот панел од меѓународната конференција„Одбрана на демократијата и човековите права“, насловен „Спротивставување на авторитаризмот“, со свое излагање пред публиката и учесниците се обрати поранешната амбасадорка на германија Гудрун Штајнакер.

Штајнакер на почетокот на своето обраќање се осврна кон  работата ЦИВИЛ.

„Џабир го сретнав веднаш по моето доаѓање во Скопје, во 2011 година, и почнав да ја ценам работата на ЦИВИЛ, како една од најдобрите организации за зајакнување на граѓанското општество и промовирање на човековите права и слободно општество. Особено ценам јасната позиција на ЦИВИЛ од самиот почеток, во врска со војната на Русија во Украина – можеби најголемата опасност во моментов за нашиот дел од светот.

Авторитаризмот е закана која треба многу сериозно да ја сфатиме, во ова многу тешко време… Избор на секој човек или група, е да одговорат на овие проблеми, но, политичарите, бизнис елитите и интелектуалците, треба да играат водечка улога во овој одговор, во согласност со своите одговорности. Но често се случува сосема спротивното- интелектуалните елити ги злоупотребуваат своите влијанија, за повеќе да ги заплашат граѓаните, го гледаат својот интерес, и се решаваат за авторитарни решенија што е хипокризија во меѓународната политика.

Решенијата за овие прашања можат да ги најдат слободни луѓе, во слободни општества, слободен разговор и слободни медиуми“, посочува Штајнакер меѓу другото.

Гудрун Елизабет Штајнакер е поранешна германска дипломатка со истакната кариера која се протега повеќе од три децении. Таа имаше клучни функции, вклучително и амбасадорка во Северна Македонија (2011–2014) и Црна Гора (2014–2016). Штајнакер служела во амбасадите на Германија во Москва, Рим, Осло и Загреб и во ОБСЕ во Косово и Виена. По пензионирањето, таа е активна во Здружението на Југоисточна Европа и Фондацијата Еуронатур.

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ