• Latest

Затвор поради човечност и исполнување на новинарските задачи: Случајот на Вилен Темерјанов, Крим, Украина

January 20, 2025
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Затвор поради човечност и исполнување на новинарските задачи: Случајот на Вилен Темерјанов, Крим, Украина

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, е јавен застапник на новинарот Темерјанов. Тој ги повика сите слободољубиви луѓе во земјата, регионот и светот, а особено новинарите и активистите за човекови права, да ѝ се придружат на јавната акција со барање од руските власти веднаш да го ослободат Темерјанов и сите други новинарки и новинари што се во притвор или затвор.

January 20, 2025 14:16
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Вилен Темерјанов е новинар, дописник на Grani.ru, интернет медиум забранет во Русија и во окупираните територии од 2014 година. Тој е член и на организацијата „Кримска солидарност“. Руските окупаторски власти го затворија на 11 август 2022 година.

Колегата Темерјанов е од селото Вилне, округот Џанкој, на Крим. По окупацијата на Крим, неговиот новинарски ангажман се фокусира на стории за редовните претреси во домовите на кримските Татари, како и на политички мотивираните судења.

Пред неговото апсење во август 2022 година, по што тој е затворен, окупациските власти го приведуваат повеќе пати. Еден од тие случаи се бележи во ноември 2021 година, за време на масовната репресија и голем број апсења на кримските Татари чиј единствен „грев“ бил тоа што го поздравиле адвокатот Едем Семедлиаиев со цвеќе по враќање од незаконското притворање.

Припадниците на руските окупациски сили на 11 август 2022 година упаднале во неговиот дом и извршиле претрес. Утредента, окупаторите му одредуваат „превентивна мерка притвор“, а потоа лажно го обвинуваат за учество во активности на терористичка организација.

Темерјанов потоа е задржан во истражен затвор во Симферопол, при што бил подложен на принудно психијатриско испитување. На 20 април 2023 година, тој е префрлен на руска територија, во истражниот затвор во Ростов-на-Дон. Судскиот процес против него и уште петмина Кримски Татари е во тек, и спаѓа во ингеренциите на Јужниот Окружен воен суд. Му се заканува затворска казна до 20 години.

„Во текот на сите овие години, сфатив дека она што се случува на Крим е нов вид заплашување на мојот народ и уште една репресија како казна за нивниот издржлив став и несогласување со руската политика. Како разумен човек и граѓански новинар, покажувам трпение и издржливост во овие тешки времиња за мојот народ. Ќе се спротивставам на самоволието на рускиот правосуден систем и продолжувам да давам сè од себе за да ја покриеме реалноста на Крим со самодоверба и издржливост. Силните луѓе секогаш се појавуваат во тешки и предизвикувачки времиња. Се надевам дека сум еден од нив“ – гласи изјавата на Вилен Темерјанов објавена на 17 јануари 2023 година.

Заклучно со 4 јуни 2024 година, рускиот окупатор во Автономната Република Крим незаконски затворила 218 лица. Најмалку 16 од нив се новинари, граѓански новинари и блогери. Меѓу оние кои станаа политички затвореници поради известување за кршењето на човековите права и слободата на говор на окупираниот Крим е и Вилен Темерјанов, како и Ирина Данилович, Осман Арифмеметов, Олексиј Бесарабов, Тимур Ибрахимов, Ремзи Бекиров, Марлен (Сулејман) Асанов, Нариман Шеликверихал, Мустафаиев, Владислав Јесипенко, Амет Сулејманов, Асан Ахтемов, Руслан Сулејманов, Сеиран Салијев и Дмитро Штибликов.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, е јавен застапник на новинарот Темерјанов. Тој ги повика сите слободољубиви луѓе во земјата, регионот и светот, а особено новинарите и активистите за човекови права, да ѝ се придружат на јавната акција со барање од руските власти веднаш да го ослободат Темерјанов и сите други новинарки и новинари што се во притвор или затвор.

„Ги повикувам сите новинари, активисти за човекови права и граѓани на светот да застанат заедно во борбата за ослободување на Темерјанов и сите други кои неправедно страдаат поради својата човечност и исполнување на професионалните новинарски задачи. Неправдата може да ги замолчи гласовите, но не и духот што се стреми кон правда. Русија мора веднаш да ги ослободи Вилен Темерјанов и сите политички затвореници. Слободата и вистината мора да победат“, изјави Дерала.

Тој, како јавен застапник на кримскиот новинар Вилен Темерјанов, најави дека ќе се обрати до сите домашни и меѓународни форуми за човекови права, како и до руските власти, со барање за итно ослободување.

Биљана Јордановска


ГЛАС НА СЛОБОДАТА: Барам од руските окупациски власти веднаш да го ослободат новинарот Вилен Темерјанов

Tags: Вилен Темерјановјавен застапникполитички затвореникЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ