• Latest

Најавени просветни инспекции во училиштата во Србија, собири за поддршка на наставниците во повеќе училишта

January 21, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Најавени просветни инспекции во училиштата во Србија, собири за поддршка на наставниците во повеќе училишта

January 21, 2025 09:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту денеска во дел од училиштата во Србија настава нема да има, а некои часови ќе бидат скратени на 30 минути. Во колку училишта во Србија вчера почна второто полугодие, тешко е да се утврди бидејќи синдикатите и Министерството за образование даваат дијаметрално спротивни податоци, пренесуваат српски медиуми. 

Според податоците на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија, повеќе од 50 отсто од училиштата во земјата вчера ја прекинале работата. Форумот на белградските средни училишта соопшти дека во 90 отсто од средните училишта во Белград нема настава.

Премиерот Милош Вучевиќ тврди дека настава се одржувала во повеќе од 80 проценти од училиштата и за денеска најавува просветна инспекција во училиштата кои ја прекинале наставата. Увидот веќе почна да посетува некои училишта, а цело утро го помина во гимназијата Ваљевска.

Според српските медиуми, во текот на вчерашниот ден се евидентирани повеќе притисоци и закани врз наставници и директори на училишта кои престанале со работа.

Самостојниот синдикат на српските просветители одлучи членовите на тој  да ја прекинат работата од 21 јануари до 26 јануари, изјави за Данас Душан Кокот, претседател на НСПРС.

„Од најмоќните позиции во државата, наставниците се етикетирани како предавници и агенти на странски сили само затоа што укажуваат на проблеми во образовниот систем. За сето тоа време ниту една институција на Република Србија не најде за потребно дури и да го осуди ваквото однесување, а камоли да ги санкционира одговорните.

Поради јасно загрозената безбедност на сите учесници во воспитно-образовниот процес, членовите на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија, како и сите други вработени кои ги разбираат причините за ваквиот став, ќе ја прекинат работата од вторник, 21 јануари, завршувајќи со недела, 26 јануари.“, се наведува меѓу другото во одлуката на синдикатот.

Д. Т. 

Во Србија хаотичен почеток на второто учебно полугодие, просветните работници протестираат

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ