• Latest
Петар Арсовски, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург (фото: Б. Јордановска)

Проблемите во „српскиот свет“

January 30, 2025

Трамп ќе ја задржи традицијата американски генерал да биде врховен командант на НАТО

May 30, 2025

Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

May 30, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари најави можна соработка со ДУИ и ВЛЕН на изборите во Кичево

May 30, 2025

Илјадници српски студенти и граѓани протестираа во Белград, бараат предвремени избори

May 30, 2025
Фото: Скриншот

Најмалку шест луѓе загинаа во напад на РСФ врз болница во Судан

May 30, 2025
Фото: Влада

Мицкоски од Будимпешта: Орбан е визионер за Европа, Трамп ја врати надежта

May 30, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го поништи легалниот статус за 500.000 мигранти

May 30, 2025

Франција воведува забрана за пушење цигари на сите јавни места

May 30, 2025
фото: СДСМ

Дали декларацијата во ЕП ќе биде доволна гаранција за откочување на евроинтегративниот процес, прашува Филипче

May 30, 2025
Фото: Pudelek (Marcin Szala) — сопствено дело, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=29867958

Бугарското Собрание усвои резолуција за напредокот на земјава во ЕУ и ги повика властите во Скопје да ги спроведуваат договорите што ги прифатиле

May 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Проблемите во „српскиот свет“

Под површината на авторитарната стабилократија со одлични перформанси и стабилен рејтинг, која ја гледаме во Србија, имало сериозни општествени процеси кои сега експлодираа.

January 30, 2025 20:49
in АНАЛИЗИ, РЕГИОН, СТАВОВИ
Петар Арсовски, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург (фото: Б. Јордановска)

Петар Арсовски, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург (фото: Б. Јордановска)

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТАР АРСОВСКИ

За не повеќе од две недели, впечатокот за политичката ситуација во Србија се смени драстично. Молскавичната брзина со која, проценките дека естаблишментот во Белград е непобедлив, се претворија во анализи кои веќе се прашуваат дали на сегашните елити воопшто им има спас, говори дека под површината на авторитарната и технократска стабилократија со одлични перформанси и стабилен рејтинг, која ја гледаме долго време кај нашиот северен сосед, всушност имало сериозни општествени процеси кои се одвивале подолго време, кои сега експлодираа во масовни протести, а чија кулминација и расплет допрва ќе ги гледаме.

Мислам дека покрај очигледниот заклучок дека, едноставно, сега се споиле недостатокот на трпение, критичната маса и опортуниот политички момент, има и повеќе фактори на погрешен политички менаџмент и грешки во серија, кои власта во Србија ги направи во последниот период, а кои сега со зголемена амплитуда им се враќаат како висока политичка цена. Ова е најмногу интересно зашто од овие потези можат да се извлечат некои паралели во управувањето со емотивниот баланс на електоратот за целиот регион (па и кај нас), заради паралелите со граѓанскиот револт на т.н. „македонско сценарио“, кое ние интимно го знаеме, но и за предвидување на некои политички потези, кои најверојатно ќе следат во Србија.

Десничарската мантра 

Прво, мислам дека доктрината „целата власт кај мене“, која е доминантна политичка мантра на најголем дел од десничарските партии во регионот, за Србија сега добива поинаква политичка димензија. Неограничениот апетит за моќ и власт, согласно кој, по секоја цена, и со сите методи, се приграбува целата власт, не оставајќи никаков простор за демократски острови на различни политички влијанија, во вакви моменти ја покажува својата вистинска политичка цена. „Целата власт кај мене“, сега се претвора и во „целата одговорност кај мене“. На пример, мислам дека доколку власта во Србија не беше толку исклучива (со, најблаго речено, проблематични методи) околу освојувањето на локалната власт во Белград, можеби сегашното акумулирано незадоволство ќе имаше подобар вентил, и сега немаше да експлодира на ваков монументален начин.

Акумулирано незадоволство

Второ, сметам дека се појави погрешна проценка околу количеството на акумулирано незадоволство, која доведе до целосно погрешен одговор на иницијалната каписла за последните протести (иако е тешко да се прецизира една фиксна точка како пресвртница). Поведени од добрите анкети за економскиот напредок, ефикасноста, и технократскиот „Србија не сме да стане“ булдожер пристап, мислам дека естаблишментот во Белград згреши, сметајќи дека генерално позитивниот став кон власта, секако и нивните добри изборни перформанси, ќе значат и дека вакви инциденти, како пукањето во училиштата, рудникот за литиум, аферата со прислушувањето, како и протестите за време на последните избори, ќе бидат изолирани минорни сопнувања, од кои лесно ќе се ослободи, гледано вкупно на анкетите. Но, се покажа дека сите овие изолирани инциденти, сепак акумулирале вкупно незадоволство, и тоа сѐ на конто на власта, согласно нивната доминантна одлучувачка позиција во сите аспекти на општеството. Ова во прилог на тезата која е важна и за нас, дека „доволно е да си ефикасен, а на сметка на тоа смееш да си дозволиш да не бидеш демократичен“, што еве на втор пример во регионот се покажува како погрешен пристап.

„Сите се виновни освен мене”

Трето, мислам дека овие погрешни проценки доведоа до целосно погрешно менаџирање, ако за такво нешто може да стане збор, на актуелната криза, и тоа на неколку полиња.

1. Погрешна проценка за тајмингот и цената на кризата
Досега власта успешно ги менаџираше овие кризи со референдуми за ресет, политички жртвени јагниња, и слично. Сепак, во овој случај, дури и оставка на премиерот и пад на владата изгледа дека нема да биде доволна, нешто што само пред некој месец изгледаше како невозможна политичка цена. Со текот на времето, оваа цена само ќе расте, зашто досегашниот пристап на понудени жртви ќе биде доживеан како политички маневар во манирот „сите се виновни освен мене“, и незадоволството само ќе расте.

2. Неуспех на комуникациските стратегии

Досегашните комуникациски тактики на оцрнување на опонентите исто така сега нема да поминат. Протестантите изгледаат премногу автентично, и нивната енергија е преискрена, за мантрата за „странски платеници“ или „опозициски заговор“ да фати корен – напротив, тие отфрлаат секаква поврзаност, што ги прави само поотпорни на напади.

3. Тактики на насилен одговор

Тактиките на провокации, насилен одговор или параполициска обработка, сега само ќе направат дополнителна штета, зашто нема да ги спречат демонстрациите, а (како со последниот случај на напад на студентите), само ќе го зацврстат имиџот на недемократски насилник за власта.

Кој ќе го замени Вучиќ? 

Секако, на крајот останува прогнозата каде може да оди овој расплет. Мислам дека за естаблишментот во Србија во моментов нема многу добри опции. Цврст одговор само ќе ги зајакне демонстрантите и ќе доведе до експлозија на незадоволство кое може да стане фактор на дестабилизација. Референдум или избори, во оваа фаза на висока опозициска мобилизација, изгледаат како маневар, и постои ризик протестантите да ги бојкотираат, со барање да не ги спроведува сегашната власт. Освен тоа, класичната комуникациска теорија вели дека пресретнувањето на растечко незадоволство со нови избори, има статистичка смисла само до одреден момент на критички пресврт, а потоа нема значајно влијание на резултатите. Со други зборови, ако граѓаните веќе интимно и пресудиле на власта во Белград, колку брзо и да се случат изборите, промените на гласачкото расположение соодветно ќе забрзаат, и тие трендови нема да се сменат. Во овој момент, единствено што му останува на естаблишментот е да се обиде да ги збие сопствените редови, зашто ако и внатре се појават дисиденти, тоа ќе биде знак за конечен распад.

Конечно, единствениот проблем кој останува за опозициските сили во Србија е недостатокот на алтернативна политичка понуда. Тие сакаат Александар Вучиќ да замине, но немаат одговор кој да дојде да го замени. Но тоа, како и секогаш во вакви ситуации, на крајот е само прашање на време.


Петар Арсовски е политички аналитичар и публицист. Текстот е личен став на авторот. Преземенмо од ДојчеВеле.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар ВучиќПротестиСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Што ти се чинеше…

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, за локалните избори најави соработка и со ДУИ и со „Влен“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ