• Latest

ЦИВИЛ до граѓаните: Не наседнувајте на провокации!

March 1, 2017
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ до граѓаните: Не наседнувајте на провокации!

March 1, 2017 11:06
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода изрази згрозување и најостра осуда на актите на насилство во Скопје и во другите градови во Република Македонија, по вчерашните протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, упати повик за одговорност од сите политички апарати во земјата, како и апел до граѓан(к)ите да не наседнуваат на провокации.„Одговорни за говорот на омразата и за повиците на етничко и политичко насилство во земјата се токму структурите на моќта кои сè уште се на власт, а чии високи претставници се под истрага за сериозни криминални дела, злосторничко здружување, тешки злоупотреби и изборни измами“, стои во реакцијата на ЦИВИЛ.

„ЦИВИЛ го препознава ракописот на авторите на ова сценарио. Јавните повици на насилство ги упатија токму највисоките претставници на владејачката партија, а постапките на нивните коалициони партнери и соучесници во криминалното владеење не заостануваа зад нив во продлабочување на кризата и поттикнувањето или овозможувањето на тензиите.

Се пролеа крв и луѓе завршија во болници со тешки повреди. Се тепаат новинари кои ја вршат својата работа, да ја информираат јавноста за настаните. Тоа е неприфатливо и мора веднаш да престане!“, се вели во соопштението до јавноста.

ЦИВИЛ го повика Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки и акции за спречување на ескалација на насилствата.
„Го потсетуваме МВР на деновите кога истураше тешко вооружени оклопни полициски грамади врз демонстрантите кои навистина мирно протестираа и бараа слобода, правда и демократија. Обезбедувањето на протестите на кои им претходеа отворени повици на насилство е прилично скудно овие денови. Со која цел? Го потсетуваме министерот за внатрешни работи дека отсуството на прописна законска реакција е рамно на соучесништво, ако не и поттикнување на насилство, за што ќе мора да одговара еден ден“, реагира ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ги повика граѓанките и граѓаните на земјата да не подлегнуваат на манипулациите и повиците на лажна одбрана на нешто што не е доведено во прашање.

Ваквата реакција на ЦИВИЛ – Центар за слобода следи по синоќешните немири во Скопје, кога новинар и камерман од редакцијата на порталот А1 Он, беа брутално претепани пред Триумфалната порта, од петорица демонстранти.

„Тепањето новинари и недолжни минувачи, не само што е тежок криминал, туку е крајно неморален и кукавички чин!
Да се бара слобода, правда и демократија е возвишена човечка должност и одговорност, не предавство. Да се тепа, мрази и брани криминалот – тоа е предавство!“, заклучува ЦИВИЛ.

Tags: „За заедничка Македонија“насилствонередипретепеани новинарипровокацииПротестисоопштениеЦивил – Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ