Првиот мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), ќе се презентира утре (четврток, 2-ри март), во Холидеј Ин, со почеток од 11:30 часот.
Настанот е во организација на граѓанските организации „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, „НВО Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Презентацијата е дел од проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch”.
На настанот, ќе се обратат Снежана Трпевска, експерт за медиумско право, Александар Колеќески, постар истражувач од „Евротинк“ и Билјана Бејкова од „НВО Инфоцентар“. Модератор ќе биде новинарката Кристина Озимец.
Проектот е поддржан од амбасадата на Британија во Република Македонија.