• Latest
Христијан Мицкоски на Конференцијата за политичка акција на конзервативците во САД (фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски)

Кога ќе обезбедиш паркинг во Вашингтон

February 25, 2025

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Кога ќе обезбедиш паркинг во Вашингтон

February 25, 2025 10:07
in БЛИЦ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Христијан Мицкоски на Конференцијата за политичка акција на конзервативците во САД (фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски)

Христијан Мицкоски на Конференцијата за политичка акција на конзервативците во САД (фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Премиерот Мицковски не можеше да каже било каков добар изговор за неговите три патувања во Вашингтон за кусо време. Се разбира, не се ни обиде да исполни минимален респект кон јавноста за овие три, може да се рече, турнеи преку Океанот. Само рече дека побрзале да обезбедат простор за нас кај новата власт во САД.

Поинаку речено, Мицковски, како своевиден продавач на стари автомобили (според некогашниот висок американски функционер О’Браен) кому Вашингтон не му веруваше (не би купил стар автомобил ако Мицковски е продавач, да потсетам) мисли дека Трамп би бил полесен купувач на неговата политика. Но, тој не знае дека Трамп може да биде заинтересиран само да ти продаде автомобил, а не да покаже било каков респект за нашите понуди. Освен ако тие наши нудења се без обврска, како ова со поддршката на американскиот предлог во ОН околу украинската криза. Трамп – преку посредници, секако – собира гласови за својата резолуција за војната во Украина, наспроти европската, зад која стојат сите земји во Унијата (поддршка има во Израел и Грузија, на пример, и опа, еве нè нас.).

Премиерот кој постојано е на службен пат – во најава е нова турнеја во Турција и Унгарија – но не и за внатрешните настани во земјата, донел една многу сензитивна одлука за која никој не е консултиран, очевидно. Советот за безбедност? Па таму, на чело на органот кој треба да биде елементарно информиран за круцијални потези во надворешната политика, ја избра госпоѓа Иванов 2, која е надлежна само да потпишува сè што ќе ѝ понуди некој од владиниот кабинет. Зошто тој Совет воопшто постои? Оваа дилема која е важна заради потенцијалниот судир Европа – САД не влегла ниту во Парламентот, па ниту во некоја јавна дебата на која би биле присутни респектабилни стручњаци.

Јадна сме земја во која еден постојан екскурзијант може да носи круцијални одлуки за судбината на сите во оваа земја под притисок на болката во колената во авионот.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ