• Latest

24 ЧАСА: СДСМ го обвини Меџити за незаконско работење во МЖСП, тој негира, Владата ги отфрли наводите; Украина го поздрави усвојувањето на резолуцијата на ОН; Вучиќ се извини што гласале погрешно; САД на страната на Русија

February 25, 2025

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: СДСМ го обвини Меџити за незаконско работење во МЖСП, тој негира, Владата ги отфрли наводите; Украина го поздрави усвојувањето на резолуцијата на ОН; Вучиќ се извини што гласале погрешно; САД на страната на Русија

February 25, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

СДСМ го обвинува Меџити за незаконско работење, тој негира дека постапувал незаконски, Владата ги отфрли наводите на шпекулациите

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, достави документи до Владата со кои тврди дека вицепремиерот и министер Изет Меџити работел незаконски. Таа го отвори и прашањето за земање мито со вакво постапување. За Мицкоски пак, рече дека постапувал и како обвинител и врховен судија.

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, истакна дека не направил ништо незаконски, а за СДСМ кои пред Влада доставуваат документи до премиерот Христијан Мицкоски за незаконско работење вели: „Сакаат да ја продолжат приказнава. Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал. Ако сакаме да зборуваме за скандали, ги имаше доста до сега“.

Од Владата соопштија дека ги провериле и ги отфрлиле како неточни наводите изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Украина се заблагодари и го поздрави усвојувањето на резолуцијата на ОН за сеопфатен, праведен и одржлив мир

На 24 февруари 2025 година, Генералното собрание на ОН усвои резолуција „Унапредување на сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина“, која претставува уште еден цврст сигнал од меѓународната заедница во поддршка на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи ги и нејзините територијални води. 93 држави гласаа „за“, 18 „против“, а 65 држави се воздржаа, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

„Го поздравуваме усвојувањето на овој документ, со кој земјите-членки на ОН ја потенцираат неопходноста од постигнување на сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина во согласност со Повелбата на ОН, вклучително и нејзините принципи на суверена еднаквост и територијален интегритет на државите, како што е нагласено во резолуцијата ES-11/6 од 23 февруари 2023 година“, пишува во соопштението на украинското МНР.

РЕГИОН

Вучиќ се извинува: Србија направи грешка што гласаше „ЗА“ резолуцијата во ОН, требаше да се воздржи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија направила грешка со гласањето за резолуција во Генералното собрание на Обединетите нации со која се потврдува поддршката за Украина и нејзиниот територијален интегритет.

СВЕТ

САД на страната на Русија во резолуциите на ОН за Украина

Прво, САД се спротивставија на европската нацрт-резолуција со која се осудуваат постапките на Москва и се поддржува територијалниот интегритет на Украина – гласајќи на ист начин како Русија и земјите, вклучувајќи ги Северна Кореја и Белорусија, на Генералното собрание на ОН (UNGA) во Њујорк.

Потоа, САД подготвија и гласаа за резолуција во Советот за безбедност на ОН, која повикуваше на прекин на конфликтот, но не содржеше критики за Русија.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали Мицкоски ја води земјата во изолација?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Мицковски, како своевиден продавач на стари автомобили (според некогашниот висок американски функционер О’Браен) кому Вашингтон не му веруваше (не би купил стар автомобил ако Мицковски е продавач, да потсетам) мисли дека Трамп би бил полесен купувач на неговата политика. Но, тој не знае дека Трамп може да биде заинтересиран само да ти продаде автомобил, а не да покаже било каков респект за нашите понуди. Освен ако тие наши нудења се без обврска, како ова со поддршката на американскиот предлог во ОН околу украинската криза.“, пишува авторот Љубомир Костовски во „Кога ќе обезбедиш паркинг во Вашингтон“.

„Државата не може да биде демократска. Ако е демократска, тогаш ќе биде крајно неефикасна. А неефикасноста води кој неспокој, нарушување на здравјето…

Демократијата ги тера луѓето да размислуваат. А штом размислуваат, тие дебатираат. А штом дебатираат, тие се во стресна состојба.

Заради тоа, треба да се одлучува за важните стратешки и државни прашања на тоа ниво – во тесен круг од луѓе. Не дека е наша работа, но еве, најточно, одлуките се носат во тесен круг во мозокот на еден човек.“, прочитајте и слушајте  во новото видео  #esPRESSo на Џабир Дерала  „Нежна е грижата на власта за луѓето“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ