Граѓаните револтирани од високите сметки на ЕВН продолжуваат со повиците преку социјалните мрежи за организирање протести против компанијата која во текот на месеците декември и јануари на граѓаните им наплаќаше високи сметки за струјата. За денеска е најавен протест во Бутел.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како влијае покачувањето на струјата на семејниот буџет?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа