Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека се надева дека ќе разговара со Владимир Путин во следните неколку дена, додека американските власти се подготвуваат да отпатуваат во Москва подоцна оваа недела за да разговараат за понудата за прекин на огнот од 30 дена, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека „топката е во нивниот [руски] терен“.
Кремљ допрва треба да даде одговор, но портпаролката на Министерството за надворешни работи вели дека позицијата на Москва ќе биде одредена дома, а не во странство
Поранешен советник на Путин изјави за Би-Би-Си дека предлозите за прекин на огнот му даваат на Путин „дилема“, додавајќи дека „Бајден бил само непријател, Трамп е ривал“.
Во меѓувреме, испораките на американската помош за Украина преку Полска се обновени, според полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, откако Украина соопшти дека е подготвена да го прифати предлогот на САД за првичен 30-дневен прекин на огнот.
Руските ракетни напади врз Украина продолжија во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 14 цивили, а повредени се најмалку 33 , според објавата на регионалните власти на 12 март.
Д. Мишев