• Latest
Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, прес конференција, Кочани, 16 март 2025 (скриншот од видео на ТВ Телма)

МТВ, јавен сервис или приватен билтен на Тошковски – единствениот кој обвинува, апси и суди

March 16, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

МТВ, јавен сервис или приватен билтен на Тошковски – единствениот кој обвинува, апси и суди

March 16, 2025 19:05
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, прес конференција, Кочани, 16 март 2025 (скриншот од видео на ТВ Телма)

Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, прес конференција, Кочани, 16 март 2025 (скриншот од видео на ТВ Телма)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Надвор од сите елементарни правила за пренос од настани поврзани со несреќата која ја задеси земјава, уредничката и водителка на вестите во 17 часот – Марина Доковска ја прекина прес конференцијата на СДСМ. Истата беше посветена на одговорот на оваа партија на факти изнесени од министерот за внатрешни работи кој цел ден се обидува да ги искривува нештата и да ја трга одговорноста најнапред од секторот кој го покрива, пренесувајќи ги своите функции на секој, како што рече, кој во изминатите 30 години имал било каква власт или моќ.

Најнапред е просто долно како се прекинува пресот во мигот кога се изнесуваат јасни прашања што си ги поставува и јавноста – кој е одговорен што овој објект е пуштен одново како наводно реновиран летоска, кога целата власт во земјата, на централно или локално ниво ги имаше токму ВМРО-ДПМНЕ? И тука Доковска рече дека за остатокот од пресот ќе ги извести гледачите во некои од другите информативни емисии!? За да продолжи со веќе бајати вести за тоа како странскиот печат известувал за трагичниот настан во земјава. Тоа не може да се одложи, да не кажам да се репризира по кој знае кој пат?

Или на Марина Доковска ѝ се запали некоја алармна светилка во студиото и таа се исплаши дека поминала некоја црвена линија што ја поставиле оние кои овој сервис (што треба да ѝ служи на јавноста) го сметаат за приватен, односно партиски билтен!? Треба тој прес на Чупеска сега во штабот на Тошковски да се преработи, обработи, да се најде одговор на она што евентуално ќе се пушти од СДСМ, ама во истиот миг да се одговори на него, каква што е праксата во МТВ веќе 15-16 години во континуитет!

Не беше ова ден за партиски пресметки, најмалку за тоа, но путерот на главата на Тошковски, што се вели, почна да му тече штом стапна во Кочани, па почна да зборува за безграничната одговорност (без некој да ја спомене одговорноста) и продолжи тоа да го прави на сите појави пред камерите, кога главно одбиваше да одговори на најголем дел од поставените прашања. Но затоа тој, а не истрагата, која е во рацете на обвинителството на чија УСЛУГА ѝ е полицијата, се прогласи за единствениот што може да зборува. Најмалку тој треба да држи во рацете наводни факти и документи (буквално) и да одредува што може да се покаже, а што не…

Впрочем, тој уапсил околу 20 лица и сите, за чудо (!), од поранешните централни власти, а ниту еден од актуелните или локалните кои се тука во Кочани барем три и пол години во континуитет.

Тошковски на лице место демонстрираше како ја гледа својата функција – како некој кој обвинува, суди и носи во затвор луѓе по сопствена селекција, без да видиме дека за тоа имал налог од надлежен и претпоставен орган.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ