ВЕСТ НА ДЕНОТ
Мицкоски го паузира разрешувањето на државниот обвинител Коцевски
Владата ја стопира постапката за разрешување на државниот обивнител Љупчо Коцевски за да му даде шанса на обвинителството целосно да се посвети на истрагата за трагедијата во Кочани…
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
-За оние кои се лекуваа надвор од државата имаме добри вести. Денеска веќе не се бројка 116 туку 113 што се лекуваат. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција, рече Таравари на прес-конференцијата.
РЕГИОН
Политико: По неколкумесечни протести во Србија, ЕУ конечно се соочи со Вучиќ со одмерен прекор
По неколкумесечни рекордни протести во Србија, ЕУ конечно го прекина својот молк – нудејќи редок, но одмерен прекор до Белград…
СВЕТ
Палестинците во Газа се кренаа против Хамас
Палестинците демонстрираа против Хамас во северниот дел на Газа во вторникот, што изгледаше како најголем протест против милитантната група од нејзините напади врз Израел …
АЛ -ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми: Во Албанија за 5 години конфискувани над 180 милиони евра од кривични дела; Косовското обвинителство започна истрага за гласањето по пошта; Путин, Трамп и Платон ја прекројуваат Европа
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за истрагата на властите за трагедијата во Кочани?
АНАЛИЗИ
Понекогаш е подобро да не знаете што велат вашите таканаречени пријатели зад грб. Како во конкретниот случај кога вашиот најблизок сојузник ве нарекува „ПАТЕТИЧНИ“, ве обвинува за „бесплатно вчитување“ и вели дека треба да бидете принудени да платите за нешто што никогаш не сте знаеле дека ќе го направат, пишува Драган Мишев во анализата „Реакции на сојузниците на САД на протечените разговори на Сигнал: Понекогаш е подобро да не знаете што велат вашите таканаречени пријатели зад грб“.
Подготви: Д. Мишев