• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Притвор за четворицата срби уапсени во Ѓаковица; Без нормализација нема движење кон ЕУ; Израел го одликува Рама со Претседателски орден на честа

April 7, 2025

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Притвор за четворицата срби уапсени во Ѓаковица; Без нормализација нема движење кон ЕУ; Израел го одликува Рама со Претседателски орден на честа

April 7, 2025 13:52
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителството соопштува дека донело решение за отпочнување на истрага и дека до Основниот суд во Ѓаковица поднело барање за определување мерка притвор во траење од еден месец за  четворицата осомничени, јавуваат косовските медиуми.

Албанскиот премие Еди Рама е одликуван со Претседателскиот орден на честа доделен од претседателот на Израел, Исак Херцог, јавуваат албанските медиуми.

„Како може Косово и Србија да живеат без нормализација“ – колумна на Коха.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РТК: Се бара притвор за четворицата Срби уапсени во Ѓаковица

Основното обвинителство во Ѓаковица побара 30 дена притвор за четворицата уапсени Срби.

Обвинителството соопштува дека донело решение за отпочнување на истрага и дека до Основниот суд во Ѓаковица поднело барање за определување мерка притвор во траење од еден месец за осомничените, пренесе РТК.

Според барањето на Обвинителството, постои сомнение дека обвинетите од српска националност сториле кривично дело „Неовластено поседување, контрола или држење оружје“.

Балкан веб-  Калас за дијалогот Косово-Србија: Без нормализација, земјите не можат да се движат кон Европа

Европската унија ги разоткрива грешките во бриселскиот дијалог меѓу Косово и Србија, за да му даде живот на процесот на нормализација на односите меѓу двете соседни земји, изјави во понеделник во Подгорица шефицата за надворешна политика на блокот Каја Калас.

Запрашана за стагнацијата на дијалогот меѓу Косово и Србија, Калас за време на конференцијата за медиуми рече дека „она што го правиме овој месец е анализа“ заедно со претставниците на ЕУ за дијалог, Питер Соренсен, кој ја презеде функцијата во февруари, пренесе Балкан веб.

Бота сот: Ќе има ли коалиција Ветевендосје -Нисма, ова се последните случувања

Движењето Ветевендосје во владина коалиција со Социјалдемократската иницијатива и немнозинските заедници, со исклучок на Српската листа, се смета за најреално сценарио за формирање на новата влада на Косово. Но, во партијата на Албин Курти и во партијата на Фатмир Лимај, не го потврдија почетокот на разговорите за коалиција, иако се пишуваше за нивна средба, пренесе Бота сот.

АЛБАНИЈА

Репортери: Еди Рама одликуван со Претседателски орден на честа во Израел

Премиерот Еди Рама е одликуван со Претседателскиот орден на честа доделен од претседателот на Израел, Исак Херцог, пренесе Репортери.

Оваа награда се доделува на значајни светски личности во политиката, а во овој случај доаѓа како почит на примерот што Албанците му го оставија на светот со тоа што не предадоа никаква еврејска, верска и етничка толеранција.

За време на заедничката прес-конференција, претседателот на земјата изрази благодарност до албанскиот народ и премиерот Рама за поддршката на еврејскиот народ.

КОЛУМНА

Коха: „Како може Косово и Србија да живеат без нормализација“

„По 14 години дијалог, се сметаше за нормално дека Косово и Србија немаат нормални односи. Ова чувство е засилено за време на мандатот на Жосеп Борел и Мирослав Лајчак. Наследничката на Жозеп Борел, Каја Калас веќе пропатувала половина свет, оди и во регионот, но не ги посетува Косово и Србија.

Или нема време, или има причина за ова. Ако тоа е „поради набиена агенда“, тогаш дијалогот повеќе не и е приоритет. Таа сега зборува за „други алатки“ за нормализација, а не повеќе за „дијалог кој нема алтернатива“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната „Како може Косово и Србија да живеат без нормализација“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ