• Latest
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

Нова етичка насока: Без вештачка интелигенција на состаноци на ЕУ

April 17, 2025

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Нова етичка насока: Без вештачка интелигенција на состаноци на ЕУ

April 17, 2025 14:50
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТЕХНОЛОГИИ
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Извршната институција на Европската унија воведе ново правило кое забранува виртуелни асистенти базирани на вештачка интелигенција да учествуваат на нејзини состаноци. Ова правило беше применето за првпат на повик со претставници од мрежа на канцеларии за поддршка на дигитални политики низ Европа, претходно овој месец. „Не се дозволени ВИ агенти“, стоеше на слајд со етикета за е-состаноци при почетокот на презентацијата.

Комисијата потврди дека го вовела ова правило минатата недела, но одби да даде дополнителни детали за политиката и причините за таа одлука.

Ова е необичен пресврт во новиот развој на технологијата за вештачка интелигенција: подемот на таканаречените „ВИ агенти“. Најпопуларната примена на ИИ досега се чини дека се чет-ботови како ChatGPT на OpenAI, кои можат да генерираат текст или информации или да извршат една единствена задача кога ќе им се даде команда од човек. Но, ИИ агентите ја поместуваат таа граница: тие се асистенти што можат самостојно да извршат неколку задачи и да се движат во виртуелната средина. Тие делуваат во име на корисниците за да спроведат низа задачи кои им помагаат на луѓето во работата или секојдневниот живот, пишува Политико.

Една од тие задачи е да се приклучат на онлајн состанок, да водат белешки или дури и да пренесат одредени информации.

Технологијата беше спомната во поширокиот пакет на Комисијата за виртуелни светови објавен на 31 март.

„ВИ агентите се софтверски апликации дизајнирани да ја перцепираат и да комуницираат со виртуелната средина,“ стои во текстот. Агенти може да „делуваат самостојно“, но нивната работа е одредена според „одредени однапред дефинирани правила“.

Водечки компании за ВИ веќе експериментираат со свои апликации за ИИ агенти. Компании како OpenAI, Microsoft и Mistral веќе развиваат вакви агенти. OpenAI го претстави “Operator”, Microsoft ги интегрира агенти во Copilot.

Досега, технологијата не е опфатена со специфично законодавство, но ИИ моделите кои ги напојуваат агентите ќе треба да се придржуваат до обврзувачкиот ВИ акт на ЕУ.

Технологијата, исто така, би можела да биде во фокус кога Комисијата ќе истражува можност за специфично законодавство за алгоритамско управување – идејата дека вработените се управувани од алгоритми – подоцна во овој мандат, се вел иво прилогот на Политико.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result