• Latest
Фотомонтажа: ЦивилМедиа

(Вознемирувачки материјал) РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Цивилите – единствена мета на нападот врз Кијив

April 24, 2025

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(Вознемирувачки материјал) РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Цивилите – единствена мета на нападот врз Кијив

April 24, 2025 12:05
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фотомонтажа: ЦивилМедиа

Фотомонтажа: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на ноќта на 24 април Русија изврши еден од своите најбрутални напади со проектили и беспилотни летала во последниве недели, лансирајќи масивен бран крстосувачки ракети, ракети Калибр, балистички ракети, ракети воздух-земја Kh-59/69 и самоубиствени беспилотни летала врз Кијив, во кои според прелиминарните извештаи најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени.

Од 9:00 часот, дури 31 лице, меѓу кои пет деца, се хоспитализирани во Кијив по масовниот руски напад ноќе на 24 април, објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм. Според него, од ноќниот напад повредени се вкупно 70 лица.

„Информациите за бројот на загинати сè уште се ажурираат. Спасувачите продолжуваат да ги расчистуваат урнатините на две оштетени станбени згради во киевскиот кварт Свијатошински“, додаде Кличко.

 

1 of 6
- +

 

Повеќе од 80 луѓе беа ранети, а девет убиени низ Украина како резултат на масовен руски ракетен и беспилотен напад во текот на ноќта на 24 април. Русија лансираше околу 70 проектили, вклучително и балистички, и речиси 150 беспилотни летала, објави претседателот Володимир Зеленски  на Фејсбук.

„Поминаа 44 дена откако Украина се согласи на целосен прекин на огнот и прекин на нападите. Ова беше предлог на Соединетите држави.“

Тој нагласи дека е клучно целиот свет да види и разбере што навистина се случува.

„Речиси 70 проектили, вклучително и балистички. И околу 150 нападни беспилотни летала. За жал, има значително уништување. Спасувачките операции се во тек, а урнатините од станбените згради се расчистуваат. До овој момент, над 80 луѓе се повредени низ Украина. Сите ја добиваат потребната помош. на жртвите

Киjив, Харкив, Павлорад, Житомир и други градови низ земјата беа цел на овој координиран напад. Обемот и интензитетот на овој напад уште еднаш покажуваат дека Русија нема намера за деескалација, туку само уништување.

Прелиминарните извештаи покажуваат дека најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени, вклучително и шест деца, во нападот од големи размери на Русија со ракети и беспилотни летала врз Кијив во текот на ноќта на 24 април, соопштија украинските власти.

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 1156 ден од почетокот на целосната инвазија, на социјалната мрежа Х објави за масовниот ракетен напад на државата-агресор русија која продолжува со теророт врз мирното население .

 «Ден 1156. Во ноќта на 24 април, руската федерација изврши масовен комбиниран ракетен напад врз Украина – беа нападнати Кијив и уште 9 области. Загинаа 9 лица, повеќе од 70 се повредени.
државата-агресор русија продолжува со теророт врз мирното население!», напиша амбасадорката Дир.

Ден 1156. Во ноќта на 24 април, рф изврши масовен комбиниран ракетен напад врз Украина – беа нападнати Кијив и уште 9 области.
Загинаа 9 лица, повеќе од 70 се повредени.
државата-агресор рф продолжува со теророт врз мирното население!#StopRussia pic.twitter.com/zNaPcTUyRq

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 24, 2025

Жителите на Кијив се лути на Западот поради неговата „тивка согласност“ за руските напади. 52-годишната Лилја Једаменко која живее спроти зградата која се урна како резултат на руското ракетирање на Кијив синоќа, за Би-Би-Си изјави дека е „лута“ на она што се случува.

„Овие видови на злосторства против цивилите се вршат со [тивка] согласност на западниот свет“, вели таа. „Мојата порака до Западот е дека сите живееме на иста планета, сите сме поврзани политички и енергично и толерирањето на злосторствата како оние што Русија ги прави против цивилите во Украина ќе влијае на целото човештво.

Да нема забуна, ова е одмазда на Русија. Додека нивниот 51-ви арсенал сè уште експлодира, проектилите и муницијата горат, а како одговор тие го прават она што секогаш го прават: удираат по мирните украински градови. Кијив, Харкив, Павлорад, Житомир – сите тие се на удар.

Како што објави украинското воено воздухопловство, во руските напади врз Украина изминатиот ден загинаа 13, а повредени беа најмалку 97. Украинските сили соборија 64 од 145 беспилотни летала од типот Шахед и други, како и 48 од вкупно 70 проектили, лансирани од Русија во текот на ноќта.

Драган Мишев

Tags: Кијивруски ракетен терор врз Украинацивилни жртви
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ