• Latest
Министерство за правда му одговори на ЦИВИЛ Рокот за носење на Изборниот законик е јуни, потребна е поддршка од клучните политички фактори

Министерство за правда му одговори на ЦИВИЛ: Рокот за носење на Изборниот законик е јуни, потребен е конструктивен пристап и поддршка од клучните политички фактори

April 29, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Министерство за правда му одговори на ЦИВИЛ: Рокот за носење на Изборниот законик е јуни, потребен е конструктивен пристап и поддршка од клучните политички фактори

April 29, 2025 12:04
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Министерство за правда му одговори на ЦИВИЛ Рокот за носење на Изборниот законик е јуни, потребна е поддршка од клучните политички фактори
Share on FacebookShare on Twitter

„Во фаза сме на консултација околу процесот за подготовка на предлог Изборен законик“, велат од Министерството за правда како одговор на прашањата што ЦИВИЛ Медиа ги упати до министерот Игор Филков.

Шест месеци пред одржување на локалните избори, доколку Изборниот законик не претрпи измени, собранискиот спикер Африм Гаши најави дека постои можност тие да се реализираат по постојни законски решенија на 19 или 26 октомври.

Од Министерството за правда за ЦИВИЛ Медиа велат дека рокот за носење на Изборниот законик е јуни 2025 година.

Прашањата за кои побаравме одговор од министерот Филков се:

Дали и кои измени и дополнувања во Изборниот законик може да се очекуваат во пресрет на локалните избори?

Дали е формирана работна група за измени во Изборниот законик, односно дали ќе се реактивира Работната група за изборни реформи што вообичаено ја иницирана Министерството за правда?

Дали планирате вклучување на граѓанското општество и експертската заедница во изборните реформски процеси?

„Министерството за правда ги започна подготовките, но без поддршка од политичките чинители, неговото донесување не може да се реализира. Ќе следат разговори на политичките субјекти. Сепак треба да се има предвид дека изборното законодавство бара широк политички консензус и тука ќе треба конструктивен пристап и поддршка од клучните политички фактори во земјата, нешто кое за жал во досегашните изборни циклуси резултираше со дискрепанци меѓу нацрт верзијата на законот подготвена со поддршка на ОДИХР и усвоениот законик од страна на Собранието“, одговорија од ПР службата на Министерството на поставените прашања.

Одговорот упатува на заклучокот дека сепак одлуките кои ќе се носат во однос на измените и дополнувањата на Изборниот законик, како и секогаш ќе зависат од политичкит партии и колку и за што консензуално ќе се договорат.

Конструктивниот пристап и поддршка од политичките фактори е неизвесен, а улогата на граѓанското општество и експертската заедница е исклучена во одговорот на Министерството.

Министерството за правда посочува дека, за жал, имаше дискрепанци меѓу она што беше доставена како драфт верзија пред парламентарните избори во 2024 година и она што се усвои во Собранието.

Во последните измени беа вклучени некои од претходните препораки на ОДИХР и технички предлози на ДИК. драфт верзијата што не беше ниту разгледана во Сабранието беше резултат на Работната група за изборни реформи, иницирана од Министерството за правда

Она што се донесе како измени беше Предлог за Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка од група пратеници: Мартин Костовски (СДСМ), Никола Мицевски (ВМРО-ДПМНЕ) и Арбер Адеми (ДУИ)

Работната група заврши со работата на 7 ноември 2023, во дадениот рок оставајќи доволно време за партиите во Собранието да ги разгледаат и донесат одлука.  На седицата, покрај инситутициите, редовно со конструктивна дебата и препораки учестувавше и ЦИВИЛ со тројца претставници.

Биљана Јордановска

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ