• Latest
Фотографија: Фејсбук страница РРЦ - Ромски Ресурсен Центар

Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

May 7, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

Кривична за „тероризам“ против скопјанец за лажна пријава за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

August 21, 2025
Во моментов, законот за прераспределба е усвоен во Претставничкиот дом на ТексасФото: Скриншот од видео на ВВС

Пратениците од Тексас одобрија нова изборна мапа прекроена во корист на републиканците

August 21, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

May 7, 2025 11:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фотографија: Фејсбук страница РРЦ - Ромски Ресурсен Центар

Фотографија: Фејсбук страница РРЦ - Ромски Ресурсен Центар

Share on FacebookShare on Twitter

Мрежа за заштита на жените Ромки “Рамајана”, неформална група од Ромки активистки и граѓански организации, бараат итна акција за фемицидот врз Рамајана Асан.

На 3 мај 2025 година, 36-годишната Рамајана Асан беше убиена од нејзиниот партнер во нејзиниот дом во Шуто Оризари, во присуство на 5 годишната ќерка.

Според достапните информации, велат од Мрежата, жртвата претходно повеќепати пријавувала семејно насилство во присуство на сведоци, но институциите не постапиле согласно законските обврски вклучително и оние утврдени во Истанбулската конвенција и националното законодавство.

Мрежата за заштита на жените Ромки вчера упатила писмо до надлежните институции со барање за одговорност и итни мерки.

Барањата вклучуваат:

  • Детална истрага за одговорноста на полицијата и социјалните служби;
  • Квалификување на делото како фемицид врз основа на родово базирано насилство;
  • Итно воспоставување на СОС линија и прифатилиште на ромски јазик;
  • Транспарентна ревизија на полициските протоколи и обука за службениците за работа со ранливи заедници;
  • Вклучување на ромски организации во креирањето на политики за родова еднаквост.

Убиството на Рамајана не е изолиран инцидент – тоа е дел од поширока појава на родово базирано насилство и институционална небрежност, што особено ги погодува ромските жени, кои секојдневно се соочуваат со повеќекратна дискриминација. 

„Само во 2024 година, во Северна Македонија беа официјално регистрирани 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени. Истанбулската конвенција, како и домашното законодавство, обврзуваат на итна и проактивна институционална реакција – нешто што очигледно изостана“, велат од Мрежата.

Жените Ромки и граѓанските организации кои го упатија писмото ја повикуваа јавноста, медиумите и сите надлежни тела да ја препознаат тежината на овој фемицид и да преземат одговорност.

Здружени сме во заложбата никогаш повеќе ниту една да не биде игнорирана и да не заврши како последниот трагичен случај.

Писмото е упатено до Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, до Народниот правобранител Насер Зибери, министерот за социјални политики Фатмир Лимани, Лимко Бејзаровски, претседател на Комсијата против дискриминација и до јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ