• Latest
Војо Маневски

Помина една година, реформи нема, а ние чекаме

May 8, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Помина една година, реформи нема, а ние чекаме

May 8, 2025 12:38
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

 ВОЈО МАНЕВСКИ

Има една песна од руски поет кој пред осумдесет години напишал еден убав стих „ чекај ,чекај ме, чекај и јас ќе дојдам“. Песната е љубовна исто како и емотивниот изблик на моите сограѓани кога излегуваат да гласаат за нов состав на парламентот. Гласаат и се надеваат дека токму таа новата власт ќе им донесе подобар живот, ако не подобар барем за малку попристоен. Со емоции гласаат и чекаат подобар живот. Како и во песната после чекањето најчесто настапува разочарување, само што животот не е песна ами бескрајна низа на надежи.

Што би можело да се напише за изминатава година откако граѓаните решија да ја сменат власта и своите надежи да ги стават во рацете на нова политичка номенклатура. Помина половината од неа со обвинување на поранешната власт за состојбите кои ги оставила. Тоа како оправдување за почетничкото неснаоѓање во управувањето со државата беше очекувано. Кој им е крив на граѓаните што имаа нереални очекувања засновани врз изборната кампања . Нивно е да не замајуваат ама наше е да не им веруваме во се што кажат. Има една доследност кај актуелните власти. Најавија застој во евроинтеграциите и засега принципиелно се држат до ветувањата. Ако очекувавме некоја нова и многу проактивна надворешна политика изгледа сме се излажале или не сме ги разбрале најавите од пред изборите. Искрено состојбата ми личи на заклучокот: Не избравте и сега трпете ги нашите политики, ние сме ваш избор.

Бидејќи во системот на државните политики нема поделеност туку взаемно влијание, да си поставиме неколку дилеми и одговорите да си ги дадеме сами.

Живееме ли подобро ? За да живееме подобро и со повисок стандард треба да произведуваме и повеќе и подобро а сето тоа да го продадеме на домашниот и меѓународниот пазар. Како да произведуваме воопшто повеќе кога целиот макроекономски систем е поставен врз потрошувачката. Никако да се одлепиме од транзициските навики  на краткорочни политики. Искрено се надевавме дека ќе биде понуден некој поефикасен модел кој бргу ќе ја преструктуира нашата економија . Нема прогрес во трите неопходни сектори. Дигитализацијата , енергетиката и образованието. Општиот впечаток е дека се крпи таму каде што се скинало, а не се крои нова облека. Изгледа проблемот е во кројачот а не само во штофот. Еклатантен пример се средствата од унгарскиот кредит. И кога ќе се најдат средства тие споро се внесуваат во инвестициските канали. Која и да дојде власт тешко го придвижува државниот апарат и интересите на оние кои ги зафатиле местата на финансиските пазари.

Како да е бласфемија да се постават нови правила за работата на банките кои место во реалната економија средствата ги пласираат во полушпекулантски инвестиции од кои се качуваат цените на становите и никнуваат згради во кои светлата се палат се поретко. Овој модел е веќе виден и истражен во Италија во седумдесеттите и крајот на осумдесеттите кога се распадна и целата политичка номенклатура на таа земја. Триесет години и требаше дојдат до реален раст на економијата. Нам изгледа ќе ни треба многу повеќе. Има овде и еден објективен проблем. Во што да се вложат парите кога квалификувана работна сила има се помалку а економски оптимизам нема воопшто.

Затоа сѐ сведува се на државниот буџет и на задолжувањата од странство. Имаме историски најголем буџет ама и тој изгледа нема да е доволен за потребите на администрацијата и остареното население кое веќе нема ни идеи ни сила за некакви нови циклуси на инвестиции. Веќе стана навика се да покрива државата и кога треба и кога дури не смее да го прави тоа. Слабоста на популистичките политички партии е токму тоа. Масовноста на членството и поддржувачите чини и мора да се плати. А се плаќа од заедничкото чекмеже наречен буџет.

По малку е смешно објаснувањето за споредбите во растот на БДП. Никако да се направи анализа во целост. На кој што му изгледа подобро тоа го користи. Сме имале пад во растот ама во март индустрискиот раст бол зголемен. Во економијата се разгледуваат тенденциите а не дневните известувања. Најавите дека БДП ќе изнесува 17 милијарди евра се оптимистички ама дека со тој раст реално ќе се намалел процентот на задолженост е статистичка операција. Кредитите заедно со каматите ние мора да ги вратиме. Ако имаме поголема продуктивност тоа ќе ни биде полесно .Но ако се продолжи тенденцијата на задолжување и трошење на средствата во проекти кои не продуцираат додадена вредност од што ќе ги вратиме? По се изгледа како и до сега . Нека му ја мислат идните генерации кои треба да ги враќаат. Нека станат попродуктивни и ќе имаат повисок стандард а кредитите и нашите заблуди ќе ги плаќаат полесно. И така од генерација на генерација. А тоа што нашите најдобри кадри ќе плаќаат даноци во други држави и економски системи засега не нѝ се размислува зошто сме зафатени со постојани политички превирања и избори. Од едни избори излегуваме во кампања за други влегуваме.

Се изнапишувавме дека системот станал самоодржлив и тешко променлив. Вака поставен тој веќе ја јаде сопствената супстанца ,го јаде и буџетот и кредитите кои се земаат. Штом не можеме да се промениме и немаме сила да се ослободиме од негативните тенденции силата на состојбите ќе не удри како шок терапија. Сега позајмуваме директно од странски држави но наскоро и тие ќе бараат надзор над нашите јавни финансии. Ќе си ги бараат парите со каматата која е договорена. Изгледа се ќе се заврши со аранжмани со ММФ и Светска Банка а тогаш секое зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор ќе мора да помине низ нивните одбори и да добиеме одобрување.

Помина една година од владеењето на новата влада,  ние си рецитираме: ЧЕКАЈ, ЧЕКАЈ МЕ, ЧЕКАЈ И ЌЕ ДОЈДАМ. Таман да додадеме уште една придавка кон името на нашата татковина – ЧЕКАЛНА.


Текстот е личен ста на авторот
Tags: буџетнова политичка номенклатурареформичекална
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ