• Latest

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025 15:41
in ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на победата – алатка на Путиновата пропаганда

Со доаѓањето на Владимир Путин на власт во 2000 година, воената парада во Москва по повод Денот на победата 9 Мај се користи како клучен елемент на неговата домашна пропаганда, зајакнување на „патриотизмот“, глорифицирање на руската војска и да ја мобилизира јавноста пред западната „закана“ за Русија. Како што јавуваат агенциите, на парадата оваа година учествуваа околу 10.000 воени лица, вклучувајќи војници од многу други земји, како и руски воен персонал кој се борел во Украина.

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со носење на руското знаме и победничкиот транспарент на Црвениот плоштад, придружени со песната „Света војна“.

Рускиот претседател Владимир Путин го започна својот говор велејќи дека должност на Русија е да го брани достоинството на војниците на руската армија. Тој истакна дека руското општество „ги поддржува учесниците во специјалната воена операција“.

„Вистината и правдата се на наша страна“, додаде Путин, пред повеќе од 20 светски (авторитарни) лидери кои присуствуваат на парадата на победата на Црвениот плоштад, вклучувајќи ги претседателите на Кина, Си Џинпинг, на Венецуела, Николас Мадуро, на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, на Буркина Фацо, Ибрахим Траоре, на Белорусија, Александар Лукашенко, на Србија, Александар Вучиќ, на Република Српска, Милорад Додик и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

Од Амбасадата на Украина велат дека Русија повторно ќе организира парада, која со години не служи толку за оддавање почит на жртвите од Втората светска војна, колку што е алатка за пропаганда. Дури и најавата за тридневен прекин на огнот покажува дека за Москва се поважни парадите и милитантната пропаганда отколку зачувувањето на човечки животи и обновата на мирот.

„Руската нечовечка фигура што ќе го прифати парадниот строј нема ништо заедничко со победата над нацизмот. Тоа е воен злосторник, за кого Меѓународниот кривичен суд има издадено налог за апсење. Руските војници што ќе маршираат пред него, исто така не се ослободители од нацизмот – тие се окупатори, воени злосторници, грабежливци, силувачи и убијци.

Всушност, парадата на Путин на 9 мај ќе ја прославува не победата над нацистичка Германија, туку современата фашистичка Русија“, потенцираат од украинската амбасада.

Путин со своите историски лаги го пере империјалното безумие, тешката неправда и најтешките злосторства

За време на „Часот на сеќавање“ во Бундестагот по повод 80-годишнината од крајот на војната, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за, како што ги нарече, неговите „историски лаги“.

Штајнмаер ја осуди тврдоглавоста на Кремљ дека неговата војна против Украина претставува „продолжение на борбата против фашизмот“.

„Воената агресија на Путин, неговата кампања против слободна, демократска земја, нема ништо заедничко со борбата против националсоцијалистичката тиранија во Втората светска војна,“ изјави тој.

Тој ја пофали улогата на Црвената армија во ослободувањето на Германија од националсоцијализмот, која, како што рече, вклучувала „Руси, Украинци, Белоруси“ (Грузинци, Полјаци и други), сите кои се бореле под нејзиното знаме, како и за ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, во јануари 1945 година.

„Најмалку 13 милиони од тие војници, и двојно повеќе цивили, ги загубија животите. Црвената армија го ослободи Аушвиц. Нема да заборавиме ништо од тоа. Болно да се признае оти „ослободителите на Аушвиц станале новите агресори“, рече тој.

Дури и во време на глобална несигурност, Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

Денес, 75 години по објавувањето на Шумановата декларација, Европа е повеќе од Унија, таа е наш дом и можеме да бидеме горди на неа, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео порака по повод Денот на Европа – 9 мај.

– Пред точно 75 години, еден визионерски лидер предложи Шумановата декларација да биде првиот чекор кон нашата Европска Унија и тоа беше почеток на најдолгата ера на мир во нашата историја, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, дури и во време на глобална несигурност, Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува.

– Ние сме уникатна демократија на 27 земји и 450 милиони, имаме солидна и динамична економија, но исто така и чист воздух, чисти училишта и слобода на говорот. Живееме подолг и поздрав живот од кое било друго место во светот и сме толку атрактивни што 12 земји се на листата на чекање за да се приклучат на нашата Унија. Па затоа да живее Европа и среќен Ден на Европа, нагласи Фон дер Лајен.

Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас и неколку европски МНР во посета на Украина

Министрите за надворешни работи на европските земји и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, се во посета на Украина на Денот на Европа, објавија денеска Калас и украинскиот премиер Денис Шмихал на социјалните мрежи.

– Денеска заедно со Украина и нејзиниот народ го славиме Денот на Европа. Затоа што во семејството се делат и радостите и тешкотиите. Заедно со министрите за надворешни работи се залагаме за траен мир со Украина. За иднина во која веруваме, напиша на Х, Каја Калас, шефица на европската дипломатија.

Истовремено, Калас, која ден претходно ја најави посетата на Украина на 9 мај, сподели фотографија на која е заедно со премиерот на Украина, Денис Шмихал и министерот за надворешни работи, Андриј Сибиха.

– Денеска сум многу среќна што го славам Денот на Европа во Лвив со нашите украински пријатели и министри од европските земји. Среќен Ден на Европа во Летонија, истакна на X летонската министерка за надворешни работи Баиба Браже.

И новиот германски министер за надворешни работи Јохан Вадепул исто така синоќа на Х се пријави од Лвив во Украина, што е негова прва посета. Тој денеска треба да учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Лвив заедно со неговиот украински колега Андриј Сибиха.

– Со задоволство им посакав добредојде на високата претставничка Каја Калас и европските министри за надворешни работи во Лвив на Денот на Европа. Добредојдовте, пријатели. Ова е историско собирање во историско време. Тоа ја одразува клучната улога на Украина во одбраната на европската слобода и вредности. Ја започнавме нашата посета на Марсовото поле на гробиштата Личакив за да им оддадеме почит на украинските херои кои ги жртвуваа своите животи бранејќи ја Украина од руската агресија. За време на средбата на премиерот Денис Шмихал со Каја Калас, разговаравме за понатамошни заеднички напори за зајакнување на Украина, зголемување на притисокот врз Русија и унапредување на пристапувањето на Украина во ЕУ, напиша Сибиха на Х.

Фото: Сибиха на Х

Тој информира дека следуваат важни настани – состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и Основната група за Специјалниот трибунал за злосторството на агресија против Украина.

– Денеска заедно со пријателите и партнерите од странство во Лвив. На Марсовото поле оддадовме почит на бранителите кои загинаа за Украина во руско-украинската војна. Украина и Европа вечно им должат на оние кои ги дадоа своите животи за мир и безбедност на целиот континент. Вечна слава на хероите. Им благодариме на сите кои денес стојат рамо до рамо со Украина: високата претставничка на ЕУ Каја Калас, министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија, европските комесари, дипломатите. Ја чувствуваме и високо ја цениме вашата непоколеблива поддршка на украинскиот народ, истакна украинскиот премиер Шмихал на Телеграм.

Историски факти: Западот наспроти Истокот, два датума, една победа над фашизмот

Денот на победата во Европа е денот кога се одбележува формалното прифаќање од страна на Сојузниците во Втората светска војна на безусловната капитулација на германските вооружени сили на 8 мај 1945 година (вторник);  го означи официјалното завршување на сите германски воени операции.

Повеќето поранешни советски земји, како и некои други, го слават овој ден на 9 мај, бидејќи безусловната капитулација на Германија стапи на сила во 23:01 часот на 8 мај според средноевропско летно време, што одговара на 00:01 часот на 9 мај по московско време.

Неколку земји секоја година го одбележуваат овој ден како државен празник, кој исто така се нарекува Ден на победата над фашизмот, Ден на ослободувањето или Ден на победата. Во Обединетото Кралство, денот често се скратува како VE Day, кратенка што постои уште од септември 1944 година, во очекување на победата.

Дехран Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ