• Latest

Реакции: Банките нетранспарентни и нефлексибилни; Најголеми лихвари заштитени со закон

May 13, 2025

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Реакции: Банките нетранспарентни и нефлексибилни; Најголеми лихвари заштитени со закон

May 13, 2025 12:07
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Редакцијата на Цивил Медиа, на социјалната платформа вчера го постави прашањето за работата на банките, прашање кое ги засега сите граѓанки и граѓани во земјава, пред се поради високите тарифи за банкарските услуги и нетранспарентноста.

На прашањето „Што мислите за работата на банките“, граѓаните беа речиси со унифициран одговор – ги сметаат банките за „лихвари“.

Лихвата (народно), или каматата е она од што банките црпат огромни средства од граѓаните, но, за разлика од лихварството во раце на поединци, е регулирано според посебни закони, и според кои регулативи, кога граѓанин ќе позајми пари од банка, се обврзува на исплата со одредена камата. Но, според одговорите и искуствата  на граѓаните ( од кои добивме и пораки во сандаче), лихвата ја препознаваат највеќе во другите услуги, како што се одблокирање на сметка, за која банката автоматски одзема над илјада денари наплата.

„Нетранспарентни и нефлексибилни, а од друга страна најголеми лихвари, заштитени со закон и соучесници за уништување на луѓето“- гласи еден од одговорите на прашањето.

Банките често прават измени на тарифниците, обично со зголемување на тарифите за различни услуги, како што тоа неодамна беше случајот со една од банките која по измените ги извести своите корисници, дека покрај другите измени, ќе се наплаќа секој преглед на состојба на сметка…

„Не е „работа“, тоа е целно организирана нон-стоп акција за грабеж на сопствените сограѓани!! За реализирано хакерство, инстант атак врз хакираните комитенти: “Виновни сте вие, никој друг”! За отворање сметка – може и тоа сега и овде! А затворање – 10 до 14 работни денови!!!

Полегална пљачка – здравје!!!“, гласи друг одговор од граѓанка.

Оттука, граѓаните со право банките ги нарекуваат лихвари, бидејќи лихварството е синоним за пљачка, односно наплаќање камата во (често) поголем износ од главнината.

„Лихварство, лоповлук, со амин на владејачката структура“, „Лихвари“, „Крвта ни ја испија“, „Легални каматари“- се дел од одговорите од граѓаните, на прашањето „Што мислите за работата на банките“.

Оваа ситуација укажува на потребата од поголема транспарентност и регулирање на банкарските услуги, како и заштита на правата на потрошувачите.

Граѓаните, преку своите искуства и коментари, јасно изразуваат незадоволство од банкарскиот сектор, посочувајќи ја потребата од поголема транспарентност и фер услови за сите клиенти.

Редакцијата на ЦивилМедиа, ги охрабрува граѓанките и граѓаните да дадат свои одговори, пораки и сугестии на прашањата на денот, и е простор во кој секогаш можат да се обратат со свои прашања, коментари, споделување искуства, критики или пофалби.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Д. Т.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ