• Latest
Фото: Скриншот од видео на Times Now World

Илјадници протестираат во Унгарија против законот во руски стил, насочен кон медиумите и невладините организации

May 19, 2025
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Илјадници протестираат во Унгарија против законот во руски стил, насочен кон медиумите и невладините организации

May 19, 2025 09:37
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот од видео на Times Now World

Фото: Скриншот од видео на Times Now World

Share on FacebookShare on Twitter

Околу 10.000 луѓе се собраа во главниот град на Унгарија на 18 мај во знак на протест против контроверзниот закон за кој критичарите велат дека ќе ја ограничи слободата на изразување и ќе го имитира рестриктивниот закон за „странски агенти“ на Русија, објави Асошиејтед Прес, пренесува Кијив Индипендент.

Демонстрациите во Будимпешта, едни од најголемите во последните месеци, се случија откако член на владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан предложи закон со кој ќе ѝ се дадат на владата широки овластувања да истражува, казнува, па дури и да забранува медиуми и невладини организации кои добиваат какво било странско финансирање.

Демонстрантите го исполнија плоштадот Кошут пред унгарскиот парламент, осудувајќи го законот како напад врз граѓанското општество и демократските слободи. Говорниците на митингот го опишаа законодавството како авторитарен потег дизајниран да го замолчи несогласувањето пред националните избори следната година.

„Овој закон не е ништо повеќе од закана, закана против луѓето да можат јасно и слободно да ги изразат своите мислења“, рече Јакаб Тот, еден од говорниците. „Ако не ни припаѓа на сите нас, ако не сме сите слободни, тогаш суверенитетот е единствено и исклучиво суверенитет на владата.“

Предложениот закон би создал владина црна листа на организации кои добиваат меѓународна поддршка и би дозволил наметлив надзор, големи казни и оперативни забрани. Тој би го спроведувала Канцеларијата за заштита на суверенитетот, државно тело основано во 2023 година за кое критичарите велат дека ги таргетира независните гласови под маската на националната безбедност.

Орбан и неговите сојузници ги обвинија странските актери, особено САД за време на претходните администрации и Украина, за финансирање на независни медиуми и антикорупциски групи за да ја поткопаат неговата влада. Овие организации ги негираат тврдењата, велејќи дека нивната работа служи на јавниот интерес и се придржува до професионалните стандарди.

Унгарија се соочи со зголемени критики од меѓународните надзорни тела за еродирање на слободата на печатот и демократските контроли за време на 15-годишното владеење на Орбан. Новото законодавство, кое се очекува да биде усвоено во парламентот доминиран од Фидес, многумина го сметаат за најрепресивно досега.

Во мај 2024 година, сличен закон за странски агенти беше усвоен во грузискиот парламент. Законот, поддржан од владејачката партија „Грузиски сон“, го отсликува репресивното руско законодавство што се користи за справување со критичарите на режимот на Кремљ и невладините организации во Русија со странски врски од каков било вид.

Репресиите на „Грузиски сон“ врз независните медиуми и одлуките за дистанцирање на земјата од ЕУ предизвикаа масовни протести што траеја со месеци и насилни репресии од страна на полицијата во земјата.

Д. Мишев

Tags: демонстрациизакон во руски стилУнгарија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ