• Latest

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на уставен судија Елизабета Дуковска, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 10 април 2023 година.

-Управниот суд, со оглед на зголемениот јавен интерес за предметот У-5.бр.380/2025, ја известува јавноста дека Судот донесе Пресуда У-5.бр.380/2025 од 15.05.2025 година, со која ја уважи тужбата на тужителот Антоанета Димовска од Скопје, а Одлуката за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година на Собрание на Република Северна Македонија, ја поништи, стои во соопштението од Управен.

Одлуката следува по тужбата на членот на Судски Совет, Антоанета Димовска, која Управниот суд  ја уважи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

„Македонскиот национализам во последните  10 години е еден чуден феномен. Од една страна имаме екстремен национализам кој се фаќа за некои ирационални работи и е сремен да ја блокира, да ја закочи Македонија. Таква беше борбата за античка Македонија која ни зема 11 години од нашиот европски пат. Сега е борбата Бугари во Уставот со веќе три или четири години сме блокирани на тој европски пат.

Во однос на геноцидот во Сребреница, во тоа време најголемиот дел од македонското општество, за жал, беше  наклонет кон Србија, од кој секој искрен Македонец треба да се срами.“, изјави Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП, на конференцијата  „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), на панелот „ „ Негирањето на геноцидот е карактеристика на големо-српската пропаганда“.

РЕГИОН

Редакциски избор на ЦивилМедиа од албанските медиуми во регионот:

Ништо ново во Косово; Економски последици од неконституирањето на косовското собрание; Албанската влада издаде осум препораки за борба против криминалот

СВЕТ

Либералниот градоначалник Дан го победи националистот Симион во напната трка за романски претседател

Либералниот, проевропски ориентиран градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, се избори со силен предизвик од романски десничарски националист за да ја освои претседателската функција по месеци политички турбуленции, пренесува Би-би-си.

Георге Симион, лидерот на крајно десничарската партија АУР, извојува драматична победа во првиот круг претходно овој месец, јавајќи го бранот гнев од Романците поради поништената претседателската трка  кон крајот на минатата година поради тврдења за руско мешање.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Што мислите за градежните зафати во општините?

ДЕЗИНФО

Повторно параноја за населување на „илјадници мигранти од Англија“, Мицкоски демантира дека ќе се градат мигрантски кампови

Стратешкиот договор меѓу Северна Македонија и Велика Британија е за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области, градење мигрантски кампови „ниту му паднало на памет ниту било побарано“, а тоа јасно го кажал и британскиот амбасадор во државава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, на годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој договор е мојот нов договор за Македонија по примерот на оној кој го обзнани американскиот претседател Рузвелт и кој е познат во историјата. Овој договор значи отворање на работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи гигантски проекти какви што досега немало, инвестиции во железници преку брзи линии, автопатишта, болници, образование и други сектори. Ова е договор кој на Македонија ќе и донесе пари за да работи и инвестира во својот напредок во вредност од шест милијарди евра“, порача Мицкоски.

ЗЕЛЕНИ

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

Неделата на циркуларна економија 2025 официјално ќе започне на 26 мај, обединувајќи низа интересни активности и настани организирани од партнерите на мрежата ЛогЕкс (LogEx) во сите земји на Западен Балкан. Овогодинешната тема е „Од локални решенија до регионално влијание“(From local fixes to regional impact).

ЦИВИЛ и оваа година ќе спроведе богата програма за време на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан. Под слоганот „Дај пет!“(Give me five!) aктивностите на Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ формирана во 2009 година) се фокусираат на јакнење на јавната свест, политичкиот дијалог и едукација за циркуларна економија.

АНАЛИЗА

„И додека нашите телефони и алатки потпомогнати од вештачката интелигенција ни нудат удобност, одговори, дружење и илузија на контролата – правејќи го животот во нашите приватни меури поедноставен и полесен – истите технологии со вртоглава брзина се унапредуваат и искористуваат од технолошките империи и автократските режими. Тие актери прават чекори од седум милји кон глобална доминација. И многу веројатно – кон тивко, пресметано уништување на човечката цивилизација.

Не со бомби. Туку со код.“ , извадок од статијата „Линии со код, реки од крв“ –(Како вештачката интелигенција го менува војувањето и цивилизацијата), од  Џабир Дерала.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Крим, привремено окупиран од Русија, повторно се претвори во простор на страв, угнетување и молчелив терор. Во овој контекст, депортацијата од 1944 година не претставува завршено поглавје од историјата, туку хроника на злостор што сè уште трае.

Затоа, обврска на целата демократска заедница е не само да се сеќава на жртвите од минатото, туку и активно да делува денес: да ја поддржува борбата на Украина, да врши притисок врз агресорот, да се залага за ослободување на сите привремено окупирани територии.

Правдата за кримскотатарскиот народ и за цела Украина ќе биде возможна само по целосна деокупација на Крим, изведување на Русија пред одговорност и признавање на нејзините постапки како меѓународен злостор — геноцид. Само тогаш ќе биде обновена не само контролата врз територијата, туку и достоинството, слободата и иднината на милиони.“, се наведува во статијата од Амбасадата на Украина, по повод 18 мај – Денот на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ