Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, пред состанокот на коалицијата Вреди истакна дека ќе го предложи Азир Алиу за министер за здравство. Алиу е поранешен министер за информатичко општество и администрација, а беше кадар на поделената Алијанса за Албанците од крилото на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари. По одлуката на Тарвари да излезе од Владата и коалицијата, тој го напушти.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каков министер за здравство ни е потребен?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа