• Latest
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат една изборна единица и пофер изборен модел: Дијаспората надвор од гласачките кутии?

June 5, 2025

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат една изборна единица и пофер изборен модел: Дијаспората надвор од гласачките кутии?

Јавноста сè погласно повикува на изборна реформа која ќе обезбеди една изборна единица, отворени листи и пофер застапеност на сите политички субјекти. Дел од граѓаните истовремено бараат ограничување на правото на глас на дијаспората.

June 5, 2025 14:39
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5, ФОРУМ
фото: ВИ

фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е значајна промена во јавната свест околу потребата од суштинска изборна реформа. Голем број граѓани коментираа на прашањето на ЦИВИЛ – Дали сте за една изборна единица –  изразуваат поддршка за воведување една изборна единица, со цел да се постигне поголема правичност и репрезентативност во Собранието.

Граѓаните укажуваат дека постојниот модел со шест изборни единици фаворизира големи партии и системски ги потиснува помалите политички опции. Притоа, многумина повикуваат и на отворени листи, со што би се зголемила личната одговорност на кандидатите и нивната поврзаност со граѓаните.

„Ова не е само техничка промена, туку суштинско прашање за тоа како функционира демократијата. Со една изборна единица, секој глас вреди еднакво“, истакнуваат дел од коментарите.

„Една изборна единица ќе значи дека гласот на секој граѓанин има еднаква вредност, без разлика дали живее во Скопје или Берово“, гласи еден од често повторуваните ставови.

„Изборите во Македонија се грандиозно под***вање на демократијата со еден прост+излуден народ!“, коментира еден граѓанин.

Гласање од дијаспората – демократија или манипулација?

Во фокусот на дебатата е и прашањето за учеството на дијаспората во изборниот процес. Сè повеќе граѓани се изјаснуваат дека правото на глас треба да биде поврзано со живеење и активно учество во општеството. Главните причини за ова барање се:

  • Лицата кои живеат во странство не ги чувствуваат последиците од политичките одлуки;

  • Се појавуваат бројни сомнежи за организирано и нерегуларно гласање во амбасадите и конзулатите;

  • Постои ризик од влијание врз изборниот исход од лица кои не се дел од секојдневната реалност во земјата.

Ова не значи негирање на правата на дијаспората, туку, како што велат граѓаните, прашање на одговорност и поврзаност со животот во државата.

Време е за храбра институционална одлука

Граѓанскиот притисок расте, а очекувањата се јасни – инклузивна и транспарентна дебата, учество на стручната јавност, граѓанскиот сектор и политичките чинители, со крајна цел: правичен, функционален и демократски изборен систем.

ЦИВИЛ е веќе активен во мониторингот на изборните процеси, а оваа тема, без сомнение, ќе остане во фокусот и во периодот што следува.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ