• Latest

Од илузија до имплементација: Соочување со неуспесите и исцртување циркуларна иднина за Западен Балкaн

June 13, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Од илузија до имплементација: Соочување со неуспесите и исцртување циркуларна иднина за Западен Балкaн

Овој документ за политика се осврнува на итната потреба за искрена и ефективна имплементација на циркуларната економија низ Западен Балкан. Ги разоткрива структуралните неуспеси како што се „зелено перење“, зависноста од донатори и корупцијата во областа на животната средина, истовремено истакнувајќи смел сет препораки за поттикнување на вистински промени.

June 13, 2025 13:20
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ПРОЦЕНКА НА ПОЛИТИКИТЕ И ПРЕПОРАКИ

Оваа проценка на политиките ги истакнува критичните предизвици и системските недостатоци што го попречуваат значајното спроведување на принципите на циркуларната економија низ Западен Балкан. Иако рамките за циркуларна економија се промивираат на глобално ниво како неопходни за одржливост и отпорнст на климатските промени, во Западен Балкан поимот често се користи во политички и донаторски концепт, со ограничени опипливи резултати.

Овој документ се темели на истражувањето на тимот на ЗеленЦИВИЛ и и информации од низа експертски дискусии насочени кон разоткривање на структуралните неуспеси и злоупотребата на политиките низ Западен Балкан. Се базира на регионалната конференција „Дај петка за подобра иднина!“, организирана од ЗеленЦИВИЛ на 29 мај, како дел од четвртата Недела на циркуларна економија на Западен Балкан 2025. Анализата, исто така, се темели на интервјуа и сознанија претставени во написот „Циркуларна економија во Западен Балкан: Од реторика до регенерација – и назад“ од Џабир Дерала, заедно со широка содржина објавена од ЦИВИЛ. Неделата на циркуларна економија е иницирана од Балкан форум преку регионалната заедница ЛогЕкс.

I. Тековен пејсаж и трајни предизвици

И покрај растечкиот глобален консензус за важноста на моделите на циркуларна економија, Западен Балкан продолжува да се соочува со длабоко вкоренети структурни бариери што го попречуваат значајниот напредок. Дискурсот за циркуларна економија во регионот е сé повеќе присутен – но, премногу често сведен на помодарски зборови во политичките говори или предлозите за проекти водени од донатори. Под површината се наоѓа пејсаж обележан со политизација, лошо управување, зависност и системска инерција. Овој дел ги истакнува клучните препреки – почнувајќи од неисполнетите институционални ветувања и „зелено перење“, до слабиот надзор и ризикот регионот да стане депонија за странски отпад. Овие предизвици одразуваат не само неуспех на политиките, туку и поширока неповрзаност меѓу јавната реторика и реалноста.

  1. Политизација и „зелено перење“

Терминологијата на циркуларната економија широко се користи од политичките актери, честопати да ги привлечат меѓународните донатори или помладите гласачи. Меѓутоа, во многу случаи, на овој дискурс му недостасува суштина, при што рамките на политиките ретко се спроведуваат пошироко од симболичните акти.

  1. Корупција и лошо управување

Проектите премногу често се поткопуваат од нетранспарентните набавки, агендите водени од донатори и заробувањето од елитата. Постојат докази и веродостојно сомневање дека „зелените“ иницијативи се користат како фасади за финансиска добивка.

  1. Зависност од донаторите и надворешната перцепција

Многу проекти за циркуларна економија се иницирани од надвор и финансирани од донатори, што ја зајакнува зависноста и ги попречува одржливите, локално водени иновации. Успехот често се дефинира со задоволството на донаторите, а не со системските промени.

  1. Неисполнети ветувања и инертни институции

Во 2023 година, ветувањето на Северна Македонија да реинвестира 700,000 евра од наплатата за пластични кеси во одржливи системи за отпад останува неисполнето – што укажува на поширока институционална инертност и слаби механизми за следење.

  1. Депонии и увоз на отпад

Со слаб надзор врз животната средина и раширена корупција, некои земји од Западен Балкан сé повеќе се изложени на ризик да станат зони за отстранување на странски отпад, честопати преку тајни или лабаво регулирани договори.

  1. Зелени илузии и кампањи за односи со јавноста

Зелените наративи се многу присутни во апликациите за грантови, официјалните говори и настаните за лансирање на проекти. Но, зад сцената, многу проекти или се напуштаат по поднесувањето на извештаите на донаторите или неуспехот да се произведе мерливо влијание.

  1. Недостаток на јавна свест и одговорност на заедницата

Циркуларната економија останува концепт далеку од секојдневниот живот. Граѓаните ретко се консултираат или поттикнуваат да учествуваат на значаен начин во дизајнирањето, надзорот или спроведувањето на зелените иницијативи.

  1. Контраст меѓу реторика и реалност

Политичарите честопати се повикуваат на „скандинавските стандарди“, но овие тврдења често не се поврзани со локалните реалности на нефункционална инфраструктура, недоволно управување со отпад и занемарување на животната средина.

II. Препораки за политики

За да се оди подалеку од симболичните гестои и наративите водени од донаторите, Западен Балкан мора да прифати трансформативен пристап кон политиката за циркуларната економија – пристап заснован на транспарентност, одговорност и локално вкоренето дејствување.  Ова бара координиран ангажман од владите, граѓанското општество, медиумите, бизнисите и академијата. Следните препораки предлагаат смели, системски реформи за соочување со вкоренетите предизвици и забрзување на вистинскиот прогрес.

  1. Осигурување транспарентност и одговорност
  • Да се гарантира јавен пристап до податоците за финансирање и трошоците за животната средина.
  • Да се бараат независни проценки на влијанието и отворени процеси на набавка.
  • Да се воведат правни заштити за свиркачите кои разоткриваат измама или корупција во областа на животната средина.
  1. Воспоставување независен надзор и граѓанско учество
  • Да се формираат меѓусекторски тела за мониторинг со рамномерна застапеност.
  • Да се обезбеди учество на граѓанското општество и граѓаните во сите поголеми иницијативи на циркуларната економија. .
  1. Реформа на институциите и градење на локалните капацитети
  • Да се нуди редовна обука за јавните службеници и локалните власти.
  • Да се зајакнат органите за спроведување на законот за ефикасно почитување на прописите за животната средина.
  1. Инвестирање во иновации од долу нагоре и предводени од заедницата
  • Да се поддржат грасрут иницијативи и стартапи за циркуларна економија преку грантови и менторство.
  • Да се алоцира микрофинансирање на руралните и недоволно опслужени области за локални циркуларни решенија.
  1. Намалување на зависноста од донатори и поттикнување на локална одговорност
  • Да се усогласат критериумите на донаторите со долгоочните резултати и локалната релевантност.
  • Да се охрабрат модели за кофинансирање кои ги поттикнуваат националните и општинските засегнати страни.
  1. Спротивставување на „зелено перење“ и манипулативно брендирање
  • Да се спроведат казни за лажни или погрешни тврдења за животната средина
  • Да се развијат програми за медиумска писменост за разоткривање на перформативни „зелени“ кампањи.
  • Развивање на регионална рамка за циркуларна економија
  • Да се усогласат националните политики низ Западен Балкан.
  • Да се поттикат регионална соработка, прекугранични проекти и платформи за учење политики.
  1. Поттикнување на младите и образовните системи
  • Да се интегрираат циркуларната економија и одржливоста во формалното образование.
  • Да се поддржат истражувања предводено од младите луѓе, лаборатории за иновации и еко-активизмот.
  1. Спроведување и зајакнување на законодавството за увоз на отпад
  • Ревизија и ажурирање на правните рамки што го уредуваат прекуграничното движење на отпад.
  • Да се криминализира нелегалниот увоз на отпад и да се повикуваат на одговорност оние кои тоа го потпомогнале, вклучително и политичките актери.
  1. Зголемување на улогата на медиумите и истражувачкото новинарство
  • Да се обезбеди финансирање и заштита за новинарите кои разоткриваат злоупотреби во областа        на животната средина.
  • Зајакнување на јавните медиуми за известување во однос на циркуларната економија и          еколошкиот интегритет.

Заклучок

Западен Балкан се соочува со парадокс: богат со потенцијал за иновации во циркуларната економија, а сепак постојано е поткопан од системски неуспеси. Овој документ за политики ја разоткрива дисонанцата помеѓу реториката и реалноста, наведувајќи ги клучни предизвици како што се „зелено перење“, зависноста од донаторите и корупцијата. Сепак, исто така, обезбедува сеопфатен патоказ-што се темели на транспарентност, одговорност и иновации водени од заедницата. Тоа е, исто така, и повик за акција, искреност и заложба за претворање на циркуларните ветувања во опипливи, регенеративни промени.

Западен Балкан не може да си дозволи уште една деценија зелени илузии. Циркуларната економија не е маркетиншка алатка или магнет за донатори –  таа е итна рамка за опстанок и трансформација. Овој документ ги повикува сите засегнати страни да се префрлат од реторика на имплементација.

Можноста да се дејствува е сé уште на дофат. Но, часовникот отчукува.

Нека ова биде повик за акција. Не само за креаторите на политики и донаторите, туку за секој граѓанин, новинар, претприемач и активист кој се грижи за иднината на овој регион.

Превод: Н. Цветковска

Подготвено во рамките на иницијативата на мрежата ЛогЕкс.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ