• Latest

Мерсел Биљали за НОВА: Светот е во своевиден вакуум – ниту е во мир ниту е во војна или истовремено е во обете состојби

June 18, 2025

Депортацијата на кримските Татари: злосторство чии последици се чувствуваат и денес

May 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

May 18, 2026

Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

May 18, 2026

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Мерсел Биљали за НОВА: Светот е во своевиден вакуум – ниту е во мир ниту е во војна или истовремено е во обете состојби

June 18, 2025 13:31
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сите држави што влегоа ве ЕУ брзо напредуваа, па дури и две држави кој со светлосни години беа зад Македонија . Мислам на Бугарија и Романија. Сега тие се брзоразвојни држави, а ние со деценија стоиме на запуштениот колосек. Додека други јуришат со екстремно брзи возови кон Брисел, ние паркирани на рѓосани споредни шини и го слушаме тажниот глас на осамени чавки. Изгледа и ним им е тажно поради нашата тажна судбина!, вели Мерсел Биљали, во интервју за НОВА.

Нова: Се чини светот е на работ на глобален судир, како ги гледате актуелните тензии во жариштата на светската нестабилност како што се воените случувања во Украина, Газа, Иран, ќе ескалираат или ќе се смируваат?

Биљали: Значи тезите за крајот на историјата и светот се унифицират, глобализира и како таков се пацивизира паѓаат во вода. И тоа во водите на Нијагара. Меѓународните односи дефинитивно се ротационо циклични и секако со нови модалитети. Едно време функционираше балансирањето на силите, потоа Лига на Народите, потоа ООН која подолго време успешно функционираше. Но, сега сме во некаков своевиден вакуум со состојби ниту мир ниту војна или обете истовремено.

Нова: Некако како со Трамп светот да станува уште понестабилен, впечатокот е точен или е погрешен?

Биљали: Светот станува понестабилен поради алчноста на Путин за да биде претседател на Русија доживотно, можеби и управување и од граб со државата, и од друга страна настојувањето на Западот да извезуве некакви демократски стандарди таму со помош на едни соседни држави. И сега го имаме тоа што пред дваесетина години беше абсурд.

Нова: Светските лидери, посебно на актуелниот Г7 на самитот во Канада, изразија загриженост дека конфликтот помеѓу Иран и Израел може да доведе до поширока војна на Блискиот Исток

Биљали: Не сум убеден дека изразувањето „загриженост“ нешто посебно помага. Мислам дека Иран беше на чекор во производството на нуклерарно оружје, и тоа требало да се спречи што мислам дека делумно и е остварена целта. Не очекувам поголемио драматизирања во тој регион, оти Иран скоро да нема јаки сојузници. Русија има свои проблеми , а Кина се држи до своите принципи на некаква фактична неутралност, иако Иран е голем извозник на нафта, па тоа се рефлектира и во Кина и на цел свет!

Нова: Колку е реална опасноста од регионална војна, и кои се потенцијалните држави или актери кои би можеле да бидат вовлечени во конфликтот доколку ескалацијата продолжи?

Биљали: Не сум сигурен дека двете држави и Иран и Израел сакаат некоја подолготрајна војна. Мислам дека се работи за воени лекции за конкретни активности и верувам брзо такви напади ќе завршат. Иран има таква географска конфигурација да скоро никогаш не е можна копнена војна. Израел скоро го има уништено Хезбулах, така да објективи за посериозна војна меѓу тие две држави нема.

Нова: Како ја гледате сложената улога на САД во овие конфликти и кои се нејзините глобални интереси како се уште најмоќна светска економски и воена сила?

Биљали: Израел е природен сојузник на САД, а ова последнава сака да прати некаква посериозна порака до Русија и Кина. Оти гледаме дека војната во Украина не заврши за 24 часа, ниту пак за 24 недели. Напротив таа се разгорува повеќе. Трамп поради тоа губи многу од поддршката и авторитетот пред неговата внатрешна а и светска јавност. Секако дека толку прецизните напади на Израел врз стратешки цели во Иран не се возможни без сателитска поддршка на САД.

Нова: Дали Газа и Палестинците ќе бидат жртвувани за израелско американските интереси на Блискиот Исток, односно дали мирот за Иран ќе биде компромисот на тие интереси?

Биљали: Можно е и тоа некој да го помисли, но, сепак ќе мора до некаков мирен пат и во Газа, но јасно дека се игра на картата на долгорочно дискредитирање на ХАМАС, кој  сега нема голема поддршка кај Палестинците во Газа, но ХАМАС има долготрајно искуство како да сее страв кај своето население, за да политички да продолжи да опстане. Не верувам во приказните за „плажа“ на целата Газа, оти Палестинците буквално никој не сака да ги прифати.

Нова: Како целата оваа глобална воена ситуација се одразува на Европа или во Европа со оглед на фактот што нема баш некое единство и во НАТО за некои глобални прашања како за војната во Украина, на пример однесувањата на актуелните влади во Словачка и Унгарија?

Биљали: Мислат дека целиот свет е во некакви тектонски придвижења. НАТО веќе забледува во секоја меморија. Таа веќе не претставува страв како порано. Нели имаше дури и едни чудни политички потолкувања за Членот 5 на Договорот на Алијансата, дека тоа не значи автоматски влегување на сите држави членки во војна ако е нападната една членка, туку помагање на таа членка!

Нова: Дали тоа што Македонија е членка на НАТО дава некаква сигурност за државата и за граѓаните или при вакви глобални воени потреси помалите како нас не би можеле да сметаат на некаква заштита макар што сме под чадорот на НАТО?

Биљали: Сега нема сигурна заштита за ниту една членка, поготово за малите држави членки. Тоа особена важи за нас кои со деценија тераме инает како магаре пред мост за се и сешто, додека сите 15 држави од бившиот источен блок, држави од бивша Југославија и од Мадитеранот (мислам на Кипар и Малта), одамно се во ЕУ и видно имаат напредувано. Ние го чекаме Годо, а не знаеме ни кој е тој!

Нова: Какви се изгледите за вистински мировни преговори или за прекин на огнот меѓу Русија и Украина и кои се најголемите пречки за дипломатско решение на оваа веќе четиригодишна војна во Европа?

Биљали: Главен проблем е тоа што Русија не успеела тоа што првично наумила, а тоа е да го сруши режимот на Киев, па сега сака да се покрие со делови од територии. Па 60 отсто од Руска територија е празна! Можеби таквата територија во блиска иднина ќе биде некаква „шведска маса“ за пренаселена Кина. А тоа што сега се прави за територии е поради зачувување на образот на режимот на Путин пред руската јавност. Авторитетот не Путин видно е повреден особено по украински командосни напади во длабочината на руската територија каде што беа уништени бројни елитни тешки бомбардери и друго објекти.

Нова: Како ја оценувате политиката на актуелната македонска влада Владата во однос на процесот на преговори со ЕУ и справувањето со прашањата поврзани со Бугарија?

Биљали: Мислам дека има големо непознавање на состојбите. Македонија се врзува за Вучиќ, Додик, Орбан и Фицо, сите проруски експоненти. Во тоа друштво Македонија може да служи само како печење во нивната маса. Многу лесно може да исчезна државата со таков ум и никому да не биде грижа. Па гледајте 45 милиони Курди и 70 милион Балужи немаат држава, а ние се занесуваме како да цел свет се врти околу нас. „Новото нормално“ можно е ненормално многу да не чини! Прв пат во последниве 300 години слушам или читам како „додека јас сум … ни сантим нема да се повлечам назад. Тажно е тоа да го каже дури некој со потросечен ум, а екстремно е тажно кога тоа го вели шефот на владата. Тоа може многу да не чини при вакви турбиленции.

Нова: Кога се зборува за блокадата на европските интеграции, колку од причините се навистина надворешни, како позицијата на Бугарија, а колку има и внатрешни фактори што ја кочат Северна Македонија на тој пат?

Биљали: Едноставно не се сака. Дали служиме на туѓи интереси газејќи по сопствени или се има некоја друга веројатно глупа агенда која лесно може да заврши со исчезнувањето на државата. Центрите на моќ се уморни од спасување на Македонија. Некому може да се здодее тоа. Бројни дипломати на доверба вртат рззновидни можни опции, кобајаги спонтани. Па зошто не влеговме во ЕУ пред Бугарите, па ние да диктираме услови. А имавме таква шанса. Утре можно е да не блиокира Албанија или некој друг сосед за кој знае кои причини!  Секој кој има доверба во вас ќе ви каже дека вие сте држава која создава а не решава проблеми.

Нова: Но ни треба ли уште ЕУ?

Биљали: ЕУ нема да се распадне, оти рбетот на таа структура е заедничкиот пазар. Без таков пазар цела ЕУ ќе беше многу поназад во однос на економскиот развој. Но таа треба да го укине консензусот кој перманентно ја парализираа Заедницата.  А и затоа е потребен консензус! Сите држави што влегоа ве ЕУ брзо напредуваа, па дури и две држави кој со светлосни години беа зад Македонија . Мислам на Бугарија и Романија. Сега тие се брзоразвојни држави, а ние со деценија стоиме на запуштениот колосек. Додека други јуришат со екстремно брзи возови кон Брисел, ние паркирани на рѓосани споредни шини и го слушаме тажниот глас на осамени чавки. Изгледа и ним им е тажно поради нашата тажна судбина!

Нова: Збор два и за домашната актуелна политичка сцена, посебно случувањата во ВРЕДИ, тие се резултат на некакви идеолошки разлики или е тоа само позиционирање за идни избори и влијание кај својот електорат?

Биљали: Вреди си живее во изолиран свет и се движи кон голема хаварија. Тие и меѓу себе немаат идеолошки разлики оти немаат никаква идеологија, освен ако власта сама по себе не се смета за таква. По локаните избори ќе се соочиме со тешка политичка криза. Не ми е јасно дали тоа не го гледат тие самите или не го мислат тие од власта, албанскиот дел наликува како оно магарето додека волкот го јаде, тој посакувал дај боже да е само лош сон.

Нова: Дали преку есенските локални ДУИ на „голема врата“ се враќа на владејачката позиција, дали по настаните во ВРЕДИ, ДУИ ја враќа довербата кај гласачите?

Биљали: Очекував дека Влен ќе се фокусира 24 часа дневно на економскит развој. Но, од тоа ништо посебно. Сега замислете и тој мал капацитет на странски инвестиции често субевнциониран од нашата држава се носи на источниот дел од државата, тоа може да има големи негативности за државата.

Нова: Можни ли се предвремени парламентарни избори и, со оглед на блокираните ЕУ интеграции и во услови на високи рејтинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и низок и неконкурентен на СДСМ, можна ли, сепак, догледна промена на власта, кои би биле причините и потребните услови за тоа?

Биљали: Тоа е логичен исход на нештата. При таква реалност посакувам само Господ да се грижи за нас, оти ние немаме луѓе на кои би се надавале. Да не беше така немаше да се доведеме до вакво срамно дереџе. Од второрангирана држава по сите прашања (после Словенија), сега сме само пред Косово. И таа веројатно брзо ќе не надмине. Замислете, нас не третираат како некој сиромашен комшија старец кој цело време е кавгаџија со сите.

Марија Тодоровска / НОВА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ